СветМаж повикал полиција и рекол дека убил три лица, телета им биле пронајдени во друга држава Неименуван маж (37) денеска се појавил во полициската станица во Линц, Австрија, тврдејќи дека убил три лица.Вчера попладне, маж се јавил во австриската полиција во Линц и дал морничава пријава. Тој рекол дека три тела се пронајдени во зграда во градот каде што живее и тој. Властите подоцна пронашле три тела во стан во друга земја - Германија. Телата биле пронајдени во зграда во градот Цвизел во германската покраина Баварија. Човекот потоа бил уапсен. Јавното обвинителство во Дегендорф и одделот за кривични истраги истражуваат, а се подготвува екстрадиција. Во моментов не се познати дополнителни детали за убиствата. Местото на злосторството е познато како „проблематична куќа“ Местото на злосторството е станбена зграда во Цвизел, која во последниве години стана позната како „проблематична куќа“. Го добила своето име поради редовните полициски интервенции, честопати поради расправии и физички контакт меѓу жителите и/или посетителите под дејство на алкохол. Соседите неколку пати се жалеле за нарушувањето. Сепак, никој не очекувал насилство од ваков размер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Жешки фотографии на српска ТВ водителка ги „запалија“ социјалните мрежиМладата српска ТВ водителка Маша Михаиловиќ објави фотографии од својот одмор по раскинувањето на свршувачката и привлече големо внимание кај своите следбеници.Водителката на популарно реално шоу Маша Михаиловиќ, привлече големо внимание во јавноста откако на социјалните мрежи објави фотографии од својот одмор. Атрактивната водителка позираше во минијатурно бикини во маслинесто-зелена боја, истакнувајќи ја својата затегната фигура и изгледот на кој со години ѝ завидуваат многубројни следбеници. Фотографиите од песочната плажа, направени за време на зајдисонцето, за кратко време предизвикаа бројни реакции, а комплиментите за нејзиниот изглед постојано пристигнуваа. Со својот изглед, Маша уште еднаш покажа зошто важи за една од најистакнатите телевизиски личности во регионот, а нејзините следбеници особено ја истакнаа самодовербата и енергијата што ги покажа по големата животна промена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни повторно најде причина да го покаже своето телоХоливудската убавица актерката Сидни Свини, уште еднаш најде причина да го покаже своето тело.Сидни Свини повторно го привлече вниманието на јавноста. Таа го искористи својот добро познат трик – односно брендот – за да најде повод да ги покаже своите облини . Сексапилната актерка деновиве е вистинска атракција, како во реалниот свет, така и на социјалните мрежи. Таа често е активна на Инстаграм, каде што објавува фотографии од својот приватен и професионален живот, а нејзината најнова објава предизвика вистинска помпа меѓу обожавателите на нејзините облини. Се чини дека популарната актерка пронашла доволно добра причина повторно – по којзнае кој пат – да ги покаже своите прекрасни облини и бујни гради. Таа ја претстави новата колекција на својот бренд за долна облека SYRN, а кампањата веднаш привлече големо внимание во јавноста.Тагови: Синди Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНовата Mazda MX-5 добива електричен погонАвтомобилскиот гигант Mazda потврди дека следната генерација на MX-5 (Miata) ќе може да поддржи целосно електричен погон, иако бензинскиот мотор сè уште не е предодреден за историјата. Извршниот директор на Mazda, Масахиро Моро, изјави дека новиот MX-5 мора да биде подготвен за иднина во која моторите со внатрешно согорување можеби повеќе нема да бидат дозволени поради сè построгите еколошки прописи. Сепак, компанијата има за цел да ги зачува квалитетите по кои моделот е познат – мала тежина и врвно возачко искуство. За разлика од многу производители кои користат скапи материјали како што се јаглеродните влакна, Mazda планира да ја намали тежината на конструкцијата преку употреба на конвенционални материјали и попаметни инженерски решенија. Целта е новиот MX-5 да тежи меѓу 1.000 и 1.200 килограми, што би било исклучително малку за електричен спортски автомобил. Во понудата ќе остане и верзија со бензински мотор. Покрај електричната верзија, се очекува и нова варијанта со бензински мотор – 2,5-литарски четирицилиндричен агрегат од серијата Skyactiv-Z, кој веројатно ќе вклучува и технологија на благ хибрид. Моќноста би можела да достигне околу 220 КС. Новата генерација на MX-5 нема да пристигне пред 2028 година, додека актуелниот модел – претставен уште во 2015 година – ќе остане во производство сè дотогаш.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter