Матичните лекари можат да пропишуваат фластери и никотински гуми за џвакање, додадени како лек за одвикнување од пушење - Канал 5

Матичните лекари можат да пропишуваат фластери и никотински гуми за џвакање, додадени како лек за одвикнување од пушење

12.000 смртни случаи во Македонија годишно како последица од пушење.

Матичните лекари можат да пропишуваат фластери и никотински гуми за џвакање, додадени како лек за одвикнување од пушење

Според истражувањето на Институтот за Јавно Здравје во 2023 година, речиси половина од возрасната популација се изјасниле како активни пушачи кои годишно трошат 617 милиони евра на тутунски производи. Министерот за здравство, Азир Алиу најави дека матичните лекари ќе препишуваат фластери и никотински гуми за џвакање за граѓаните да ги остават цигарите.

-Минситерството за здравство ја ажурираше есенцијалната листа на лекови и во неа првпат се ставени лекови за одвикнување од пушењето и контрацептивните средства. Целта е да се зголеми нивната достапност во нашата држава, да бидат препознаени од јавноста, исто така од фармацевтските компании за нивната потреба. Да се користат и од матичните лекари да можат да ги препишуваат истите,- Азир Алиу – Министер за здравство.

На светскиот ден без тутун, директорката на Институтот за Јавно Здравје, Марија Андоновска посочи дека истражувањето покажало дека 17 проценти од граѓаните во Македонија не го одобруваат пушењето. Загрижувачки се бројките и од истражувањето во училиштата кои покажуваат надминување на европскиот просек за бројот на пушачи под 16 години. Алиу информираше дека законот за пушење веќе ги завршил сите процедури и до крајот на неделава ќе се најде во Влада и во Собрание.

-Процентот е значително над европскиот просек на регионот на СЗО кој изнесува 25 проценти. Дополнително загрижува и фактот што пушењето кај нас во голема мера се смета за општествено прифатлива појава, а само 17% од граѓаните во Македонија изразуваат неодобрување кон пушењето,- Марија Андоновска – Директорка на Институт за Јавно Здравје.

-Законот веќе заврши, ги помина буквално сите филтри и од законодавство, и сите позитивни мислења од сите стејк-холдери. Од сите аспекти законот веќе е завршен и имаме краен документ и како таков ќе биде веќе доставен во собрание.- Азир Алиу – Министер за здравство .

Алиу најави дека законот ќе стапи на сила веднаш откако ќе биде изгласан во Собранието. Овој закон требаше да се најде на владина седница во 24 март, но поради неусогласеност на министерството за здравство и министерството за земјоделство беше ставен на чекање.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер