МАТТО: Македонските компании да ја продолжаат соработката со турските фирми

Стопанска комора на Македонија - Турција (МАТТО) ги повикува македонските компании да ја продолжаат почнатата деловна соработка со турските фирми и слободно да влегуваат во нови деловни односи зашто Владата на Република Турција овозможи и гарантира нормални економски движења, нормално функционирање на институциите како и стабилан монетарен и банкарски систем.

Според МАТТО, последните политички турбуленции во Турција не ја доведоа во опасност ниту безбедноста на туристите, а во целост се реализираат и сите договорени аранжмани.

- Сведоци сме дека ниту едно случување денес не е без регионално влијание. Така, осуетениот пуч во Република Турција од 15 јули годинава и одлуката за воведување вонредната состојба во земјата од 20 јули, може да предизвика неодлучност кај некои од македонските компании во врска со трговска и друга соработка со турските партнери, наведува МАТТО.

Податоците на ХАЛК Банка во Република Македонија покажуваат дека турската лира на меѓународниот валутен пазар забележа пад од дополнителни шест отсто.

- Економската размена на Македонија и соработката со турските компании интегрално е покриено со плаќања во евра. Девизниот курс е во фиксни рамки повеќе од 20 години и на домашниот пазар е обезбедена целосна стабилност. Согласно актуелното ниво на лирата, во моментов е рационално да се врши плаќање во лири, како за правни, така и за физички лица, велат од МАТТО.

Турската економија во 2015 имаше раст на БДП од четири отсто, а во првата половина од 2016 3,4 проценти. Истиот раст се очекува и во 2017 година. Растот на индустријското производство во мај 2016 споредено со ист период во 2015 е 5,6 отсто.

- За очекување е дека времено, одлуките за странските инвестиции во Република Турција ќе бидат одложени од причина на претпазливост. Домашна потрошувачка и натаму продолжува да биде основен фактор на растот на економијата. Во 2015 година вкупната надворешно трговската размена со светот изнесуваше 351 милијарди долари, а во првиот квартал оваа година беше 81 милијарда.

Како што наведува МАТТО, Македонија и регионот остануваат во фокусот на инвестицискиот и деловниот интерес на Република Турција.

Според Државниот завод за статистика на Република Македонија, во првите пет месеци од 2016 година трговската размена со турција е 175 милилиони долари што е раст од 21,5 отсто во однос на истиот период лани. Зголемување бележат и извозот, за 19,8 отсто, како и увозот, за 22 отсто.

Турција во 2015 година оствари трговска размена со Албанија, БиХ, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора во вредност од 2,3 милијарди долари, додека во 2014 инвестираше во регионот повеќе од три милијарди долари, нагласуваат од Комората.

МАТТО, со седиште во Скопје, брои 56 турски и македонски компани, како и инвестиран турски капитал во Македонија од над една милијарда долари. /МИА

Лопетеги ќе го преземе Вест Хем, Баерн беше заинтересиран за тренерот

Шпанскиот фудбалски стручњак Хулен Лопетеги ќе го преземе Вест Хем.

Информацијата за преземањето Лопетеги на тренерската функција на „чеканите“ од следната сезона, објави новинарот на „Гардијан“, Џејкоб Стајнберг. Според него страните постигнаа договор, останува само да се потпише договорот.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани Лопетеги, но самиот тренер повеќе сакал да работи во Англија.

Вест Хем по 36. кола од тековната сезона во Премиер лигата освои 49 бодови и се наоѓа на 9. место во поредокот.

Сегашниот тренер на премиерлигашот од Лондон, Дејвид Мојс ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.

Мисајловски: Ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да излезат на гласање

Ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да излезат на гласање и да дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за една голема и историска победа.

Благодарам за можноста да се обратам. Стигна и последниот ден од кампањата и навистина ми е драго за цела ова кампања што добивавме поддршка од сите страни.

Една преубава позитивна кампања каде што, навистина, во првиот круг на 24 направивме една голема историја. Но, за таа историска победа биде уште поголема, сакам да ве поканам сите на 8 мај да ни дадете поддршка на сите нас. Да даде поддршка на Гордана Силјановска Давкова, но исто така и на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ за една историска, огромна победа.

Победа за сите граѓани, победа за поголеми пензии и плати, поголеми проекти, односно проекти насекаде во сите општини. Да имаме една значајна победа, бидејќи секој од вас заслужува Македонија повторно да биде Горда и Македонија повторно да биде на секој еден од вас.

Затоа, сакам уште еднаш да се заблагодарам за овие стотици и стотици средби што ги имав изминатиот период заедно со кандидатите за пратеници во сите населени места каде што добивме огромна поддршка од сите вас и имавме преубав прием.

Но, уште еднаш сакам да ве повикам сите, да ставиме печат на оваа историска победа, да се мобилизираме сите заеднички, да излеземе на 8 мај за да направиме, навистина еден голем резултат и еден ветер во грб каде што ВМРО-ДПМНЕ со новата влада ќе направи историски проекти, ќе направи историски реформи.

Уште еднаш благодарност за сите во оваа кампања што ни дадовте максимална поддршка и сакам на сите да го честитам големиот празник Велигден и да посакам мир, спокој и среќа на сите граѓани во Македонија.

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

УХМР: Период на променливо и нестабилно време

Утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.

Потоа од среда до петок под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.

Во Скопје утре времето ќе биде стабилно и релативно топло. Од среда во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер, стои во соопштението од Управата за хидрометеоролошки работи.

притисни ентер