Maxbet ќе го освојува македонскиот пазар - отворени канцеларии во Скопје - Канал 5

Maxbet ќе го освојува македонскиот пазар - отворени канцеларии во Скопје

Европскиот бренд, Мaxbet го отвори своето седиште на македонскиот пазар, во Скопје. Најавуваат 3.000 вработувања, на многубројни локации во повеќе од 20 градови...

Maxbet ќе го освојува македонскиот пазар - отворени канцеларии во Скопје

На официјалното отворање на канцелариите присуствуваа локални функционери, деловни партнери на компанијата и вработени во Мaxbet.

По отворањето на седиштето, Мaxbet ќе продолжи со ширење на својата мрежа во земјата и ќе продолжи со регрутирање на кадри за различни позиции во секторот на игри на среќа, како и за работни места во ИТ секторот, правно-финансискиот, маркетингоТ, изјави Дарко Живанов - извршен директор на Maxbet.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставници на поголемите стопански комори и министерството за економија на средба за оперативниот план за вработување

Заменик-министерот за економија  Марјан Ристески оствари работна средба со претставници на најголемите стопански комори.

Претставници на поголемите стопански комори и министерството за економија на средба за оперативниот план за вработување

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески оствари работна средба со претставници на најголемите стопански комори на која се разговараше за мерката од јавниот повик „Вработување и раст на правни субјекти“ во рамки на оперативниот план за вработување.

Преку оваа мерка Ристески вели се дава поддршка во креирање на нови работни места во микро, мали и средни претпријатија, социјални претпријатија и граѓански организации.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европа трча по критични минерали, Македонија сè уште ги мери можните ризици

Без сигурно снабдување со критични минерали, зелената транзиција и намалувањето на зависноста на Европа од увоз ќе бидат тешко остварливи, предупредуваат од Европската асоцијација на рударската индустрија „Euromines“. 

Европа трча по критични минерали, Македонија сè уште ги мери можните ризици

Во тој контекст, се погласни се повиците Македонија да го искористи својот минерален потенцијал и да се приклучи кон европскиот пристап за одговорно искористување на критичните суровини. Според професорот Благој Голомеов од Рударско-геолошкиот факултет, минералните ресурси меѓу кои златно-бакарниот рудник Иловица, се една од економските предности на Македонија, но нивното искористување и натаму е ограничено поради стравувањата од влијанието врз животната средина. Тој смета дека современите технологии овозможуваат безбедна експлоатација, со контролирани процеси и заштита на природата.

-Постојат технолошки процеси кои се бенигни, кои се недеструктивни кон природата. На пример за бакарот технолошкиот процес е многу едноставен, се користат само ксантати, пеначи и регулатори на средината, односно вар. Околу 90 проценти од тие реагенси се извлекуваат заедно со концентратот, а малото количество што останува за кратко време се разградува и станува целосно безопасно за пошироката околина,- Благој Голомеов - професор на Рударско-геолошкиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“.

Голомеов посочува дека Македонија има две значајни економски предности, земјоделството и минералните ресурси, но вели дека економскиот ефект од нивното користење е различен. Според него, рударството може да создаде значаен економски придонес без долгорочни државни субвенции како кај земјоделството. Сепак, професорот предупредува дека минералното богатство е необновлив ресурс и мора да се користи внимателно. Приходите од него смета треба да бидат насочени кон развој на инфраструктурата, образованието и енергетската независност, за придобивките да останат и за идните генерации.

- Треба да се напомене дека 120.000 луѓе вработени во земјоделието даваат ист економски ефект како 6000 луѓе вработени во рударството. Притоа, за субвенционирање на земјоделството се трошат некаде 100 милиони евра од буџетот, додека во рударството не се вложува ништо додатно и не треба..

Претседателот на „Euromines“, Јан Мострјом, нагласува дека иако Европа не може целосно да биде независна од увозот, има сериозен потенцијал да изгради поотпорен синџир на снабдување и да развие сопствено производство. Според него, ограничувањата за извоз на одредени суровини, особено од големите производители како Кина, покажуваат дека зависноста од увоз може да стане економски, но и безбедносен ризик за земјите на европското тло.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ГРОМ: Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна

ГРОМ и соопштува на македонската јавност дека нивниот претседател Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци.

ГРОМ: Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна

„Граѓанската опција за Македонија - ГРОМ и соопштува на македонската јавност дека нашиот претседател Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци.

Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие години заштеди милион и пол евра кирија доколку користеше простор под закуп и она што е најбитно тој е единствениот случај во Европа кој ќе одлежува ефективна казна затвор за ова исмислено кривично дело за поставување на времен објект со одлука на Совет на општина, со потврдена програма за работа од истиот, програма за јавни набавки и обезбедено пари од Буџет на општината. Тој бараките не ги постави за своите деца и своето семејство, туку за граѓаните на Карпош.

На случајот Стевчо Јакимовски судот дефинитивно се потврди како параполитичка организација, која не и служи на правдата, на законите и на Уставот, туку на политичката партија која е на власт. Жално е што во замолкнувањето на нашиот претседател Стевче Јакимовски, покрај Христијан Мицкоски, учествува и правосудниот систем и со ова уште еднаш пред очите на јавноста покажаа дека правдата е селективна, не важи за дивоградбашите кои граделе на државно земјиште за своја сметка без платени комуналии и заработиле милиони, туку во затвор ќе оди најнаградуваниот градоначалник не само во Република Македонија туку и пошироко. Не земајќи ја во предвид неговата здравствена состојба дека тој е онколошки неизлечен пациент, оперативниот зафат извршен пред 12 дена само ја покажува нечовечноста, нехуманоста и флагрантно кршење на човековите права.

Не не’ зачудуваат политичките противници и нивната крволочност, но нека им служи на чест на сите оние од правосудниот систем кои оркестрирано во служба на власта учествуваа во замолкнувањето на Стевче Јакимовски. Воедно им благодариме на сите граѓани, знајни и незнајни кои во изминативе дваесетина дена му даваа сесрдна поддршка на претседателот Јакимовски.

Цениме доколку ова наше соопштение биде споделено со пошироката јавност со помош на вашиот медиум.“

Со почит,

Центар за комуникации ГРОМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер