ЖивотМаж се изгубил 31 ден во џунгла: Јадев само црви и пиев дождовница од чевелот (ВИДЕО)30-годишниот Боливиец Џонатан Акоста бил пронајден откако 31 ден талкал низ амазонската џунгла.Акоста се изгубил кога се разделил од своите четворица пријатели додека ловел во северна Боливија. Тврди дека пиел дождовница која ја собирал во чевлите и дека се хранел со црви и други инсекти. Тој опиша како морал да се крие од јагуари и пекари, еден вид цицач што личи на свиња. Група локални жители и неговите пријатели конечно го пронашле еден месец откако исчезнал. „Тоа е неверојатно, не можам да верувам дека луѓето толку долго бараа. Јадев црви, јадев инсекти, нема да верувате што морав да направам за да преживеам сето ова време“, изјави тој за телевизијата „Јунител“. Тој рече дека морал да јаде диво овошје слично на папаја, познато локално како гаргатеа. „Многу сум му благодарен на Бог бидејќи ми даде нов живот“, рече тој. Акоста изгубил 17 килограми во текот на еден месец, бил дехидриран и имал истегнување на глуждот, но сепак можел да оди, пишува Би-Би-Си. „Брат ми ни кажа дека кога четвртиот ден го исчашил зглобот почнал да се плаши за својот живот, имал само еден куршум во пушката и не можел да оди, а мислел дека никој нема да го бара. “, изјави Хорасио, помладиот брат на исчезнатата личност. Проблем за Акоста бил и тоа што со себе немал мачета и батериска ламба. Тој тврди дека наишол на диви животни и дека го искористил последниот куршум за да исплаши група пекари. Во текот на 31-от ден од талкањето, тој ја забележал групата на оддалеченост од 300 метри и почнал да куца кон неа низ грмушките. Почнал да вика за полесно да биде забележан. "Еден човек дотрча да ни каже како го нашле мојот брат. Тоа е вистинско чудо", додал Хорасио. Во меѓувреме од полицијата најавија дека ќе ги сослушаат четворицата пријатели на пронајдениот за да се утврдат сите детали за исчезнувањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победатаЗаврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ За 21 часот Државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор круг избои за градоначалник на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
ЗабаваФото: Жешка одбојкаркаАтрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм. Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа. Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм. Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами. На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок. Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата. За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил. Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАлта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter