Матурант пронајден починат во нива во Струмица - Канал 5

Матурант пронајден починат во нива во Струмица

Вчера околу 12 часот на влезот во Струмица, на локација позади складот за дрва на Шумското стопанство „Беласица“, на место „Крива река“, бил пронајден починат М.А. (19), матурант во едно од струмичките средни училишта.

Матурант пронајден починат во нива во Струмица

Трагичната вест за МИА ја потврдија од ОЈО Струмица и СВР Струмица.

Според обвинителката Виолета Милчовска, телото на момчето било предадено на обдукција и од досегашните наоди нема знаци на насилство и се чекаат токсиколошките анализи за да имаат појасна слика за причините за смртта.

И од полицијата потврдуваат дека вчера околу 12 часот било пријавено дека во близина на Струмица, на необработена нива, било пронајдено безживотно тело на 19 годишно момче од Струмица.

-Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица. По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција, се наведува во информацијата од СВР Струмица.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за смртта на момчето и како тоа завршило на локацијата каде бил пронајден.

Обвинителката Виолета Милчовска за Канал 5 вели дека е направен увид, како и дека побараната обдукција е завршена..Од Судска медицина пак, велат дека прават и токсиколошки анализи за да се добие појасна слика за причините за смртта....

YouTube video

Герасимовски со Ансамблот „Орце Николов“: Културата е наша трајна заложба

Културата е наша трајна заложба - вложуваме во манифестации што ги поврзуваат сите генерации.

Герасимовски со Ансамблот „Орце Николов“: Културата е наша трајна заложба

Градоначалникот Горан Герасимовски, се сретна со претставници од Ансамблот на народни игри и песни „Орце Николов“, еден од најстарите и најзначајни носители на фолклорната традиција во државата. На средбата, се дискутираше за тековните културни активности во општината, за локалната поддршка за културниот развој и за можностите за продлабочување на соработката.

Ансамблот, оваа година одбележува 80 години од своето постоење и е еден од добитниците на Конкурсот за финансиска поддршка на културни проекти на Општина Центар. За проектот „80 години волшебен свет на фолклорот“, ансамблот доби финансиска поддршка во износ од 30.000 денари.

„Преку континуирана и зголемена поддршка на културата, покажуваме дека ја вреднуваме традицијата, уметноста и креативноста. Чест ми е што со Ансамлот имаме одлична соработка и што годинава на нивниот јубилеј ги поддржавме негувајќи го и пренесувајќи го фолклорот како дел од културното богатство на нашата држава. Вложуваме во културата преку низа културни манифестации што обединуваат и радуваат граѓани од сите возрасти – од најмали до највозрасни. За само неколку години го зголемивме буџетот за култура од 3 милиони денари во 2021 година на 13 милиони денари годинава. Тоа е доказ дека културата е и ќе остане наш приоритет“, рече Герасимовски.

Во рамки на средбата, Герасимовски доби плакета од страна на Ансамблот „Орце Николов“, како знак на благодарност за досегашната успешна и долгорочна соработка.

Општина Центар

Баерн заинтересиран за Фермин Лопез

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез, е цел на германскиот шампион Баерн, објави „GiveMeSport“. Сепак, 22-годишниот Шпанец сака да остане кај Каталонците.

Баерн заинтересиран за Фермин Лопез

Лопез одигра 46 натпревари во сезоната 2024/25, но ретко беше вклучен во почетниот состав на тимот во Лигата на шампионите и Ла Лига.

Фудбалерот сезоната ја заврши со осум гола и десет асистенции.

Актуелниот договор на фудбалерот е до 2029 година.

„Transfermarkt“ ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра.

„Гответе со Дракче“ - Охридска прженица

Во вторник (17.06.2025) во емисијата гостин ни бeше Петар Нечовски

„Гответе со Дракче“ - Охридска прженица

Состојки за денешниот рецепт:

2 страка праз

1 врзопче млад кромид

1 младо лукче

1 зелена лута пиперка

150 гр. кулен

3 јајца

150 гр. кашкавал

малку магданос

малку масло

сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

притисни ентер