Показна вежба во Ѓорче Петров : Подобра подготвеност и координација за безбедност на повозрасните лица
2Показна вежба во Ѓорче Петров : Подобра подготвеност и координација за безбедност на повозрасните лица
3Николоски: Инвестираме околу 11 милиони евра во проекти да обезбедиме повеќе можности за жителите на Карпош
БалканМаж во Загреб масирал луѓе, додека неговата партнерка ги ограбувалаПолицијата во Загреб пријавила 35-годишна жена и 55-годишен маж, кои се осомничени дека извршиле пет дрски кражби на сметка на постари лица во вкупна вредност од 18.300 евра.Тие се осомничени за кривични дела што ги сториле од крајот на март до крајот на мај годинава. Кривичните дела се сторени на тој начин што 35-годишната жена прво телефонски се јавувала на постари граѓани и лажно се претставувала како вработена во медицината, при што оштетените ги довела во заблуда дека дава услуги за масажа. После тоа, тие ги посетувале жртвите во нивните станови, при што 55-годишниот маж симулирал масирање на жртвите и им го одвлекувал вниманието, додека 35-годишната жена пребарувала соби, плакари и чанти и крадела пари. Од ПУЗ посочуваат дека краделе суми од 60 до 12.000 евра и дека по спроведена кривична истрага се предадени на притворската полициска единица, а посебен извештај е поднесен до надлежното општинско кривично државно правобранителство. Од полицијата додаваат дека кривичната истрага продолжува бидејќи кај дуото биле пронајдени повеќе облека, како и поголеми суми пари и златен накит. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
МакедонијаОКТА ја продолжи иницијативата за попуст од два денари по литар дизел горивоОКТА продолжува со мерките за поддршка на домашниот пазар на горива, воведувајќи привремен попуст од два денари по литар дизел..Попустот стапува во сила денеска и ќе важи до 2 ноември 2026 година.. намалувањето ќе се однесува на дизел-горивото што ОКТА АД – Скопје им го испорачува на трговците на големо и на мало. крајните малопродажни цени и понатаму ќе ги определуваат самите трговци, согласно со своите комерцијални политики и актуелните пазарни услови.. Со попусот на ОКТА, цената на дизелот ќе изнесува 97 денари.. цената што вчера ја испорача регулаторна изнесуваше 99 денари за литар..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
МакедонијаПоказна вежба во Ѓорче Петров : Подобра подготвеност и координација за безбедност на повозрасните лицаВо Пензионерскиот дом во Општина Ѓорче Петров денеска се одржа показна вежба за постапување при пожар, со цел проверка на подготвеноста за итни ситуации, координацијата меѓу надлежните служби и процедурите за безбедна евакуација на повозрасните лица.Вежбата се реализираше по повод Меѓународниот ден за намалување на ризиците од катастрофи, под мотото „Отпорноста започнува дома“, со акцент на превенцијата и заштитата на граѓаните на кои им е потребна дополнителна поддршка. Во вежбата учествуваа просторните сили за заштита и спасување на Општина Ѓорче Петров, Пожарната бригада на Град Скопје, Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Црвениот крст, Полициската станица од општа надлежност Ѓорче Петров и СВР Скопје, заедно со раководството и персоналот на Пензионерскиот дом. На настанот присуствуваа претставници на локалните и националните институции и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ја истакна важноста на практичната подготовка и заедничкото дејствување на институциите. -Безбедноста на нашите сограѓани е приоритет, а повозрасните лица заслужуваат особено внимание и грижа. Во итни ситуации секоја секунда е важна. Со ваквите вежби ја проверуваме подготвеноста, ги унапредуваме процедурите и ја зајакнуваме координацијата меѓу службите. Благодарност до сите учесници и до УНДП за партнерството и поддршката во градењето побезбедна и поотпорна општина - порача Стојкоски. Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, нагласи дека отпорноста започнува дома, но се гради заеднички. -Затоа е важно редовно да ги проверуваме процедурите, да ја подобруваме координацијата меѓу институциите и да бидеме сигурни дека секој може навремено и безбедно да биде евакуиран - изјави Григорјан. Повозрасните лица се меѓу најранливите категории при катастрофи. Ограничената подвижност, здравствените состојби и потребата од помош при евакуација ја нагласуваат важноста на јасните процедури, обучениот персонал и навремената интервенција. Целта е ваквите практични вежби да станат редовна практика и да придонесат за постојано унапредување на локалниот систем за заштита и спасување, затоа што навремената подготовка и добрата координација можат да спасат животи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМЗ: Пристигнаа сто нови возила за итната помошПристигнаа сто нови возила за итната помош – заедно со Владата ги унапредуваме условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортотПретседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска присуствуваа на настан по повод набавените сто нови, комплетно опремени амбулантни возила за Итната медицинска помош, за потребите на јавните здравствени установи низ државата. – Зајакнувањето на службата за итна медицинска помош е еден од приоритетите на Владата и Министерството за здравство. Обезбедувањето сто нови возила за итната помош, со кои се дополнува возниот парк и се заменуваат амортизираните возила, е значајна инвестиција во вредност од 460 милиони денари. Секое возило располага со комплетна современа медицинска опрема за интервенција, стабилизација и транспорт на пациенти. Со оваа инвестиција ги унапредуваме условите за мониторирање, стабилизација и иницијален третман на пациентот уште за време на транспортот, истакна министерот Клековски на настанот. – Обновата на возниот парк продолжува. Планот е возниот парк на итната помош од сегашните 140 да се зголеми на 200 возила. Веќе почнуваме разговори за набавка на уште 50 нови возила во 2027 година. Паралелно, континуирано ги следиме кадровските потреби и критичните точки во мрежата на итната помош, за ресурсите да бидат насочени таму каде што се најпотребни, изјави Клековски. Министерот најави и пакет реформи со кои Итната медицинска помош ќе се постави на нови основи: ИМП како посебна установа – во тек е процесот на трансформација на итната помош во посебна служба, одделена од Здравствен дом-Скопје. воведување парамедици во тимовите на итна медицинска помош; национален систем за тријажа, со кој ќе се изедначи постапувањето при повиците и интервенциите низ целата држава; национален диспечерски центар со утврдени клучни показатели за успешност (KPI), кои ќе овозможат мерливо и транспарентно следење на работата на службата. Клековски го поздрави основањето на Македонската асоцијација за ургентна медицина минатата година и ја истакна поддршката од Европското здружение за ургентна медицина за реформите. – Новите возила се важен чекор, но не се доволни сами по себе. Целта на реформите е секој граѓанин, без разлика каде живее, да добие навремена и еднаква итна медицинска грижа, порача Клековски. Возилата се опремени со напреден дефибрилатор/монитор со можност за пејсинг и мониторинг, кислородна и респираторна опрема за возрасни, деца и новороденчиња, автоматска носилка, хидрауличен систем за намалување на вибрациите при транспорт, интегриран систем за озонска дезинфекција, како и современи системи за активна безбедност на возилото. Медицинскиот простор е целосно адаптиран за работа на екипите на ИМП и за транспорт и третман на пациентите, со независно греење и климатизација, вентилација, LED осветлување насочено кон пациентот, посебни места за медицинската опрема и три седишта за медицински персонал/придружба. Возилата овозможуваат ЕКГ и ST/QT мониторинг, како и следење пулс и неинвазивен крвен притисок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter