Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот
1Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач
2Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот
3Над сто уапсени за вандализирање на протестите во Барселона: И малолетници ограбуваа продавници и палеа контејнери
1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ТехнологијаМаск продолжи со отпуштања, отказ доби и директорката која спиеше во просториите на Твитер Твитер отпушти уште повеќе вработени во осмиот круг отпуштања откако Илон Маск ја купи социјалната мрежа минатиот октомври.„Њујорк тајмс“ наведува дека останале без работа 200 работници, што е 10 отсто од преостанатите 2.000 вработени, додека порталот Information наведува бројка од „најмалку 50 отпуштања“. Кратењата ги погодуваат инженерските тимови, вклучително и оние кои ја одржуваат технологијата за рекламирање, главната апликација на Твитер и техничката инфраструктура. Верната директорка за управување со производи, Естер Крафорд, како и основачите на помали компании купени од Твитер пред преземањето на Маск, се меѓу отпуштените. Компанијата отпушти околу 3.700 работници на почетокот на ноември како дел од мерките на Маск за намалување на трошоците. Бројот на вработени во Twitter е намален за околу 75 отсто од октомври, а сега ги има околу 2.000. Маск во ноември изјави дека социјалната мрежа забележува „голем пад на приходите“ бидејќи огласувачите се повлекуваат поради сомневањата за квалитетот на уредувањето на содржината на социјалната мрежа. The Twitter employee that went viral for her tweets on sleeping at the office to deliver for the company, reportedly has been fired in the latest round of layoffs. https://t.co/vHAjALr72D pic.twitter.com/JzFeUt1Daj — Los Angeles Magazine (@LAmag) February 26, 2023 Да потсетиме дека Маск ја купи компанијата за 44 милијарди долари и веднаш им ги подели првите отпуштања на претходните директори.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваАна Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи ЕрменијаМакедонската претставничка ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија, која се одржа синоќа во Малта. Со песната „Идната јас“, младата пејачка од Струга освои вкупно 57 поени, од кои 51 од публиката, но доби само шест од стручното жири. Победник на 24. издание на детската Евровизија е 13-годишната Наре од Ерменија, која со песната „Бу!“ освои 202 поени. Второто место го освои Шпанија, а трета беше Франција. За победникот одлучуваа гласовите на националните жирија и публиката, со еднаков удел од по 50 проценти во конечниот резултат. Музиката за „Идната јас“ ја напиша Никола Мицевски, а текстот е на Илчо Нечовски од групата „Дупер“. Песната зборува за соништата, растењето и откривањето на сопствениот идентитет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПодводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркачПодводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач, откако полскиот истражувач Бартломеј Питала се спушти на длабочина од 338 метри, заедно со македонските нуркачи. Пештерата Врело на Матка испиша светска историја.Полскиот нуркач Бартломиеј Питала достигна длабочина од 338 метри, поставувајќи нов светски рекорд. Успехот е резултат на заедничката експедиција на нуркачи од Македонија,Полска и Италија. Девет часа под вода за историски подвиг. Полскиот нуркач рекордот го постигнал на 16 октомври, надминувајќи ја претходно истражената длабочина за 51 метар. По подвогот, тој кажа дека немал никакви проблеми со видот, ниту пак почувствувал вртоглавица. Вели дека се чувствувал удобно и на толку голема длабочина, а секоја секунда од деветчасовното нуркање му останала врежана во сеќавањето. ,,Експедицијата во Матка во 2026 година заврши со извонредно достигнување – истражување на пештерата до длабочина од 338 метри под вода, со што таа стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Искрено, сè уште не можам целосно да го сфатам тоа. Но, да, сега ова е најдлабоката истражена подводна пештера во светот, а ова беше и најдлабокото нуркање. Сепак, рекордите и самата длабочина не беа нашата цел, нели? Нашата цел беше истражувањето. Сакавме да одиме подлабоко од границата до која стигнавме минатата година, кога експедицијата ја завршивме на 287 метри.“ Дополнително Матка продолжува да ги привлекува туристите од целиот свет. Странските посетители се воодушевени од природните убавини, а многумина изразуваат желба одблиску да ја запознаат и пештерата. Експедицијата откри два нови подводни канала и над 150 метри нови ходници, а македонските нуркачи за првпат поставија и воздушна комора на длабочина од девет метри. Зад рекордот стоеја 12 безбедносни нуркачи, со поддршка од медицински тимови, МВР и полцииската единица „Тигар“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часотСо огромна излезност и без посериозни инциденти и неправилности поминува изборниот ден во Србија, која гласа на предвремени парламентарни избори.. Главната битка се води меѓу владејачката СНС предводена од Александар Вучиќ и Студентската листа, додека останатите партии и коалиции се борат да го поминат изборниот праг од 3 проценти за да влезат во парламентот... Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, од рано утринава се гледа незапамтен интерес за гласање, кои се последните податоци за одѕивот? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook