Матичните лекари на протест – ФЗОМ ги скратил лекарствата што смеат да ги препишуваат - Канал 5

Матичните лекари на протест – ФЗОМ ги скратил лекарствата што смеат да ги препишуваат

Откако матичните лекари викендов добиле известување од ФЗОМ дека се казнети бидејќи издале повеќе лекови отколку што предвидуваат правилата, тие денес излегоа на протест пред Фондот. 

Матичните лекари на протест – ФЗОМ ги скратил лекарствата што смеат да ги препишуваат

Бараат средба со надлежните со цел да се надмине проблемот и да не бидат казнувани. Велат дека е невозможно матичните лекари да ја скратат терапијата за своите пациенти.

- Мојата амбуланта доби 4 казни за пречекорување на лекови. Како јас тие мои 10 вработени да ги исплатам и да им дадам плата. Дали лековите одат на терет на Фондот или на терет на матичниот доктор и пациентот бидејки ако јас на секој 3 месеци издвојувам казна од 1000 е на секои 3 месеци тоа значи дека јас практично ги плаќам лековите на моите пациенти,- Д-р. Анкица Станоевска – специјалист по семејна медицина.

Лекарите се пожалија и од износот на капитацијата, за кој велат дека во период од 20 години бил зголемен 2 пати, до сегашната сума која изнесува 75 денари. Според нивните анализи, а имајки ги во предвид сите трошоци кои произлегуваат од нивната работа матичните лекари велат дека бодот треба да изнесува најмалку 150 денари. Според нив токму овие ситуации се едни од оние кои ги дестимулираат младите лекари да останат во државата.

- Можеби и сме разочарани од системот како и на кој начин работеше и фукционира нашата држава, па може тоа да биде апел да се стави акцентот на младите доктори, затоа што навистина можеме да направиме многу големи промени во општеството, имаме желба,- Д-р. Филип Дракоски – доктор по општа медицина.

- Тешко се наоѓа персонал, тешко се наоѓаат доктори, уште потешко се наоѓаат сестри и фактчки со нашите плати што ние ги нудиме не сме конкурентни на јавниот сервис,- Д-р Љубомир Стефановски – матичен лекар.

На денешниот протест лекарите кажаа дека од Фондот немале слух за нивните барања за средба. Од Фондот преку соопштение до медумите посочуваат дека во моментов прават пресметки за да се утврди зошто е дојдено до оваа состојба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Селин Дион запеа на улиците на Париз заедно со обожувателите (ВИДЕО)

Селин Дион одржа импровизиран настап во Париз за обожавателите кои се собраа пред нејзиниот хотел. 

Селин Дион запеа на улиците на Париз заедно со обожувателите (ВИДЕО)

Пејачката отпеа еден од своите хитови со публиката, а видеото од настанот брзо се прошири.

Дион се појави пред публиката во тесен црн фустан со долг крзнен раб. Додека го пееше својот француски хит од 1995 година, „Pour que tu m'aimes encore“, таа комуницираше со публиката преку гестови и се нишаше во ритамот на музиката.

YouTube video

Концерти по паузата

Пејачката неодамна пристигна во Париз од својот дом во близина на Лас Вегас. Нејзиниот престој не е само одмор, бидејќи овој месец започнува серија концерти во арената „Париз Ла Дефенс“ во Нантер.

Планирани се вкупно 26 настапи за периодот од септември оваа година до мај 2027 година. Тоа е нејзината прва серија концерти откако ја откажа светската турнеја „Храброст“ за 2023 година, бидејќи ѝ беше дијагностициран синдром на вкочанета личност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Техеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на Иран

Иран изврши серија ракетни и напади со беспилотни летала врз американски цели во Јордан, Кувајт, Ирак и Бахреин, како одговор на американските напади врз Исламската Република.

Техеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на Иран

Јорданските вооружени сили соопштија дека пресретнале 13 балистички ракети, од кои 10 биле уништени, додека три паднале во оддалечени области. Иранските медиуми претходно објавија за интензивни напади врз јужен Иран по должината на брегот, како и дека најмалку четворица цивили биле убиени за време на свадба во градот Сирик, по нападите на американските сили во близина на Ормутскиот Теснец. Вашингтон негираше дека воено интервенирал врз цивилни цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористи

Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев.

Путин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористи

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев и дека жестоко ќе одговори доколку биде загрозена безбедноста на руското цивилно воздухопловство, како што се закани украинскиот претседател Зеленски.

Зборувајќи пред новинарите по самитот на шангајската организација за соработка тој реториката на Зеленски ја нарече чин на државен тероризам и оцени дека барањата на киев за директни преговори се апсурдни во моменти кога украинската страна таргетира транспортни правци. Зеленски претходно се закани дека ќе ги нападне руските цивилни аеродроми и ги повика меѓународните авиокомпании да се повлечат од руските коридори тој рече дека рускиот воздушен простор ќе стане небезбеден и дека бројот на беспилотни летала на руското небо ќе се зголеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер