Маж смртно прегазен во близина на мостот „Гоце Делчев“

Уште една тешка сообраќајна несреќа ги вознемири скопјани.

76 годишен маж беше смртно прегазен на булеварот „Гоце Делчев“, во близина на пешачкиот премин. Во него удрила џип БМВ Х5 со кумановски регистраски таблички, а зад воланот, според информациите, била 42 годишна кумановка. Идентитетот на загинатиот пешак и на возачот официјално засега остануваат непознати, а МВР повеќе инфомрации најавува за утре.

Големата трагедија која се случи тука на булеварот „Гоце Делчев“ во полиција била пријавена некаде околу 11.25 минути, по што лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт кај пешакот.

На местото на несреќата е извршен увид. По наредба на јавен обвинител ќе се изврши обдукција на телото на починатиот, а од жената возач се земани примероци од крв и урина за да се утврди дали била под дејство на алкохол или дрога.

„ Со наредба на јавниот обвинител ќе бидат обезбедени и снимките од видео надзорот на околните објекти со цел да се утврдат причините за несреќата. Дежурниот јавен обвинител издаде наредба и за технички преглед на автомобилот.​“ – велат од обвинителството

Ова е трета жртва на скопскиот асфалт, за само една недела. Прво 22 годишен возач на пешачки на „Партизанска“ смртно ја прегази 24 годишната Викторија Николова од Радовиш. За овој случај на возачот му беше определен 30 дневен притвор, а причините за трагедијата се уште се утврдуваат...

Доцна синоќа околу полноќ, пак, животот го загубил и 48 годишен возач од скопско Стајковци, кој на крстосницата на булеварот „Видео Смилевски Бато“ се судрил со друго возило со кое управувал 21 годишен возач. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило и малололетно девојче кое било во возилото со починатиот.

Драма во Грција: Ќерка до смрт го претепа татко си на Голема Сабота

Жена (49) е уапсена на грчкиот остров Самос под сомнение дека утрово до смрт го претепала својот татко.

Се сомнева дека жената со некаков алат го нападнала таткото и му задала бројни удари кои биле фатални за несреќниот маж, објави Катимерини.

Засега не се знае мотивот за убиството.

Лондонскиот градоначалник Садик Кан со историски резултат на изборите

Актуелниот градоначалник на Лондон освои рекорден трет мандат како прв човек на британската престолнина.

Кан освои историски трет мандат со сите 14 изборни единици во Лондон објавени досега, пренесува Sky News.

Тој ја доби довербата на 43,7 отсто од гласачите.

Неговата конзервативна ривалка Сузан Хол освои 32,6%.

Излезноста била 40,5%.

Во Лабуристичката партија имало стравувања дека резултатите од гласањето ќе бидат многу поблиски поради загриженоста за слабиот одѕив.

Сепак, Кан собрал 1.088.225 гласови, наспроти 811.518 на Хол.

Кан сега е првиот човек кој освоил трет мандат како градоначалник на Лондон.

Православните христијани ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението

Православните христијани денеска ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението...

Верниците ги прават последните подготовки, а се подготвуваат и црквите во земјава...

Пред Соборниот храм е Дејан Трајкоски, какви се обичаите за денешниот ден и од колку часот треба да почне вечерната литургија?

притисни ентер