Матарела: ЕУ се наоѓа во најкритичниот период

Претседателот на Италија, Серџо Матарела денеска изјави дека Европската унија минува низ можеби најтешкиот период досега во својата историја.

Тој денеска упати порака по повод Денот на Европа, со кој се слави декларацијата на Роберт Шуман од 1950 година која доведе до создавање на ЕУ.

- Европската историја минува низ својот можеби најкритичен период од почетокот на процесот на интеграција. Безбедноста на нашиот континент е разнишана од конфликти кои не сме ги доживеале во последно време. Би било илузија да се прифатат кризите во регионот како изолирани жаришта, изјави шефот на италијанската држава.

Матарела зборуваше и за изборите за Европскиот парламент кои ќе се одржат следниот месец.

- За неколку недели граѓаните на 27-те земји членки ќе излезат на гласање за да изберат нов Европски парламент. Тоа е одлична вежба на демократијата во која стотици милиони гласови имаат можност и поврзана одговорност да станат лидери на сопствената иднина, рече италијанскиот претседател.

- Со учество во гласањето, ќе можеме да ја обликуваме владата на обединета Европска унија – мирна, динамична и способна да ги усогласи различните гледишта на луѓето врз основа на принципите на солидарност, заклучи тој.

Одбележан Денот на Логистичка база - еден од главните столбови на Армијата

Во изминатите години вие припадниците на Логистичката база ја покажавте вашата професионалност и подготвеност со пружање на логистичка пооддршка на единиците на Армијата.

Логистичката база е клучен елемент во справувањето со предизвиците како еден од главните столбови на Армијата на Република Македонија, истакна заменик-министерот за одбрана Тирон Јајага честитајќи го 20 Мај - денот на Единицата на воената свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје.

На свеченоста на највисоката единица од доменот на логистиката во Армијата на кој присуствуваа началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, армиски генерали, претставници од Министерството за одбрана и Генералштабот, команданти на команди и единици на Армијата и други гости, Јајага го потенцира придонесот на Логистичката база како важен сегмент во Армијата.

-Логистичката база и нејзиниот персонал активно придонесува во секоја активност на припадниците на Армијата во и вон границите на нашата држава, било тоа да е вежбовна активност или пак континуирано обезбедување на логистичка поддршка на составите кои се упатуваат во мировни мисии и во обезбедување на јужната граница, но и логистичка поддршка на сите вежбовни активности и транзит на силите на НАТО и партнерските наши земји. Придонесот кој го дава оваа база е круцијален во насока на успешно справување со предизвиците, а ние граѓаните тоа многу добро го знаеме. Секогаш кога е потребно припадниците на нашата Армија се први во поддршка на населението и на останатите институции во земјата, било тоа да се кризни состојби или состојби настаните од природни непогоди или креаирани од човекот. За жал би констатирал дека светот денеска живее во време кога овие вториве се се повеќе актуелни, каде голем број човечки животи се загрозени и каде за жал има голем број жртви директно од борбени дејствија, рече Јајага.

Во изминатите години вие припадниците на Логистичката база ја покажавте вашата професионалност и подготвеност со пружање на логистичка пооддршка на единиците на Армијата.

-Од ова место да ви порачам да продолжите со вашиот професионализам затоа што успехот на вашата единица поддразбира успех на нашата цела Армија, а ние ќе продолжиме да придонесуваме во обебзеудваме на сите потребни ресурси за ваше беспрекорно функционирање, порача заменик-министерот за одбрана Јајага честитајќи го денот на Единицата.

Честитки по повод Денот на Единицата упатија и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, како и командантот на Логистичка база полковник Мухарем Мухареми.

За Денот на единицата, согласно програмата,по пригодните обраќања беа доделени стимулативни мерки за припадници на единицата.

Логистичката база го прославува 20 мај, во спомен на денот кога во 1876 година почнало Разловечкото востание и првите логистички подготовки за неговото отпочнување.

Едерсон ќе го пропушти Купот на Америка поради скршеница на дланката

Голманот на бразилската репрезентација и Манчестер сити, Едерсон ќе го пропушти Купот на Америка, објави прес-службата на Бразилската фудбалска конфедерација.

На 16 мај се дозна дека по натпреварот со Тотенхем (2:0) на голманот му била дијагностицирана скршеница на десната дланка.

Местото на Едерсон ќе го заземе голманот на Сао Паоло Рафаел.

Копа Америка ќе се одржи во САД од 20 јуни до 14 јули.

Реконструирана училишната спортска сала вп ООУ „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров финишираше со реконструирањето на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“, која е веќе пуштена во употреба.

При реконструкцијата изведен е менување на подот во салата каде беше поставен нов гумиран под, бојадисување, молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование, целосно нова вентилација и опремување со нови спортски реквизити.

Овој проект беше неопходен за нормално одвивање на часовите по физичко образование на основците. Со негово завршување, направен е чекор плус во создавањето добри услови за настава во една од шесте образовни институции во Ѓорче Петров.

Проектот е реализиран во соработка со Министерството за образование и наука.

Општина Ѓорче Петров

притисни ентер