Маж ќе мора да ѝ плати 204.000 евра на сопругата за домашните обврски во бракот - Канал 5

Маж ќе мора да ѝ плати 204.000 евра на сопругата за домашните обврски во бракот

Шпанскиот суд нареди еден претприемач да ѝ плати на поранешната сопруга и мајката на неговите две деца 204 илјади евра како отштета за 25 години неплатени домашни работи.

Маж ќе мора да ѝ плати 204.000 евра на сопругата за домашните обврски во бракот

Според правосилната пресуда објавена во Малага, покрај обештетувањето, тој мора да ѝ плаќа месечно пензија на поранешната сопруга Ивана Морал по 500 евра месечно и на двете ќерки 400 и 600 евра, пренесува iNews.

Во необичниот случај за развод, судијката Лаура Руиз Аламинос стигнала до бројката од 204.000 евра со пресметување на минималната месечна плата на професионална собарка за годините што парот ги поминал во брак.

„Многу е јасно дека се работи за злоупотреба и прекин на сите мои приходи по разводот. По разводот, јас и ќерките останавме буквално без ништо. Со години го вложив своето време, енергија и љубов во сопственото семејство, секогаш бев поддржувач на мојот сопруг во работата, мајка, а често и татко на моите деца. Никогаш немав право на свои финансии, сѐ беше на име на мојот сопруг“, објаснила Ивана.

Двојката се венчала во 1995 година, но 48-годишната жена конечно поднесе барање за развод во 2020 година. За време на нивниот брак, нејзиниот сега веќе поранешен сопруг изградил успешен бизнис што му овозможил да купи скапи автомобили и фарма за маслиново масло чија вкупна вредност се проценува на 4 милиони евра.

Меѓутоа, кога неговата постара ќерка наполнила 16 години, нејзиниот татко одбил да плати за нејзиното продолжување на образованието, поради што таа морала да почне да работи за сама да ги плати трошоците за образованието. Морал потпишала предбрачен договор со кој нејзиниот сопруг обезбедил задржување на стекнатото богатство и поделба на заедничкиот имот. По бараниот развод добила половина од куќата и ништо повеќе. Во еден момент решила дека тоа не е доволно.

„Причината поради која решив да им се обратам на медиумите беше тоа што сакав жените да знаат дека можеме да бараме отплата за домашните работи кога има договор за раздвојување на имотот“, објаснила Ивана, а нејзиниот адвокат додаде:

„Оваа пресуда ја претставува работата на сите жени во сенка кои, без сомнение, претставуваат фундаментална поддршка во личен, брачен и семеен аспект во текот на многу години, за да може поранешниот сопруг да ја развие својата професионална кариера и да го зголеми богатството што го направил, а не сака да споделува во моментот на разделба.''

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер