ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува инфраструктурниот развој во Ѓорче Петров со нови 10 километри коловози, две градинки, 22 училници....
Амбицијата за вклучување на Преспа во листата на светско наследство на УНЕСКО мора да ја унапреди веќе ветената заштита
1ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува инфраструктурниот развој во Ѓорче Петров со нови 10 километри коловози, две градинки, 22 училници....
2Амбицијата за вклучување на Преспа во листата на светско наследство на УНЕСКО мора да ја унапреди веќе ветената заштита
Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
1Синди Крафорд за првпат во јавноста по смртта на нејзиниот син: Сопругот не ја пушта, не можат да ја сокријат тагата
2Aвстралиско-сиднејската епархија му го честита на архиепископот г. г. Стефан јубилејот – 40 години од архиерејската хиротонија
3 Најлоша причина за влегување во врска: „Се заљубив во неговиот потенцијал, а тоа беше само мојата проекција“
ЖивотМаж со моторна пила сече безбедносни камери од патиштата - го нарекуваат „Робин Худ“ (ВИДЕО)Кој знае што има во главата на овој човек, најверојатно тоа е некаква сообраќајна казна.Во основа, тој се впуштил во необична кампања, користејќи моторна пила, популарно позната како флексер, за да ги урива столбовите со сообраќајни камери. Така тој дури станал и еден вид национален херој во Италија, пренесува Би-Би-Си. Тој, како и хероите на DC или Marvel, го доби името Флексиман и зад себе веќе има 15 напади на камерите на североистокот на земјата. Анонимниот вандал стана хит на социјалните мрежи. Постерите на Fleximan се појавија низ цела Италија, а неговите илустрации се присутни и во стриповите. Локалната телевизија снимила двајца мажи како сечат столб со камера во областа Асти. Кампањата може да го одрази гневот на јавноста поради ширењето на камерите за мерење брзина, но смртните случаи на патишта во Италија се повисоки отколку во многу други европски земји. Оневозможените камери за брзина засега нема да бидат обновени. Италија има најголем број камери за мерење брзина во Европа. Нивниот број се проценува на повеќе од осум илјади. Тоа е двојно повеќе отколку во Британија и Германија, кои имаат 4.000, односно 3.800 камери. На местото на еден од неговите последни напади, анонимниот чувар оставил рачно напишана белешка: „Доаѓа Флексиман“. Но, го привлече вниманието на полицијата. Злосторствата се сметаат за толку сериозни што случајот Флексиман го презедоа Карабинерите, кои обично се фокусираат на гонење на мафијаши и терористи. Сега е постигнат првиот успех. Во регионот Вербано, приведен е 50-годишен градежен работник без сопруга и деца кои би можел да биде поврзан со овој случај, пишува „Кориере дела сера“. Сепак, Флексиман сè уште се третира од јавноста како еден вид модерен Робин Худ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ФудбалХаланд: „Секогаш е тешко да се дојде на „Енфилд““Англискиот фудбалски гигант Манчестер Сити оствари голема победа на гостувањето кај Ливерпул во дербитона Премиер лигата, а по натпреварот играчите не го криеја задоволството од начинот на кој тимот одговори на тешкиот предизвик на „Енфилд“. Ерлинг Халанд, стрелецот на еден од трите гола, го опиша триумфот како посебен момент за тимот и го пофали заедничкиот придонес на сите играчи. „Тоа беше прекрасен момент што долго ќе ни остане во сеќавање. Беше тешко и исцрпувачки, но уште еднаш покажавме неверојатен карактер, од Донарума па сè до напаѓачите. Горд сум на сите“, изјави Халанд за „Скај Спортс“. Норвежанецот беше прашан и дали атмосферата на „Енфилд“ била понапната од вообичаеното. Тој не сметаше дека имало значителни отстапувања од нормалата, потсетувајќи на тежината на гостувањата кај Ливерпул. „Не баш. Секогаш е тешко да се игра овде, уште од ерата на Пеп и Клоп. Време е да останеме силни, да бидеме заедно и да го правиме она на што можеме да влијаеме – да играме добар фудбал и да се бориме еден за друг. На крајот на краиштата, тоа е единственото што можеме да го направиме“, рече напаѓачот на Сити.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Продолжува инфраструктурниот развој во Ѓорче Петров со нови 10 километри коловози, две градинки, 22 училници....Продолжува инфраструктурниот развој во Ѓорче Петров со нови 10 километри коловози, две градинки, 22 училници, мега-парк на кејот на Вардар, три фитнес зони.