ЗабаваМаврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедницаОд 28 август до 13 септември во Маврови Анови на јавно тениско игралиште ќе се одржи второто издание на Маврово Опен – аматерски, хуманитарен тенис турнир кој од иницијатива на група пријатели прераснува во настан посветен на спортот....Од 28 август до 13 септември во Маврови Анови на јавно тениско игралиште ќе се одржи второто издание на Маврово Опен – аматерски, хуманитарен тенис турнир кој од иницијатива на група пријатели прераснува во настан посветен на спортот, заедницата и создавањето активен простор за сите генерации. По успешното прво издание во 2025 година, кога турнирот беше инициран со цел да придонесе кон подобрување на условите во основното училиште во село Маврово, годинава Маврово Опен ја продолжува истата мисија, но ја проширува својата програма и влијание. Она што особено го одбележува второто издание е растот на самиот турнир. Интересот за учество оваа година е повеќе од двојно поголем, со вкупно 84 натпреварувачи во категориите мажи, жени и полу-професионалци. За првпат, полу-професионалната категорија ќе игра и во двојки, со што турнирот носи уште повозбудлив тенис за публиката. „Веруваме дека спортот не е само натпревар, туку начин да се поврзат луѓето, да се оживеат јавните простори и да се создадат места каде што децата ќе имаат причина да останат, да се дружат и да растат. Токму затоа годинава уште поголем фокус ставаме на детската програмата и искуствата на децата“, велат организаторите. Една од главните цели на Маврово Опен е да покаже дека јавниот простор има вредност само доколку навистина се користи. Организаторите сметаат дека предност во користењето на овој простор треба да имаат децата од локалната заедница. „Нема смисла да имаме прекрасно тениско игралиште изградено по професионални стандарди, ако децата од општината немаат можност да го користат и да го запознаат тенисот како спорт. Затоа оваа година, покрај турнирот, сакаме да им дадеме на децата можност навистина да влезат на теренот, да земат рекет и да го искусат спортот одблизу.“ - вели Филип Крстевски, претседател на МО. Во рамки на детската програма годинава ќе се реализира и посебен тенис тренинг за децата од ОУ Денче Дејаноски во Маврово, со професионален тренер и тениска опрема, на официјалното игралиште на турнирот. Програмата се реализира со поддршка од Европската Унија. Оваа година за првпат е отворена и волонтерска програма, преку која младите имаат можат активно да се вклучат во реализацијата на настанот и да придонесат кон создавањето на заедничка иницијатива. За посетителите кои не можат да бидат физички присутни во Маврово, натпреварите годинава ќе имаат и професионален пренос во живо. Македонски Телеком, како технолошки партнер на турнирот, ќе обезбеди и бесплатен стабилен интернет на целата локација. Како и лани, и оваа година ќе биде организиран бесплатен превоз до Маврово и околу езерото, со поддршка од АБЦ Рент а кар, со цел посетителите да можат полесно, поекономично и поеколошки да пристигнат на настанот. Воедно, организаторите ова го прават за да испратат порака дека на Маврово му е потребен јавен превоз во високата сезона зиме и лете. И за крај, во соработка со платформата за архитектура и урбанизам МЕЛЕЕМ, распишан е конкурс за архитектонско решение за трибина покрај тениското игралиште. Со овој конкурс организаторите сакаат да отворат поширока дискусија за тоа како еден спортски терен може да прерасне во квалитетен јавен простор – место за гледање натпревари, дружење, престој и секојдневно користење од страна на локалната заедница. Како и минатата година, Маврово Опен го задржува својот хуманитарен карактер. Турнирот е инициран со идеја да придонесе кон подобрување на условите во основното училиште во село Маврово, кое со само неколку ученици е еден од симболите на предизвиците со кои се соочуваат малите локални заедници. Маврово Опен 2026 ќе се одржи од 28 август до 13 септември на тениското игралиште во Маврови Анови. Маврово Опен е целосно волонтерска иницијатива, реализирана со поддршка од институции, компании, локални партнери, волонтери и пријатели на турнирот.Тагови: Мавровско Езеро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
ЗабаваФото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови. Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание. За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради. View this post on Instagram A post shared by Gala (@galafr) Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур. Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАНБА инвестира милијарди во европската кошарка !Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми. Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови. Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата. Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ. НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот. Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност. Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА. Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
ЕвропаЛе Пен потврди дека ќе ја укине финансиската помош за Украина доколку победи на изборитеМарин Ле Пен, лидерката на француската крајнодесничарска партија „Национален собир“, денеска потврди дека ќе ја прекине финансиската помош за Украина доколку победи на претседателските избори следната година. Таа ја даде оваа изјава по средбата со украинскиот амбасадор во Париз, пренесува „Еуроњуз“ (Euronews). Ле Пен изрази жалење што состојбата со француските јавни финансии не дозволува продолжување на финансиската помош за Украина, но нагласи дека Франција ќе испочитува дел од своите претходно преземени обврски. Според анкетата на агенцијата „Елаб“ (Elabe), објавена на 14 ноември, Ле Пен моментално ужива поддршка од околу 32 отсто од гласачите пред претседателските избори во 2027 година. Жан-Лик Меланшон, од крајнолевичарската партија „Непокорена Франција“, има поддршка од околу 17 отсто. Во пресрет на петтата годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина, партијата „Национален собир“ издаде соопштение во кое се наведува дека Франција не може да продолжи да ѝ дава финансиска помош на Украина, иако ќе ги испочитува постојните обврски. Тие вклучуваат европски заем за Украина во износ од 90 милијарди евра, донации на опрема, хуманитарна помош и поактивен дипломатски ангажман. Ле Пен ја опиша својата средба со украинскиот амбасадор во Франција, Вадим Омелченко, како срдечна. Таа изјави дека тоа била можност повторно да ја потврди својата поддршка за Украина. Нејзините изјави повторно покренаа прашања во врска со минатите врски на нејзината партија со Русија. Во 2017 година, Ле Пен се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ, а нејзината партија претходно имаше земено заем од руска банка – долг што беше целосно отплатен во 2023 година. Според соопштението од партијата „Национален собир“, Ле Пен и украинскиот амбасадор воделе отворен разговор за иднината на војната. Ле Пен нагласи дека постигнувањето мир – колку и да е тешко – мора да остане приоритет за сите. Нејзините политички противници предупредуваат дека инсистирањето на брз крај на војната би можело да ја принуди Украина да прифати неповолни услови во мировниот договор. За време на денешната средба, Ле Пен побара од украинскиот амбасадор да му пренесе на претседателот Володимир Зеленски дека таа е подготвена да разговара со него во Париз или Брисел. Сепак, таа не спомна ништо за можноста да отпатува во Киев, иако Зеленски претходно ја покани да го посети украинскиот главен град.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter