Мицкоски: Земјата е енергетски безбедна, сакаме да ја намалиме цената на струјата, а не да ја покачиме
1Мицкоски: Земјата е енергетски безбедна, сакаме да ја намалиме цената на струјата, а не да ја покачиме
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
1Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
2Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа
БалканМаж се полеа со бензин и се запали пред зградата на хрватската ВладаМаж се полеа со бензин и се запали утрово пред зградата на хрватската Влада во Загреб, јавија хрватските медиумиСостојбата на повредениот засега се уште не е позната. Очевидец за Јутарњи рекол човекот кој се полеал со бензин бил видно растроен. Фото: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Земјата е енергетски безбедна, сакаме да ја намалиме цената на струјата, а не да ја покачимеМакедонија не се соочува со енеретски удар заради низок водостој на акумулациите како во делови од Европа, напротив земјава е енергетски безбедна, изјави премиерот Мицкоски. Владата вели тој не размислува на покачување туку на намалување на цената на струјата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаДесет години од поплавите во Стајковци кои однесоа 22 животиОва е тогашната слика од скопските села Стајковци, Смилковци, Ченто и Арачиново кои беа најпогодени од катастрофалните поплави кои се случија на Скопската котлина на денешен ден пред 10 години. Невреме кое однесе 22 животи, 4 лица кои се уште се водат за исчезнати. Како потсетник за страотната елементарна непогода, на веб сајтот на исчезнати лица на МВР – се уште стои сликата на Фејзула Елиф, едногодишно бебе кое исчезна во поплавата и оттогаш се губи нејзината трага. Незапаметеното невреме остави и десетици семејства без покрив над главата а настанатата материјална штета беше проценета над 30 милиони евра. Огромното количество на вода кое наврнало врз Скопската котлина се оценува како главен фактор во катастрофалната поплава, сепак инфраструктурните пропусти како и нерегулираната сеча на Скопска Црна Гора во голем дел придонеле тоа количество на вода да се слее во населените места. 10 години од поплавите, дали грешките се исправени кои ќе превенираат таква катастрофа да се случи во иднина? Од општина Гази Баба како најпогодена во поплавите, велат дека во изминативе 10 години работеле на проекти кои го подобриле системот за заштита од поплави и намалување на ризиците од идни елементарни непогоди. Сепак, камерата на Канал 5 забележа голи падини и обраснати одводни канали полни со отпад во едно од тогаш најпогодените места – селото Стајковци. Меѓу најзначајните реализирани активности се: изградба и целосна реконструкција на одводниот канал на улица „Антон Велковски“ во Стајковци; Изградба и целосна реконструкција на одводниот канал во Сингелиќ; Редовно чистење на природните брани и водотеци на падините на Скопска Црна Гора, со цел непречено одведување на атмосферските води и превенција од поплави,- - Општина Гази Баба. Од Дирекцијата за заштита и спасување посочуваат дека после поплавата, капацитетите за справување со вакви елементарни непогоди значително се подобриле. -ДЗС после 10 години од поплавата ги зајакна своите капацитети. Извршени се безброј обуки на тимовите за спасување на вода, материјално-техничките ресурси на Дирекцијата се десеткратно подобрени. Во моментов, ДЗС располага со преку 500-тина пумпи, со бебзрој вреќи и бариери. Можеме да кажеме дека од денешен поглед, ДЗС е спремна за слични несреќи,- Димче Митевски, раководител на сектор за оператива и логистика при ДЗС. Од општина Гази Баба соопштуваат дека утре во Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто ќе се оддржи комеморативен настан преку кој ќе се оддаде почит на жртвите, и како што велат, ќе се потсети на важноста од континуираното вложување во превенција и заштита од природни непогоди. Тагови: ПОПЛАВА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗапалениот автобус на Дурмо Турс го актуелизира прашањето за безбедноста на јавниот превозПоследниот пожар во автобус на автопатот Тетово–Гостивар повторно ја вратија компанијата „Дурмо турс“ во фокусот на јавноста и ги отворија прашањата за безбедноста на јавниот превоз.По пожарот во кој пред три дена се за палил авторбус на „дурмо турс“ од МВР за Канал 5 велат дека се спроведуваат засилени сообраќајни контроли, вклучително и на автобуските превозници, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Токму случајот со пожарот и претхониот кога во автобус на компанијата на табанвце биле отркиени 580 парчиња муниција, во јавноста одново се отворија дилемите околу безбедното но и законското работење на превозниците..во одниос пак на минатогодишното бегство на Ремзи мустафи, поранешен раковиодител на возниотпарк осуден на 10 години за несреќата кај ласкарци во која загинаа 16 лица, и натаму е недостапен на органите на прогонот.. -Се трага по бегалецот по кој министерството има распишано меѓународна потерница, а службите превземаат тактичко оперативни мерки за лоцирање и лишување од слобода на лицето, по што јавноста ќе биде соодветно известна, информираат од полицијата,- МВР. Во меѓувреме иако Судскиот совет утврди пропусти во постапувањето за извршување на неговата казна и предложи постапка за утврдување одговорност кај судијата за извршување санкции, досега нема одлука за дисциплински или други мерки против службените лица. Од Основниот суд во Гостивар за „Канал 5“ информираат дека сè уште нема одлука од Судскиот совет по ова прашање. Од друга страна финансиските показатели покажуваат дека компанијата продолжила да остварува приходи и во годините по трагедијата кај Ласкарци. Порталот „Фактор“ неодамна ги анализираше финансиските резултати на компанијата врз основа на податоци од Македонското кредитно биро, обезбедени од редакцијата. Анализата се однесува на правното лице „Друштво за транспорт, туризам, трговија и услуги ДУРМО ТУРС Дурмиш ДООЕЛ експорт-импорт“, со седиште во Беловиште, Гостивар. Во периодот од 2021 до 2025 година компанијата остварила вкупни приходи од околу 1,85 милиони евра. Најголеми приходи биле регистрирани во 2023 година, кога достигнале околу 521 илјада евра. Во 2021 година тие изнесувале околу 425 илјади евра, а во 2022 година се зголемиле на приближно 467 илјади евра. По 2023 година следува значитеен пад на приходите. Во 2024 година тие се намалиле на околу 269 илјади евра, а во 2025 година на приближно 168 илјади евра. Инаку, сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, по повеќекратните одложувања, годинава започна со издржување на десетгодишната затворска казна во „Идризово. Сепак, иако од трагедијата кај Ласкарции минаа повеќе од 7 години, неодамнешните инциденти повторно ги отворија дилемите за контролата на техничката исправност на автобусите, одговорноста на институциите и безбедноста на патниците во јавниот превоз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04