3Петрушевски: Со обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно и за состојбата во СДС, Филипче и талогот на СДС се на добар пат да се самоуништат
Други спортовиМатевски победник на пингпонгарскиот турнир за ветерани во КумановоФиле Матевски е победник на ветеранскиот пингпонгарски турнир во Куманово одржан викендот по повод Денот на ослободување на градот 11-ти Ноември. На овој 14-ти по ред турнир настапија многу од повозрасните вљубеници во спортот.Пласман на најдобрите: 1. место Филе Матевски 2. место Мирослав Симиќ 3. место Боро Варошлија и Вили Ангелов. Исто така, во текот на вчерашниот ден започна новата сезона во Јуниорска лига за мажи и жени. Резултати: 1. коло, машки: Патриоти - Дебар Маало 0:3 Куманово - Астраион 0:3 Рисови - Младост 96 0:3 Пелагонија - Пелагонија 2 0:3 Екипата на Борец ТИМ е слободна во првото коло 2. коло: Младост 96 - Пелагонија 1:3 Астраион - Рисови 3:0 Дебар Маало -Куманово 0:3 Борец ТИМ - Патриоти 0:3 Екипата на Пелагонија е слободна во второто коло 3. коло: Куманово - Борец ТИМ 3:0 Рисови - Дебар Маало 0:3 Пелагонија - Астраион 1:3 Пелагонија 2 - Младост 96 0:3 Женски - есенска полусезона: Младост 96 - Пелагонија 3:0 Пелагонија - Младост 2:3 Младост - Младост 96 2:3.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
ЕвропаИлјадници демнонстранти во Мадрид бараат оставка од Санчез поради мигрантите на СеутаИлјадници луѓе, носејќи шпански знамиња, се собраа денес во центарот на Мадрид за да протестираат против начинот на кој левичарската влада на премиерот Педро Санчез ја управува ситуацијата во шпанската енклава Сеута во Северна Африка.Илјадници луѓе, носејќи шпански знамиња, се собраа денес во центарот на Мадрид за да протестираат против начинот на кој левичарската влада на премиерот Педро Санчез ја управува ситуацијата во шпанската енклава Сеута во Северна Африка, каде што пред два месеци влегоа 72.000 мигранти од Мароко. Демонстрантите, собрани од конзервативната платформа Sociedad Civil Española под слоганот „За достоинство и одбрана на Шпанија“, побараа оставка од премиерот и распишување предвремени избори. Лидерите на десничарските опозициски партии Partido Popular (PP) и Vox учествуваа на состанокот. „Сеута е сè уште окупирана затоа што Санчез е сè уште марокански слуга“, рече шефот на Vox, Сантијаго Абаскал. Демонстрантите го поздравија со аплауз и извици „Претседател, претседателе!“. „Денес сме на улица заедно со граѓанското општество“, рече тој додека се обраќаше пред медиумите. Околу 8.300 мигранти се сместени во различни прифатни центри во Сеута Демонстрантите се упатија кон Триумфалната капија, која се наоѓа во близина на владината зграда. Маршот се одржа во време на заострена политичка и социјална дебата за ситуацијата во градот Сеута, каде што сè уште има голем број мигранти кои влегоа во градот за време на масовниот прилив на крајот на јули. Околу 8.300 мигранти се сместени во разни прифатни центри во Сеута, додека околу 4.000 сè уште живеат на улиците и плажите. На почетокот на септември, на официјалниот Ден на Сеута, илјадници луѓе учествуваа во протести низ цела Шпанија во поддршка на локалните жители. Тагови: Мадрид Сеута Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваРијана позира во црвена чипка од својата нова колекција на долна облека (ФОТО)Ријана продолжува да ја промовира својата линија долна облека Savage X Fenty. Пејачката и претприемачка објави серија нови фотографии на Инстаграм на кои позира во црвен чипкаст ансамбл од свој бренд. На фотографиите, таа носи црвен чипкаст градник и соодветни гаќички. Станува збор за модели во нијанса Timeless Red, а градникот е направен од еластична чипка, нема постава и има прилагодливи ремени и копче на задната страна. Колку чини комплетот? Цените на производите на Savage X Fenty варираат во зависност од членството и тековните промоции. Сличен црвен чипкаст модел од понудата на брендот, кој е означен и како „Rihanna's Pick“ на нивната страница, чини 56,95 евра за клиенти кои не се членови, додека новите членови моментално можат да го купат за 22,78 евра. View this post on Instagram A post shared by badgalriri (@badgalriri) Таа постојано ја промовира својата облека на Инстаграм Новите фотографии се само продолжение на промотивната стратегија на Ријана. Таа редовно ги претставува своите колекции долна облека лично, па неодамна објави фотографии во црно-бел сет со огрмушки, како и во жолто летно издание. Пред тоа, таа позираше во неглиже со животински принт и сет од три дела во корално црвена боја со цветен дезен. Нејзините објави редовно го привлекуваат вниманието на нејзините следбеници. „Токму тоа ни требаше“, е еден од коментарите. Други напишаа: „Го испуштив телефонот! Ни треба предупредување за оваа голема жештина!“ и „Кралицата се врати“.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндоновски: Уште едно исполнето ветување, нов Центар за услуги за граѓаните на КочаниМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска е во работна посета на Општина Кочани, каде што заедно со градоначалникот Влатко Грозданов го промовираше новиот Центар за услуги – ЕТУ Кочани. Со отворањето на центарот, жителите на Кочани и околината добиваат можност на едно место да пристапат до електронските услуги и да добијат поддршка при нивното користење. Во изјавата за медиумите, Андоновски ја истакна важноста на приближувањето на дигиталните услуги до граѓаните, особено до оние на кои им е потребна помош при поднесувањето електронски барања. „Со овој Центар за услуги им го олеснуваме пристапот на граѓаните на Кочани до услугите на институциите. Овде ќе можат да добијат помош за користење на Националниот портал uslugi.gov.mk, да поднесат барање за потребниот документ и полесно да ги завршат своите административни обврски. Нашата цел е дигитализацијата да биде достапна за секого и да носи конкретни придобивки во секојдневниот живот“, истакна Андоновски. Преку новиот центар, граѓаните ќе имаат пристап до електронските услуги достапни на Националниот портал uslugi.gov.mk, меѓу кои се издавање извод од матичната книга на родените, документи од казнената и кривичната евиденција, како и услуги од Агенцијата за катастар на недвижности, Фондот на ПИОМ и други институции. Министерот им се заблагодари на градоначалникот Грозданов и на Советот на Општина Кочани за поддршката и соработката во реализацијата на проектот, нагласувајќи дека заедничкиот ангажман на централната и локалната власт е значаен за подобрување на услугите за граѓаните. „По бесплатните Wi-Fi зони што ги доби Кочани, денес реализираме уште едно ветување кон граѓаните. Благодарност до градоначалникот и до Советот на Општината што ја препознаа важноста на овој проект и придонесоа за неговата реализација. Со ваква соработка создаваме услови граѓаните побрзо и поедноставно да доаѓаат до услугите што им се потребни“, посочи Андоновски. Градоначалникот Влатко Грозданов му се заблагодари на министерот Андоновски за соработката и за исполнувањето на ветувањата кон граѓаните на Општина Кочани, истакнувајќи го значењето на новиот центар за жителите на општината и околината. Во рамки на работната посета, предвидено е министерот Андоновски да оствари средби и со претставници на компании од ИТ-секторот, како и со членовите на СТЕМ-клубот за роботика од Кочани. Стефан Андоновски, Министер за дигитална трансформацијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05