Матица на иселениците од Македонија на фестивал во Анталија - Канал 5

Матица на иселениците од Македонија на фестивал во Анталија

Неописливо е чувството и емоциите кои навираат кога три дена, од различни народи од светот, слушаш восхитени извици „Македонија!“, „Македонија!“. И да само Македонија. 

Матица на иселениците од Македонија на фестивал во Анталија

„Македонија! Македонија!“ онака како што ние ја изговараме, не на нивните јазици или на англиски, беа извиците на Турци, Монголци, Иранци, Романци, Азербејџаници, Киргистанци, Туркменистанци, Кинези, Јапонци, Ерменци, Италијани, Хрвати, Срби, Бошњаци, па дури и Бугари и многу, многу други народи од секаде во светот.

Неописливо е чувството и емоциите кои навираат кога три дена, од различни народи од светот, слушаш восхитени извици „Македонија!“, „Македонија!“. И да само Македонија. На фестивалот во Анталија за сите посетители и земји учеснички бевме само Македонија.

Анталија Јорук Туркмен фестивалот започна со дефиле на сите учесници, облечени во своите народни носии, низ центарот на Анталија. Оттука сите се упатија на местото на фестивалот, 400 декари простор, каде беа поставени шатори за секоја земја и група учесничка на фестивалот. Македонскиот шатор беше претворен во мал музеј со етнолошки предмети од Најмалиот етно музеј на светот, од Џепчиште, на Симеон Златев – Моне. Пред шаторот беа поставени два банери на кои беа изложени цртежите на женска и машка народна носија, на Марија Малахова од албумот „Македонски народни носии“ од 1963 година.

Посебна атракција пред македонскиот шатор беа свирачите од фолклорнто студио „Блажевски“ Мартина, Мартин, Матеј и особено Душан, душа од дете, кој неуморно свиреше на гајда и зурла и привлекуваше гости кон шаторот. Во шаторот Симеон Златев, или како што сите го нарекуваа, чичко Моне, на посетителите им објаснуваше за предметите (керамика, бронза, накит, носии, предмети за сточарство, колекција за кафе, колекција за тутун...), а со бариерите во јазикот му помагаа на турски и англиски Мелиса, Инес, Наталија и Филип. Секој еден што ќе влезеше во македонскиот шатор сакаш да се фотографира со предметите и со чичко Моне, со свирачите и играорците облечени во македонски народни носии. Сакаа да понесат со себе дел од нашата култура, дел од Македонија преку фотографија и пропаганден материјал (знаменца, брошури, книги).

Македонскиот фолклор беше претставен на вториот ден на фестивалот на главната бина. Играорците од ФС „Блажевски“ (Јуле, Симона, Анабела, Калина, Теодора, Теа, Радован, Перо, Димитар, Драган, Давит, Андреј, Александар и Стефан) заедно со музичарите ги изведоа машкото оро „Ајдучко“ и кореографската поставка „Пијанец“ и девете во кореографија на Јовица Блажевски. Меѓу двете кореографски поставки музичарите (Мартина, Матеј, Мартин и Душко) го отсвиреа Пиринско оро.

Вториот ден на фестивалот, македонскиот шатор го посети и градоначалникот на Анталија Мухитин Бочек кој со задоволство и особено внимание ја разгледа македонската изложба и се интересираше за предметите. На градоначалникот му се заблагодаривме за посетата со пригодни подароци (македонско занме и знаме на Матица на иселениците од Македонија, книга од Најмалиот етно музеј на светот, брошури за Македонија, ЦД од ФС „Блажевски“...) а му врачивме и плакета од бронза „Матицата на иселениците од Македонија“.

Особено не’ израдува екипата на Министерството за култура на Турција која ја посети нашата изложба, снимаше и побара изјави за претставување на Македонија.

Македонските природни и културни богатства беа претставени преку видеото „Македонска љубовна приказна“ чиј автор е Гонца Перунковска од Македонскиот национален совет во Швајцарија, а со свои фотографии учествуваат десет фотографи од Македонија: Наце Попов, Билјана Јуруковски, Владимир Јовановски, Дуле Дамјановски, Гордан Ристовски, Доријан Миловановиќ, Зоран Карапанчев, Ристе Спироски, Ристе Стамаџиев, Маја Крстевска Коларова, Горан Анастасовски, Гонца Перунковска. Музиката во видеото е на групата „Синтезис“ и Драган Даутовски квартет.

На фестивалот, кој траеше од 3 до 5 ноември се претставија 81 здружение и 25 општини. Фестивалот беше во знакот на одбележување 100 години од формирањето на турската Република на Кемал Ататурк. Јуруците од сите делови на светот ги претставија своите традиции и обичаи. Јуруците создадоа прекрасна атмосвера со нивната шарена традиционална облека, уникатна музика и храна. Оние кои го посетија фестивалот имаа можност да вкусат локални деликатеси. Пред шаторите беа изложени сувенири кои ја прикажуваат културата на Јуруците. Гостите кои сакаа да ја обиколат областа имаа можност да јаваат на камили и коњчиња. Беа организирани и демонстрации на стрелаштво со коњи кои го одземаа здивот на публиката. Низ разговорите одржани во научниот шатор беше претставена културата на Јуруците. Културите на другите народи беа претставувани во нивните шатори.

Матица на иселениците од Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“.

Успех во сенка на неуспехот

Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот.

Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“.

„SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот.

НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер