Масовна пукотница во САД: Тројца тинејџери загинаа, 14 се повредени (ВИДЕО) - Канал 5

Масовна пукотница во САД: Тројца тинејџери загинаа, 14 се повредени (ВИДЕО)

Три лица загинаа, а 14 се повредени во масовна пукотница што се случи денеска во американската сојузна држава Ново Мексико, соопштија локалните власти.

Масовна пукотница во САД: Тројца тинејџери загинаа, 14 се повредени (ВИДЕО)

Пукотницата се случила во парк во градот Лас Крус, околу 22 часот по локално време, објави полицијата на Лас Крус на социјалните мрежи.

Никој не е уапсен, но полицијата вели дека „активно следи повеќе траги“.

Полицијата соопшти дека во престрелката загинале двајца 19-годишници и еден 16-годишник. Наводно, пукањето се случило на состанок на ентузијасти на модифицирани спортски автомобили.

Филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Грузија

Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски влезе во официјалната селекција на 5. Striped Tale Animation Festival 2025, што се одржува од денеска до 18 мај во Тбилиси. 

Филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Грузија

-Фестивалскиот тим на својата веб-страница го опишува филмот со следниве зборови: „Вселенска зоолошка градина. Балкански хумор. Хаос на интергалактичко ниво. „Јон Вардар против Галаксијата“ нè носи во една апсурдна мисија за спас на универзумот. Чудовишта, сатира и емоции се судираат во оваа забавна вселенска опера за сите возрасти. Научно-фантастична пародија со срце, вонземјани и автентичен балкански дух, вели режисерот.

Филмот на Цветановски, кој е поддржан од Агенцијата за филм, досега е селектиран на повеќе од десет фестивали, од кои пет се во А и Б листите на најдобри филмски фестивали во светот. /МИА

Нови инциденти и утрово пред суд во Нови Сад

Нови инциденти беа регистрирани утрово во Нови Сад откако полицијата употреби бибер-спреј за да растера група студенти и граѓани кои од вчера ја блокираат зградата на Вишиот суд, недозволувајќи им на вработените да влезат.

Нови инциденти и утрово пред суд во Нови Сад

Припадници на жандармеријата и интервентната полициска бригада пристигнаа утрово во дворот на зградата на судот каде што блокадата трае од вчера наутро.

Таму ги пречекаа голем број граѓани кои ја поминаа ноќта блокирајќи го влезот во зградата.

На повик на студентите во блокада граѓаните останаа во блокадата на зградата во текот на целата ноќ, дежурни во смени.

Зградата каде што се наоѓаат судовите и обвинителствата е блокирана бидејќи активисти на Движењето на слободни граѓани (ПСГ) и неформалната студентска организација СТАВ се притворени до 30 дена.

Марија Васиќ, професорка по социологија во средното училиште „Јован Јовановиќ Змај“, по продолжувањето на притворот по третпат, почна штрајк со глад, а вчера беше префрлена во болницата во Централниот затвор во Белград во тешка состојба.

Блокадата на судот и обвинителството продолжи со барањето за ослободување на сите притворени лица.

Граѓаните се повикани денеска да ја блокираат зградата и да не им дозволат на вработените да влезат во неа, откако вчера, со помош на полицискиот кордон, прво влегоа, а потоа си заминаа од работа.

Рубио: САД се вознемирени од хуманитарната ситуација во Појасот Газа

Американскиот државен секретар Марко Рубио по разговорот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека Вашингтон е загрижен поради хуманитарната ситуација во Појасот Газа.

Рубио: САД се вознемирени од хуманитарната ситуација во Појасот Газа

- САД не се имуни или на кој било начин нечувствителни на страдањето на луѓето во Газа, каде не е доставена хуманитарна помош од 2 март, наведе Рубио.

Тој го повтори ставот на администрацијата на САД дека милитантите од Хамас се виновни за ситуацијата во палестинската енклава.

- Мислиме дека со елиминација на Хамас ќе се постигне мир. Вознемирени сме поради хуманитарната ситуација, посочи Рубио.

Рубио се осврна и на Хуманитарната фондација за Газа, која е поддржана од САД и Израел и треба да почне да работи до крајот на месецот.

Фондацијата би овозможила луѓето да добијат хуманитарна помош, а Хамас да не ја украде. Ќе продолжиме конструктивно и продуктивно да работиме на, посочи Рубио.

Обединети нации вчера соопштија дека нема да учествуваат во хуманитарната операција во Појасот Газа, поддржана од САД, бидејќи не е непристрасна, неутрална или независна. Додека Израел вети дека ќе ја олесни дистрибуцијата без да учествува во испораката на помош. /МИА

притисни ентер