Заменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда
2Заменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда
ФудбалМаскерано поднесе оставка од тренерската функција во Интер Мајами Интер Мајами објави дека главниот тренер Хавиер Маскерано поднесе оставка.Четириесет и едногодишниот Аргентинец објави дека го напушта клубот од лични причини. - Сакам да ги информирам сите дека, од лични причини, решив да се повлечам од функцијата главен тренер на Интер Мајами. Прво на сите, би сакал да им се заблагодарам на клубот за довербата што ми ја дадоа, на сите во организацијата за нивните колективни напори, а особено на играчите кои ни дадоа незаборавни моменти. Засекогаш ќе го негувам споменот на нашата прва ѕвезда и каде и да сум, ќе продолжам да му посакувам на клубот се најдобро. Не се сомневам дека клубот ќе продолжи да постигнува успеси, стои во соопштението на Маскерано објавено на клупскиот сајт на Интер Мајами. Маскерано е на чело на Интер Мајами од јануари 2025 година. Под негово водство, тимот ја освои Источната конференција и МЛС Купот минатата сезона.Тагови: Интер Мајами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУнгарија прогласи вонредна состојба поради сериозниот недостиг на водаУнгарскиот министер за заштита на животната средина, Ласло Гајдош, денеска изјави дека владата прогласила вонредна состојба поради сериозниот недостиг на вода предизвикан од сушата.Во објава на Фејсбук, Гајдош наведе дека индексот на суша во 66 од вкупно 84 унгарски водостопански области ги надминал праговите утврдени со прописите, поради што биле воведени вонредни мерки, пренесе МТИ. Според него, експерти од Дирекцијата за управување со води ќе спроведат посебни мерки за заштита и управување со водните ресурси на 74 отсто од територијата на земјата, со цел да се ублажат последиците од сушата.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агендаЗаменик-министерот за јавна администрација Јаќимоски на работен состанок за реализацијата на Реформската агенда и процесот на европска интеграција.Заменик-министерот за јавна администрација, Лазе Јаќимоски, денеска учествуваше на работен состанок посветен на реализацијата на Реформската агенда и процесот на европската интеграција, предводен од претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, и директорот на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман. На состанокот беа разгледани досегашниот напредок во спроведувањето на реформските активности, приоритетите во наредниот период, како и потребата од понатамошна координација меѓу институциите со цел навремено исполнување на преземените обврски од Реформската агенда. Во фокусот на состанокот беа и реформите во областа на јавната администрација, како значаен дел од процесот на европска интеграција и усогласувањето со европските стандарди. Во оваа насока, беа разгледани активностите поврзани со исполнувањето на обврските од Реформската агенда, како и тековните процеси за унапредување на законската рамка и системските решенија во областа на јавната администрација. Преку континуирано спроведување на реформите и конструктивна соработка со европските партнери, Министерството за јавна администрација придонесува кон изградба на институции кои функционираат според принципите на професионалност, ефикасност и отчетност. Јакнењето на јавната администрација останува еден од клучните приоритети во процесот на европска трансформација на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКампања на МВР и РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возишСекое патување започнува со една едноставна одлука….Секое патување започнува со една едноставна одлука… да седнеш зад воланот. Мислиме дека сѐ е под контрола. И дека ништо не може да тргне наопаку. Но, понекогаш… доволен е само еден момент за да го изгубиш вниманието. При брзина од 80 километри на час… само една секунда невнимание значи повеќе од 20 метри поминати возејќи „на слепо“. Дали вреди? Држи го погледот на патот. Твојот живот – и животите на другите – зависат од тоа. Животот е премногу вреден за да го изгубите поради мал момент на невнимание вози внимателно и не користи мобилен телефон - не заборавај, „Секој живот е важен.“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook