Неколку стотици исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето во Непал, на границата со Тибет
2Неколку стотици исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето во Непал, на границата со Тибет
3Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
1Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница
ЗдравјеМатичните доктори на штрајк: Секој пациент ќе мора да чека верификациски код, пред прегледМатичните доктори со едночасовниот протест против новите измени во начинот на пријава на пациент во неговиот картон која без претходна најава наложила задолжителна верификација на мобилните телефони на пациентите.Матичните доктори со едночасовниот протест против новите измени во начинот на пријава на пациент во неговиот картон која без претходна најава наложила задолжителна верификација на мобилните телефони на пациентите пред да им се овозможи лекарски преглед. Матичните доктори реагираат дека прво многу доцна било кажано за нови промени што почнуваат од понеделник и никој не ги консултирал. И дел од пациентите немаат мобилен и ќе се губи време за да се чека пациентот да добие код кој ќе му го даде на матичниот доктор за да влезе во неговото медицинско досие. Доктор Драган Ѓорѓиевски реагира на новиот начин со кодови дека не носи никаков бенефит ниту за матичниот ниту за пациентот. Додека бевме кај него во ординација тој чекаше за една пацинтка код повеќе од десет минути а кај друга пациентка пет минути. А во ходникот цела колона на пациенти. Ѓорѓиевски вели дека треба сериозни реформи за помош на пациентите и враќање на докторите да се медицинари а не администратори. И од Здружението на приватни матични лекари со рекација дека не може да има реформи без да има претходна најава и комуникација со оние кои треба да ја спроведат. Таа вели дека ако некој нема мобилен а возрасни луѓе и немаат не може да се направи преглед. Од министерството за здравство со писмено соопштение дека оваа опција е со цел навреме да се добие известува за закажни термини и други здравствени услуги со цел да се намалуваат пропуштените прегледи. -Во моментов, процесот сè уште не е задолжителен. Но, во наредниот период ќе стане обврска при посета кај матичниот лекар. Сепак, системот предвидува исклучоци во одредени случаи. Кога станува збор за итни медицински случаи – внесување во системот без верификација. Децата и изнемоштените лица можат да бидат верификувани преку друго лице – еден телефонски број за повеќе пациенти. Матичните објаснуваат дека закажните прегледи со преглед со код кај матичен нема никаква поврзаност со новиот систем. Тие засега не најави ја нови протести. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
СветТрамп: Поради смртта на Доли Партон, знамињата во САД една недела на половина копјеАмериканскиот претседател Доналд Трамп нареди во чест на американската кантри пејачка и актерка Доли Партон, која почина вчера, знамињата во САД да се спуштат на половина копје во текот една недела.Ова е вистинска загуба за милиони луѓе. Никогаш немало никој како неа, ниту некогаш ќе има. Почивај во мир, Доли. Светот те сака, напиша Трамп на социјалните мрежи. Легендарната американска пејачка, текстописец и икона на кантри музиката почина на 80-годишна возраст, а дел од медиумите објавија дека таа се борела со канцер. Партон освои 11 греми награди, меѓу кои и за животно дело. Со 160 милиони продедени албуми се сметаше за една од најуспепните кантри пејачки на сите времиња. Тагови: Доли Партон Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНеколку стотици исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето во Непал, на границата со ТибетСтотици луѓе се водат за исчезнати, од кои околу 300 странски државјани и туристи, во ненадејните поплави кои го зафатија регионот на границата меѓу непал и тибет.Непалските власти проценуваат дека загинале неколку десетици луѓе, а дека трагаат по речиси 400, повеќето странци. Министерот за надворешни работи на непал соопшти дека причина за поплавите бил земјотрес, кој предизвикал големи свлечишта и масивни лизагања на земјиштето. Би-Би-Си објави дека најголем дел од исчезнатите биле индиски државјани, но и 12-мина британски. This is seriously scary. CCTV footage from Gyirong Port in Tibet, China, directly opposite Nepal’s Rasuwa district. This flash flood hit here first and later caused massive havoc in Nepal. Can’t even imagine someone surviving this. Prayers for everyone affected. 🙏 https://t.co/o805P8KGSu pic.twitter.com/31QzZ64aBD — Nikhil saini (@iNikhilsaini) August 26, 2026 Тагови: Непал тибет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПет пожари се активни, од вкупно 14 што избувнале денеска, соопшти ЦУКДо 13 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.Од нив, се уште активни се пет пожари, три се ставени под контрола, а шест се целосно изгаснати. Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот зафаќа мешана шума во реонот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале. Пожар е активен и во реонот на селото Трново во општина Гостивар, со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод. Таму гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат. Во општина Росоман активен е пожар кај селото Манастирец, каде се зафатени лозови и овошни насади. Пожар има и кај селото Тисовица во општина Зелениково, каде гори мешана шума и ниска вегетација, како и над селото нежилово во општина Чашка, во месноста Сватови, каде се зафатени ниска вегетација и смреки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter