Масларковски:Во Левица го забранија знамето со сонцето од Кутлеш!

Екс советник на Левица од Аеродором во интервју за pogled.mk, има сериозни обвинувања кон просветниот работник и лидер на Левица, Апасиев и додава дека во Левица смрди на елитизам, нечесност и...

Во интервјуто за порталот Pogled.mk, екс советникот на Левица од општина Аеродром вели:
„ПОГЛЕД: Зошто му верувавте на Апасиев дека може да донесе промени во политичкиот живот во Македонија?!

Која според Вас е понудата на Левица, земајќи ги предвид ставовите за ЕУ, НАТО, Америка, Русија?

Која е алтернативата и дали е таа реална или пак политиката на Апасиев е повеќе сведена на плукање по противникот без реална понуда за граѓанинот?!

– Што друго му преостанува на македонскиот народ ? НАРОДОТ е спремен за ПРОМЕНА, а не за ЗАМЕНА, верувавме бидејќи како Македонци имавме силна потреба од истото, еве и овде да споменам дека најсреќен ќе бидам ако не сум во право и ако ЛЕВИЦА и Апасиев не се предавници и во служба на ВИШИ структури. Нека ми го докажат спротивното, но чекорите на Левица ми го подигнуваат сомнежот, да се забрани употреба на МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ со сонцето од Кутлеш, сомнителните луѓе кои се на високи функции, да разрешуваш член на президиум на 3 месеци до избори и дополнително да имаш 2ца замрзнати, да рацинизираш/игнорираш членови кои искрено се бореле за ЛЕВИЦА и ИДЕАЛИТЕ, не ми дава верба за иднината. Без да навлегувам во идеолошки моменти и висока геополитика, Јенс беше во Скопје – Левица Не мрдна со прст да покаже дека не е пожелен, мене тоа ми кажува повеќе од декларативно залагање и фаќање страна. Палестина доживува холокауст од невидени размери ние имаме членови кои се декларирани ПРО ИЗРАЕЛ и ПРО АМЕРИКА, епа не може така ДРУГАРИ.

Програмата на Левица е добра содржински но плаши фактот дека нема идеја и можност за реализација не затоа што НАРОДОТ не сака, туку затоа што Апасиев и неговите ШЕФОВИ не сакаат.

ПОГЛЕД: Бевте ли блиски лично со Апасиев. Дали покрај партиските активности, се дружевте лично. Ова го прашувам бидејќи ме интересира ЗОШТО некој би си дозволил да ги нарече ЏГАН и ЃУБРЕ своите довчерашни поддржувачи?!

– Не никогаш не сме биле блиски другари ниту приватно сме се дружеле, што и не треба да биде било каков фактор за НАПРЕДУВАЊЕ во хиерархијата во партијата или во структурите на истата.”Џган” е најверојатно последица на ШОКОТ од нашето јавно излегување и посочување на проблемите во Левица. Џубрето е таму во депонијата на Левица, кадровски решенија на сомнителни луѓе со сомнително минато не може да се споредува со нашиот ЧИСТ идеализам и бескомпромисна БОРБА за МАКЕДОНИЈА.“

Целото интевју на овој линк

Мислеле дека ја снимиле „поларната светлина“- епското промашување го виделе 6,3 милиони луѓе

Две млади момчиња неодамна шетале по улиците на британски Норич и ги здогледале „светлата на Аурора“. Секако, веднаш ја вклучиле камерата на телефонот.

Ако не ви е познато, Аурора Бореалис е видена над поголемиот дел од Европа, по силната соларна бура. Единствениот проблем е што Карим Ахтар и неговиот пријател Сули не биле сведоци на оваа природна појава.

Момчињата уживале во својата прошетка, а нивното внимание го привлекла особено силната (виолетова) светлина, која ја осветлила целата област.

Тие биле возбудени, а потоа доживеале невидено разочарување, пишува Дејли Стар.

„Мислевме дека ја видовме поларната светлина, но светеше од блискиот хотел“, велат тие.

Видеото од „епско промашување“ се појави на интернет и привлече големо внимание. Само на TikTok има повеќе од 6,3 милиони прегледи.

@paakkz We thought we missed them in iceland but saw them in norwich 🤣🤣 #fyp #viral #zyxcba ♬ original sound - Pakkz

„Истото ми се случи пред супермаркет“, „Ова навистина ќе ме налути“ и „Барем убаво си поминавте“, гласат дел од коментарите.

Шефот на канцеларијата што го штити Фицо бил со него во моментот на атентатот, откри детали

Шефот на Канцеларијата за заштита на уставните функционери, Павол Крејчи, присуствувал на атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо, објавија словачките медиуми.

„Тој беше со премиерот. Целиот костум му беше облеан во крв“, одговори министерот за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток.

Тој додаде дека не гледа причина шефот на канцеларијата да биде одговорен и да биде сменет од функцијата. Полицискиот инспекторат ја проверува безбедносната постапка.

Крејчи е претседател на Словачката џудо асоцијација, во 2023 година се кандидираше за партијата Хлас.

Тој ја води Канцеларијата што ги штити владините претставници од ноември 2023 година, кога владата на Фицо веќе беше на власт неколку недели. Хлас е една од двете партии во коалиција со партијата Смер на Фицо.

Да потсетиме, по атентатот, премиерот со хеликоптер беше префрлен во болницата во Бањска Бистрица и неговата состојба по операцијата е сериозна.

На пејачка ѝ се скина градникот среде настап, снимката е хит (ВИДЕО)

Пејачката Оливија Родриго доживеа незгода на сцената кога ѝ пукна горниот дел среде настап во Лондон, а видеото од засрамувачкиот момент набрзо се прошири на социјалните мрежи.

Таа продолжила да пее, а еден од танчерите го забележала проблемот и се обидела да ѝ помогне, па скокала околу бината по пејачката, што насмеа многумина.

„Ова е срамно“, извика Родриго, држејќи ги рацете над градите за да не ѝ падне горниот дел, а фановите коментираа на сцената.

@rosabain She handled it like an absolute champ though omg I love her!!!😭🫶🏻💜⭐️✨ #fyp #olivia #oliviarodrigo #oliviarodrigoguts #guts #gutstour #gutstourlondon #london #02 #o2arena #uk @Olivia Rodrigo @livies hq ❤️ ♬ original sound - Rosa⸆⸉🎀

„Танчарката ја брка низ сцената за да ѝ го прицврсти горниот дел, не можам“, „Оваа танчерка е нејзина вистинска пријателка“, „Ова е премногу смешно“ и „Како танчерката продолжува да ја прави поентата додека се обидува да си го поправи горниот дел , ова е тоа", се некои од коментари на фановите.

притисни ентер