Општина Ѓорче Петров посветено продолжува со реализација на проекти во образованието, детската заштита, патната инфраструктура и уредувањето на јавните простори, со фокус на подобрување на условите за живот на граѓаните. Еден од главните приоритети е подобрувањето на условите во училиштата и градинките, со цел создавање услови за поквалитетна настава и воведување едносменска настава во основните училишта. И токму затоа во тек е изградба на вкупно 22 нови училници во три училишни објекти, шест во ООУ „Страшо Пинџур“ во Даме Груев, осум во ООУ „Јоаким Крчоски“ во Волково и осум во подрачното училиште „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ во Хром. А, паралелно се инвестира и во подобрување на училишните услови, опремувањето на кабинетите и модернизацијата на системите за греење, при што во соработка со УНОПС се планираат активности за надградба на системите за греење во сите шест основни училишта и во објекти на три детски градинки, со примена на современи топлински пумпи. Значајни инвестиции се реализираат и во детската заштита, така што во Дексион се гради нова детска градинка со капацитет од 120 деца, а продолжува и изградбата на градинката во Стопански двор, исто така со капацитет од 120 деца кој ќе располага и со централна кујна и магацински простор за потребите на ЈУДГ „Росица“. Од друга страна, општината продолжува со мерки за финансиска поддршка на граѓаните, за првачињата се обезбедени бесплатни ранци, училиштен прибор и еднократна финансиска помош од 3.000 денари, за полуматурантите поддршка од 5.000 денари, додека за младите на возраст од 18 до 25 години е предвидена програма за субвенционирање на полагањето возачки испит од Б-категорија во износ од 10.000 денари. Финансиската помош за новороденчиња е зголемена на 8.000 денари, поддршка од по 10.000 денари добиваат и учениците со попреченост во основното образование, а во мај беше отворен Центарот за дневен престој и индивидуален третман, наменет за стручна грижа и индивидуални третмани за деца и возрасни со попреченост. Изминатата година посветено се работеше и на патната инфраструктура, при што изградени се повеќе од 10 километри нови коловози, улици и улични краци. Меѓу значајните инфраструктурни зафати е реконструкцијата на улицата „Воин Драшкоци“ во Хром, изградба на канализациска мрежа на улиците 31 и 37 во руралниот дел на општината, реконструкцијата на улицата 101 во Волково и уредувањето на последната автобуска станица на линијата 22, во соработка со Град Скопје. Во населбата Александрија е поставена нова топловодна инфраструктура за поекономично и поеколошко централно греење, паралелно се работи и на ново улично осветлување и проширување на мрежата, изградени се три фитнес зони на отворено, а започнува и изградбата на новиот мега-парк „Македонија“ на кејот на реката Вардар, во близина на фудбалското игралиште Македонски лавови. Во областа на енергетската ефикасност се поставија фотоволтаични централи на училишните објекти, со вкупен капацитет од 2,2 MW, проект што се реализира преку јавно-приватно партнерство, кој освен заштеди треба да обезбеди и дополнителен годишен приход во општинскиот буџет од најмалку седум милиони денари. Развојот на општина Ѓорче Петров ќе продолжи и понатаму со фокус на инфраструктурата, образованието, поддршката на семејствата и создавањето поквалитетни јавни простори, со цел да биде место каде граѓаните ќе имаат подобри услови за живот, ќе создаваат семејства и ќе ја градат својата иднина. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАмбицијата за вклучување на Преспа во листата на светско наследство на УНЕСКО мора да ја унапреди веќе ветената заштита„ПреспаНет“ бара иницијативата за УНЕСКО да се заснова врз Договорот за „Паркот Преспа“ од 2010 година, а соработката и активностите за зачувување на Преспа да започнат веднашПо минатонеделната средба на министрите за култура на Албанија, Грција и Република Македонија во Преспа, Грција, прекуграничната мрежа „ПреспаНет“ ја поздравува иницијативата за разгледување на можноста за заедничка номинација на прекуграничниот регион Преспа како мешано природно и културно наследство на УНЕСКО. Ова отвора голема можност одново да се сврти меѓународното внимание кон заедничкиот предел кој има исклучителна биолошка разновидност, културно наследство и живи традиции и да се зајакне соработката за неговата иднина. Признавањето на Преспа како дел од светското наследство би можело да има значајни придобивки за регионот и тамошното население. Ова би можело да го подобри неговиот меѓународен углед, да ја зајакне јавната и политичката поддршка за зачувување на езерата, дивиот свет, спомениците и културните предели, како и да помогне во обезбедувањето на експертиза, партнерства и ресурси за негова заштита. Заедничката номинација би можела да поттикне заеднички пристап во истражувањето, следењето и