Масовни демонстрации во Прага во знак на поддршка за претседателот Петр Павел(ВИДЕО) - Канал 5

Масовни демонстрации во Прага во знак на поддршка за претседателот Петр Павел(ВИДЕО)

Десетици илјади луѓе денеска излегоа на улиците на чешката престолнина за да ја покажат својата поддршка за либералниот претседател Петр Павел.

Масовни демонстрации во Прага во знак на поддршка за претседателот Петр Павел(ВИДЕО)

Демонстрантите одговорија на повикот на иницијативата „Милиони моменти за демократија“ и се собраа на два големи плоштади во центарот на Прага.

Спорот сѐ повеќе ескалира меѓу претседателот и десничарската влада предводена од милијардерот Андреј Бабиш.

Организаторите на протестот тврдат дека се собрале помеѓу 80.000 и 90.000 учесници.

Конфликт околу назначувањето на министерот

Претседателот Петр Павел одбива да го назначи почесниот претседател на партијата Мотористи, Филип Турек, за министер за животна средина.

Павел појасни дека причината за ова биле контроверзните изјави на Турек, за кои рече дека не се компатибилни со улогата на министер во демократијата.

Тој јавно обвини дека министерот за надворешни работи и колега од партијата на Турек, Петр Мацинка, се обидел да го уценува поради ова.

Се тврди дека 40-годишниот Турек давал расистички и сексистички коментари во објавите на социјалните мрежи.

Политичка криза во Чешка

Павел, кој е на чело на Чешка од март 2023 година, им се заблагодари на демонстрантите за нивната поддршка во објава на X.

Во вторник, опозицијата планира да покрене гласање за недоверба на владата поради обвинувања за притисок врз претседателот.

Сепак, шансите за успех се мали.

Коалицијата на партијата на Бабиш АНО, Моториста и крајно десничарската партија Слобода и директна демократија има мнозинство од 108 од 200 места во Долниот дом на парламентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фнидек во вонредна состојба по мигрантската криза

По масовниот наплив на мигранти кон шпанската енклава Сеута, состојбата во соседниот марокански град Фнидек останува крајно напната.

Фнидек во вонредна состојба по мигрантската криза

Властите воведоа засилени безбедносни мерки, додека стотици луѓе и натаму се обидуваат да стигнат до Европа.

Плажите во Фнидек се обезбедени со жичени огради и засилено полициско и воено присуство, со цел да се спречат нови обиди за нелегално преминување на границата со Сеута.

Мигрантите кои се вратија од шпанската енклава сведочат за тешки услови, недостиг на храна и насилство, додека многумина и понатаму не се откажуваат од обидите да стигнат до Европа.

Експертите оценуваат дека мигрантскиот бран е последица на влошените односи меѓу шпанија и мароко, поврзани со спорот за западна Сахара. Според проценките, во обидот за влез во сеута учествувале повеќе од 50 илјади луѓе.

Во меѓувреме, Европската унија подготвува итен состанок на министрите за внатрешни работи, на кој ќе се разгледуваат натамошните чекори за справување со мигрантската криза и зајакнување на соработката со Мароко.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија

Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика.

Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија

Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика, каде еден од пожарите се доближи на само неколку километри од градот Мегара, кој е лоциран околу 50 километри западно од Атина. Градоначалникот ја оцени состојбата како хаотична, додека жителите на повеќе населени места добија предупредувачки пораки за евакуација.

Во гаснењето на пожарите се ангажирани стотици припадници на службите за итни интервенции, меѓу кои и пожарникари од Романија и Франција. Само во областа Порто Гермено се распоредени речиси 500 пожарникари, а дополнителни околу 100 интервенираат на северот од Пелопонез. Според грчката противпожарна служба, низ земјата се регистрирани 73 шумски пожари, од кои 51 избувнале во еден ден.

-Не знам. Пожарите се активни многу денови. Овде има црква, а изутринава видов на телевизија дека областа ја зафатила пожар. Пожарите се на 1 км далечина од овде. Фрустриран сум. Ми изгореа маслиновите дрва овде, а пожарот се уште е активен,- Тасос Ѕемпеликос - Локалец.

Првичните проценки покажуваат дека од почетокот на пожарите во Грција изгореле повеќе од 10 илјади хектари шума, како и куќи, штали и земјоделски површини. Како можна причина за големиот пожар кај Мегара се посочуваат небрижност на локалното население а во врска со случајот приведени се две лица.

-Пожарот е активен од вчера доцна вечерта. Очигледно е дека не може сегде да има пожарникари. Ние како локално население правиме се што можеме да помогнеме. Се мобилизиравме и на своите поседи го чиниме истото, да видиме дали е изгорено. Дали нешто е потребно да направиме до еден км од овде,- -Манолис Далас - Жител од регионот на Атика.

Трагедијата дополнително ја засени операцијата за гаснење откако кај Псата, западно од Атина, се судрија два противпожарни хеликоптери од типот „Бел“. Во несреќата загинаа дански пилот и грчки координатор, додека британскиот пилот и неговиот грчки колега беа повредени. По налог на обвинителството, полицијата спроведува истрага за причините за судирот. Со ова, бројот на жртви поврзани со пожарите во Грција се искачи на пет, откако претходно животот го загубија и тројца пожарникари.

Со големи пожари деновиве се соочува и поширокиот регион на јужна Европа. Високите температури, долготрајната суша и силните ветрови ја отежнуваат работата на пожарникарите во Франција и Шпанија, каде службите остануваат во состојба на висока подготвеност поради зголемениот ризик од нови огнени жаришта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Околу 50 тони небезбедна храна открила АХВ во првата половина од годината

Речиси педесет тони  небезбедна храна уништиле или вратиле инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Околу 50 тони небезбедна храна открила АХВ во првата половина од годината

Најчеста причина за заплена на небезбедната храна биле изминат рок на употреба, непознато потекло, нерегистрирани оператори..

Повеќе од Елизабета Дамјановска Спасеноска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер