Маск со предвидување за иднината: Ќе има повеќе роботи, отколку луѓе - Канал 5

Маск со предвидување за иднината: Ќе има повеќе роботи, отколку луѓе

Во иднина во светот ќе има повеќе роботи отколку луѓе, изјави денеска американскиот претприемач Илон Маск, кој преку видеоврска им се обрати на учесниците на инвестициската конференција во Ријад.

Маск со предвидување за иднината: Ќе има повеќе роботи, отколку луѓе

Тој изрази оптимизам за развојот на вештачката интелигенција, но истакна дека има 10 до 20 проценти шанси работите да тргнат наопаку и го повтори својот претходен став дека вештачката интелигенција може да претставува „егзистенцијална закана“, според Блумберг.

Според Маск, системите за вештачка интелигенција се десет пати подобри секоја година отколку во претходните 12 месеци и „веројатно во следните година или две“ ќе можат да направат сѐ што можат да направат луѓето.

Илон Маск објави дека неговата компанија SpaceX ќе го лансира вселенското летало Starship на Марс за две години, а дека леталото ќе има човечки екипаж за четири години.

Извршниот директор на Tesla, исто така, ја критикуваше претседателската администрација на Бајден за, како што рече, „прекумерната регулатива“ и растот на бирократијата во САД што го попречува бизнисот.

Стојкоски: И годинава бесплатни училишни ранци и прибор за 430 првачиња од општина Ѓорче Петров

Градоначалникот Александар Стојкоски и Општина Ѓорче Петров и во 2025 година продолжуваат со традицијата на обезбедување бесплатни училишни ранци и училишен прибор за сите 430 првачиња на територијата на општината. 

Стојкоски: И годинава бесплатни училишни ранци и прибор за 430 првачиња од општина Ѓорче Петров

Оваа иницијатива има за цел да им овозможи на децата еднаков почеток и сигурна училишна иднина.

Денеска, во кабинетот на градоначалникот, дечињата кои ја завршија градинката „Росица“ заедно со градоначалникот ги избраа своите нови училишни ранци, кои ќе ги користат од септември.

Покрај тоа, Општината и оваа година ќе обезбеди бесплатна ужинка за секое дете од прво одделение, со цел да се промовираат здрави навики и правилна исхрана.

„Грижата за децата е наша најголема обврска и посветеност. Со овие проекти создаваме услови за еднаков почеток, охрабрување и сигурност во нивниот образовен пат“, истакна градоначалникот Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров останува посветена на развојот на локалната заедница, особено преку поддршка на образованието и создавање поволна средина за раст и развој на децата.

Општина Ѓорче Петров

УХМР: Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер

Во четврток во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УХМР: Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер

Во следните два дена ќе се задржи многу топло време. Во четврток во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што информираат од УХМР, поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе биде променливо облачно, малку посвежо, претпладне со услови за локална нестабилност. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на температурата.

Боксерот Рустемовски освои бронза на Европското јуниорско првенство

 Македонскиот боксер Арабел Рустемовски го освои бронзениот медал на Европското јуниорско првенство кое се одржува во српскиот град Нови Пазар.

Боксерот Рустемовски освои бронза на Европското јуниорско првенство

Рустемовски се закити со одличје во категоријата до 52 килограми, извојувајќи две победи над Русинот Денис Мисиук и Србинот Теодор Јосијевиќ, и во двете борби убедливо со 5-0.

Во борбата за влез во финалето, членот на боксерскиот клуб „Пелистерски јунак“, загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија со резултат 4-1.

На Европското јуниорско првенство во бокс, кое од 7 до 18 јули се одржува во Нови Пазар, настапија и репрезентативните колеги на Рустемовски, Сонер Ајрушов, во категоријата до 54 килограми, Петар Трајчески (48 килограми), Алберт Ибрахими (63 килограми) и Ануар Имери (57 килограми).

притисни ентер