Мажите се романтични и повеќе веруваат во љубов на прв поглед - Канал 5

Мажите се романтични и повеќе веруваат во љубов на прв поглед

Мажите полесно се заљубуваат и партнерката ја гледаат со розеви очила, но поради тоа се подложни на неверство. Околу 66 проценти од луѓето веруваат дека моменталниот партнер им е сродна душа.

Мажите се романтични и повеќе веруваат во љубов на прв поглед
Можеби ги забораваат годишнините, а подароците за св. Валентин ги купуваат во последен час на бензински пумпи, но припадниците на посилниот пол всушност се поромантични од жените. Така барем 48 отсто од нив барем еднаш во животот се заљубиле на прв поглед, додека истото им се случло на помалку од 28 отсто од жените, покажала студијата на универзитетот Вашингтон и универзитетот Вирџинија спроведена на 10 000 луѓе.

Повеќето мажи и жени смета дека сексуалното неверство која не вклучува чувства и не е „така страшна“, но со тоа сигурно не би се сложиле нивните подобри половини. Така голем број испитаници смета дека прељубата подразбира и емоции.

Околу 74 проценти од луѓето во врска велат за себе дека се среќни, додека пак 66 отсто од нив веруваат дека моменталниот партнер им е „сродна душа“. Најважната состојка на успешната врска за мнозинството испитаници е добрата комуникација, а редовните излегувања, страсните бакнежи, масажите и размената на нежности се начин за одржување на страста и блискоста.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Се проширува пристапот до средствата на клиентите на „АЛТА банка“

Се проширува пристапот до средствата на клиентите на „АЛТА банка“ – фирмите можат неограничено да ги користат новите приливи.

НБРМ: Се проширува пристапот до средствата на клиентите на „АЛТА банка“

Во насока на натамошно проширување на достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка информира дека од денес, 25 ноември, правните лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во Банката, доколку средствата се пренесени од платежни сметки на клиенти отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека фирмите ќе можат без ограничување на износот да ги користат дополнително примените средства врз оваа основа.

Потсетуваме дека и физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Оваа можност се однесува на новите приливи врз сите основи, вклучувајќи ги и новите приливи од плати, пензии и социјални трансфери, коишто доаѓаат од институции или фирми коишто имаат сметки во други банки и даватели на платежни услуги. Во таа смисла, клиентите на Банката немаат потреба од отворање платежна сметка во друга банка, бидејќи ќе може да располагаат со пристигнатите приливи врз овие основи во целосен износ, со користење електронско или мобилно банкарство, користење платежна картичка или подигање готовина преку отворените шалтери на Банката.

Продолжуваат со работа филијалите на „АЛТА банка“ АД Битола во Струмица, Тетово и Прилеп, како и експозитурата во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“, каде што клиентите можат да подигнуваат готовина во рамките на утврдените ограничувања и да вршат уплати за комунални услуги, отплата на кредити и други потреби.

Клиентите можат да ги користат и услугите на електронското и мобилното банкарство, при што важат лимитите до 15.000 денари неделно за клиентите со платежни картички и до 20.000 денари во период од две недели за клиентите без платежни картички. Лимитите се однесуваат збирно на сите сметки на клиентот и на сите канали за плаќање и повлекување средства.

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за олеснување на пристапот на клиентите до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ бара забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан

Претседателите на Европскиот совет и Европската комисија, Антонио Кошта и Урсула Фон Дер Лајен, денеска во Брисел ќе се сретнат со лидерите на шесте земји од Западен Балкан.

ЕУ бара забрзување на евроинтеграцијата на Западен Балкан

На средбата се поканети претставници од Македонија, Албанија, Србија, Косово, Црна Гора и БИХ.

Главни теми ќе бидат забрзувањето на европската интеграција, реформите и регионалната безбедност.ќе се разговара за постепено вклучување на регионот во единствениот европски пазар.Планот за раст предвидува до шест милијарди евра помош за реформи и инвестиции.Посебен акцент ќе биде ставен на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

На дневен ред ќе бидат и одбраната, сајбер-безбедноста и справувањето со странското влијание.

Брисел ќе инсистира на усогласување на надворешните политики на земјите од регионот со политиката на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните денеска да им се придружат на протестот во паркот „Жена борец“ против насилството врз жените и девојчињата.

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните  на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот

Протестот е најавен во 17 часот.„Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат! Споделете со вашите другарки, другари, сестри, браќа, мајки, татковци, баби и дедовци, колеги, колешки, целото соседство и целиот град“ порачаа организаторите на протестот.

Тие порачуваат дека ова е протест на гнев и солидарност и непомирување со фактот дека насилството е секојдневие и ги повикуваат граѓаните да кажат „ниту една повеќе“.Граѓански организации бараат итни истраги за институционалното постапување во случаите на фемицид, законски измени и обезбедување средства за заштита на жртвите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер