1Проф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 година
3Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
ЗдравјеМатичните доктори заработуваат и до 5 илјади евра месечно од капитацијаСпоред правилникот за начинот на плаќање на услугите во здравствената заштита секоја категорија на граѓнин има посебна бодовна листа. 315 397 денари или скоро пет илјади евра е највисоката капитација што ја добил матичен лекар оваа година во Јануари и има 3.441 пациент, додека 10 илјади денари е најниската капитација што ја добива матичен доктор кој е на почеток со работата и има 101 пациент, објаснуваат од Фондот за здравство за Канал 5. Според правилникот за начинот на плаќање на услугите во здравствената заштита секоја категорија на граѓнин има посебна бодовна листа. Така на пример пациенти до шест годишна возраст и добиваат 3.1 поен. Еден поен чини 63 денари, значи секој месец за дете до шест години е 195 денари, највисока цена месечено се добива за пациент над 65 години или 3.7 поени што значи без разлика дали пациентот бил на лекар или не добива 233 денари. Најниски поени од 63 денари носат пациентите од 18 до 34 години. По вчерашниот протест на матичните доктори од ФЗОМ со податоци за Канал 5 дека во Македонија просечна месечна капитација кај матичните лекари е 138 000 денари. Според фондот: 26, 5% од матичните лекари земаат по 100 000 денари капитација. 61,1% од од матичните лекари земаат по 100 000 до 200 000 денари 12, 3% од матичните лекари земаат по 200 000 денари Според ФЗОМ во моменотв има 1462 матични доктори. Според ФЗОМ во месечниот надоместок за каптиација вклучени се трошоци за одржување на ординација исплата на плата на лекарскиот тим (лекарот и медицинската сестра); патување на лекарот до и од местото на живеење на осигурените лица за да му пружи здравствени услуги. Од фондот на барањето на матичните доктори за намалување на казнените политики кон нив одоговирја дека казните кои ги добиле се за извршени контроли во 2019 година. Матичните доктори вчера протестираа пред Министерството за здравство, бараат зголемување на бодот, намалување на казните на фондот и измени во делот за препишување на хронична терпија кај пациентите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОценка на Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ за Извештајот на ЕКВо врска со Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ во 2026 Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ ја соопштуваат следната оценка:ЗА ПРОМЕНИ ВНАТРЕ НЕ ТРЕБА ДА ЧЕКАМЕ! Во врска со Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ во 2026 Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ ја соопштуваат следната оценка: Крајно време е сите политички актери да престанат да ги злоупотребуваат Извештаите на Европската Комисија за дневно политички пресметки. Полноправното членство во ЕУ е едно од најважните државни прашања кое ги надминуваат мандатите на една или друга политичка Влада. Никој нема ексклузивно право на евроатлантските интеграции како што и никој не може да си припишува монопол за македонскиот патриотизам. Албанските политички кампуси имаат обврска да излезат од спиралата на меѓусебно обвинување за строго етнички прашања, да создаваат идентитетски проблеми, за потоа да ги злоупотребуваат за нивна меѓусебна политичка пресметка зад која всушност се кријат бизнис, тендерски интереси. Опстанокот и постоењето на висока политичка корупција не може да биде критикувана од творците на скандалозните измени на Кривичниот законик во 2023-та за што Европската комисија и во 2026 нотира сериозни забелешки, а тоа ги засега партиите и од сегашната власт и од опозицијата. Слободата на медиумите не може да ја бранат оние кои секојдневно го контаминираат јавниот дискурс со приземен речник и пласирање клевети и навреди за сите кои мислат поинаку. Крајно загрижувачки се податоците за драматичниот пад на повратот на ДДВ кон стопанството, нотирани во Извештајот. Владата од собрани 100 денари ДДВ, во законски предвидениот рок врши поврат на само 14,3 денари со што и согласно ЕУ стандардите е извршна власт со најлош економски учинок. Поздравуваме што и покрај сите предизвици, отстапки и разочарувања на европскиот пат, високото мнозинство во земјата сеуште го подржува полноправното членство на Македонија кон ЕУ. Позитивните резултати на Македонија за активното вклучување во Планот за раст за Западен Балкан, засилените напори за спроведување на Реформската агенда и целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ уште еднаш ни потврдува дека за клучните внатрешни реформи недостасува политичка волја. Борбата против корупцијата, реформите на политичкиот систем, изборното законодавство за да се спроведат внатре во општеството не треба да го чекаме полноправното членство во ЕУ. Ако нѐ бива за планот за раст каде очекуваме пристап до европските фондови, тогаш, ако навистина постои политичка волја можеме да ги направиме неопходните внатрешни реформи на сите нивоа. Извештајот за напредокот кон ЕУ не упатува на следните заклучоци: Европската иднина на Македонија не смее и понатаму да биде жртва на тесно партиски интереси; Фактот што ЕК најавува можност за постепена интеграција во ЕУ нам ни треба итен и национално усогласен државен план за (ре)приклучување во групата со Албанија и Црна Гора; Време е за акција за конечно градење на македонско политичка и мултиетничка унификација на позициите за неопходните уставни измени и основни правни гаранции без кои не можеме да направиме чекор напред кон полноправното членство во ЕУ; Веднаш да се направат неопходните измени на Изборното законодавство и да се воведе една изборна единица и отворени листи што е најважен предуслов за демократизација на политичката понуда, вистинско зајакнување на пратеничките мандати и отчетноста кон избирачите; Спроведување на уставно-законски измени кои ќе спречат застарување на кривичното гонење за кривични дела сторени со политичка корупција од избрани и именувани лица; Испитување на потеклото на движен и недвижен имот на сите сегашни и претходни избрани и именувани лица и нивните потесни семејства. ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ЖивотПроф. д-р Вера Георгиева добитничка на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2026 годинаЗапочнувајќи од 2023 година Филозофското друштво на Македонија ја доделува наградата „Константин Философ“ за животно дело. Оваа година Конкурсот за наградата беше распишан на 26 март, а пријавувањето траеше до 1 октомври 2026 година. Комисијата за доделување на наградата, во состав: проф. д-р во пензија Иван Џепароски, дописен член на МАНУ (претседател), проф. д-р Слаѓана Ристиќ Горгиев и проф. д-р Трајче Стојанов (членови), едногласно одлучи добитничка на наградата за животно дело за 2026 година да биде проф. д-р Вера Георгиева. Во подолгото образложение на одлуката Комисијата констатира дека „проф. д-р Вера Георгиева во својата досегашна професионална дејност се издвојува како една од најзначајните и најпрепознатливите филозофски автори во нашата земја. Таа, како автор на неколку монографски изданија и на многубројни научни трудови во еминентни научни списанија, како учесник на голем број научни симпозиуми во земјата и во странство, со својот минуциозен пристап во доменот на историјата на филозофијата, а особено во рамките на прашањата и темите поврзани со византиската филозофија, секогаш успева на соодветен и на прецизен начин да ги толкува сложените филозофски прашања поврзани со античката и византиската филозофија.“ Понатаму, Комисијата истакнува: „Како со својата научноистражувачка дејност, така и со својот педагошки ангажман и харизма, но и со напорите за поширока афирмација на значењето и вредноста на филозофијата, Георгиева на најдобар начин ја реализира просветителската мисија на филозофскиот ангажман. Со тоа останува верна на духот на делото на Светите Кирил и Методиј – големите византиски мислители и општествено-културни дејци на поширокиот европски и словенски простор, патроните на нашиот универзитет, на кој таа го помина целиот свој работен век“. Проф. д-р Вера Георгиева (1950) е интегрален дел на т.н. втора генерација македонски филозофи. Магистерската теза „Хајдегеровото толкување на Хераклитовиот логос“ ја брани на Филозофскиот факултет во Белград, додека докторската дисертација „Антрополошките импликации во филозофијата на исихазмот“ ја одбранила на Филозофскиот факултет во Скопје (1991). Од 1975 година па сè до заминувањето во пензија (2017) професионалниот ангажман го врзува со Катедрата/Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, каде што низ годините ги предава предметите: Античка претсократовска филозофија, Античка систематска филозофија, Средновековна и ренесансна филозофија, Византиска филозофија, Арапска (исламска) филозофија, Еврејска филозофија, Толкување на историјата на филозофијата, Филозофија (општ курс). Голем број од тие предмети во универзитетскиот курикулум се воведени токму од неа, како на пр. Византиска филозофија (1999), предмет којшто има пошироко значење за нашата академска и културна заедница. Авторка е на четири монографии, како и на многубројни научни и стручни трудови публикувани во реномирани домашни и меѓународни списанија/зборници. Георгиева во два мандата била Претседател на Редакцискиот одбор на Годишниот зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, а била член и во одборите за доделување на наградите „Гоце Делчев“ и државната награда „Св. Климент Охридски“. Од 2012 до 2016 година проф. д-р Вера Георгиева ја извршувала функцијата на Сенатор на УКИМ. Свеченото врачување на наградата „Константин Философ“ за животно дело ќе се одржи на 17 ноември 2026 година со почеток во 9 часот, во Свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје, во рамките на 23. одбележување на Светскиот ден на филозофијата, во организација на Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија. Настанот е отворен за јавноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Славески и Мицкоски дадоа дозвола за банка на човек што држеше менувачницаНикаде во светот ниту една банка не би дала дозвола за работа на човек што е сопственик на менувачница. Давор Мацура прво доби дозвола од Вучиќ, па потоа од Мицкоски. Како поинаку човек што нема никакво банкарско искуство може да добие дозвола да биде сопственик на банка? Прво Вучиќ му обезбеди кредит да купи банка и пари од граѓани, јавни претпријатија и компании што учествуваа во криминални партиски тендери, па потоа Мицкоски дозвола и пари на ист начин како и Вучиќ. Пари на граѓаните на Македонија. Истиот тој Мацура е човекот што од трезорот на својата банка изнесе 380 милиони евра. Пари што биле пријавувани во Народната банка на Србија, а никогаш не стигнале до трезорот. Народната банка на Србија прво рече сè е во ред. Истата вечер ја одзеде дозволата за работа на Алта банка. Гувернерката во Србија мораше тоа да го направи сфаќајќи дека ќе одговара. Исто беше во Македонија. Гувернерот Славески рече сè е во ред, а веќе по 24 часа воведе присилна управа. Она што е битно е дека сè е јасно и дека нема да можат да избегнат одговорност. Сè е во документите и трансакциите. Сè е забележано. Гувернерката во Србија веќе имаше разговор со обвинителството. Таму се апсат луѓе од режимот на Вучиќ секојдневно. Од кога Вучиќ дојде на власт, правосудството не си ја работеше својата работа. Само работеше по негов налог. Истата работа ја прави и Мицкоски, како негов ментор и шеф на организираната криминална група. Европската комисија веќе неколку пати предупредува на влијанието на „српскиот свет“, мислејќи на Вучиќ и СНС. Веќе неколку извештаи наназад, во текот на една година, има опомени за обвинителството кое е под контрола на Мицкоски. Предупредува за слободата на медиумите. Орбановите медиуми што сочинуваат 40% од македонските добија поддршка од медиумите на Вучиќ - Ало групацијата и лиценцата за Euronews. БИА соработници во владата и медиумите, а нивно финансирање преку Алта банка. Купување на сопственици на портали преку лотарија и директно плаќање преку реклами. Правење атмосфера како да сме Северна Кореја. Ист модел на автократски режим на Александар Вучиќ. Негови претставници, хулигани - стануваат почесни конзули на нашата земја, додека продаваат струја и броила. Исти бизнис шеми на Вучиќ и Мицкоски. Во Србија, по одржаните избори и падот на режимот на СНС, се апсат и ќе одговараат сите што беа во системот на корупција и криминал. Се затвораат и медиумите на Вучиќ. Истрагите се во тек, милионски суми биле уплаќани на медиумите од државните компании. Мицкоски знае дека и него го чека истото. Затоа Мицкоски толку се бори да ја продаде банката, за да не мораат да ги отворат сметките во битолската банка. Затоа што отворањето на тие сметки е отворање на пандорината кутија. Затоа се врши притисок врз две банки што треба да ја преземат на себе сокривањето на тие сметки. Не постои банка што би сакала да купи такво портфолио од сопственик на менувачница. Полицијата и обвинителството мора да постапат во овој случај на Алта банка. Не смее повеќе да се чека. Ако не постапуваат според законот и заклетвата што ја дадоа на граѓаните, а не на Мицкоски, знаат дека ги чека истата судбина како и нивните колеги од Србија. Правдата ќе биде задоволена. Власта наскоро повторно ќе биде во рацете на народот, а оваа организирана криминална група на чело со арамијата Мицкоски ќе одговара. Кулата од карти почна да паѓа. Армагедон почна во Србија, наскоро доаѓа и кај нас. Македонија ќе биде ослободена од бандата! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00