управувањето на прекугранично ниво, а меѓународното известување и надзорот би можеле да ја зајакнат одговорноста за заштита на вредностите на ова подрачје. За локалните заедници, пак, признавањето би можело да создаде можности за внимателно управуван туризам базиран на природното и културното наследство, поткрепен со заедничко толкување и промоција на наследството на регионот. Ова би можело, исто така, да ја зајакне гордоста што произлегува од разновидните традиции во Преспа и да ги продлабочи врските меѓу заедниците од трите земји. Подеднакво значаен би можел да биде и самиот подготвителен процес. Имено, преку собирањето докази за природните и културните вредности, усогласувањето на приоритетите за зачувување и воспоставувањето на ефикасен систем за заедничко управување би можело да се изгради доверба и да се подобри соработката пред да се донесе каква било одлука за впишување на Преспа на листата на УНЕСКО. Искуството од трилатералното подрачје на Ваденското Море (Холандија, Германија и Данска), кое е дел од светското наследство, е пример дека меѓународното признавање може да се темели на претходно воспоставен рамковен систем за соработка меѓу соседните земји. Таква рамка за Преспа веќе постои. Пред 26 години, на 2 февруари 2000 година, претседателите на владите на трите соседни држави го прогласија формирањето на Прекуграничниот „Парк Преспа“, обврзувајќи се на заштита и одржлив развој на Преспанскиот слив. Во 2010 година, трите држави и Европската Унија го потпишаа Меѓународниот договор за заштита и одржлив развој на „Паркот Преспа“, кој стапи на сила во 2019 година. Тој експлицитно го признава природното и културното значење на преспанскиот слив и предвидува институции за заедничко дејствување. Но, јазот помеѓу дадените заложби и нивното спроведување до ден-денес останува голем. И покрај неодамнешните активности за ажурирање на Стратегискиот акциски план, заедничките институции и натаму се соочуваат со недостиг на континуирана државна вклученост и ресурси кои се неопходни за плановите да се преточат во координирани активности. Постојаните повици на Мрежата „ПреспаНет“ за нивно ефективно спроведување и за сигурно финансирање досега не вродија со плод. Ова не е само мислење на невладините организации, туку е документирано и во препораките на Рамсарската Конвенција упатени до трите држави оваа година. Во меѓувреме, Сливот се соочува со сè поголеми еколошки и социјални притисоци, поврзани особено со климатските промени и опаѓањето на нивото на водата. Заштитата на Преспа не треба да зависи од временската рамка за некое идно нејзино номинирање како заштитено подрачје. Според оперативните упатства на УНЕСКО, државите што предлагаат прекугранично подрачје треба да формираат заеднички комитет за управување или слично тело што ќе раководи со целото номинирано подрачје. Оттука, со реактивирање и со обезбедување соодветни ресурси за институциите на „Паркот Преспа“ би можело да се спроведат и постојниот Договор и предложената номинација за светско наследство. „ПреспаНет“ ги повикува трите влади и Европската Унија експлицитно да ја условат новата иницијатива со спроведувањето на Договорот од 2010 година. Министерствата надлежни за култура и животна средина треба да соработуваат согласно рамката за „Паркот Преспа“, вклучувајќи ги притоа локалните власти, управувачите со заштитените подрачја, научниците, граѓанското општество и жителите. Итен приоритет треба да им се даде на редовните состаноци на заедничките тела, функционален секретаријат и работна група за управување со водите, сигурни финансии од засегнатите страни и заеднички договорена програма на практични мерки, со точно утврдени одговорности, рокови и јавно известување за напредокот. Секоја идна меѓународна номинација - а особено долгиот подготвителен процес што ѝ претстои - мора цврсто да се заснова врз четиристраниот Договор за „Паркот Преспа“ од 2010 година и врз неговото спроведување. Номинацијата треба да ги зајакне институциите, знаењето и заедничкото дејствување без кои воопшто не би било можно да се заштити Преспа. Веродостојната амбиција за стекнување статус на светско наследство започнува со остварување на заштитата што трите држави веќе ја ветиле за овој заеднички слив и за неговото население. „ПреспаНет“ ги обединува Македонското еколошко друштво (Република С.Македонија), Здружението за заштита и зачувување на природата во Албанија (Албанија) и Друштвото за заштита на Преспа (Грција) во мрежа на невладини организации за зачувување и одржлив развој на Преспанското сливно подрачје и пошироко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter