Маск нуди 100 милиони долари за изум за зафаќање јаглерод од воздухот

Сопственикот на Тесла Моторс, претприемачот Илон Маск, на Твитер вети награда од 100 милиони долари за развој на најдобрата технологија за зафаќање јаглерод.

„Давам награда од 100 милиони долари за најдобра технологија за зафаќање јаглерод“, напиша Маск, проследен со втор твит, ветувајќи повеќе детали следната недела.

Ко-основачот на PayPal, што го продаде, Маск денеска управува со некои од најфутуристичките компании на светот. Покрај Тесла, тој е сопственик и на SpaceX и Neuralink, старт-ап компанија која го поврзува човечкиот мозок со компјутерите.

Зафаќањето на емисиите од глобалното затоплување станува критичен дел од многу планови за борба против климатските промени, но до денеска е направен многу мал напредок во технологијата, со напори насочени кон намалување на емисиите наместо отстранување на јаглеродот од воздухот.

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) кон крајот на минатата година соопшти дека е потребно нагло зголемување на употребата на технологијата за зафаќање јаглерод, доколку земјите сакаат да постигнат цели за нето-емисиите.

Американскиот претседател Џо Бајден вети дека ќе го забрза развојот на технологијата за зафаќање јаглерод како дел од неговиот сеопфатен план за борба против климатските промени.

ВМРО-ДПМНЕ: Мафијаши се мафијаши - никој не одговораше за бегството на Мијалков

Мафијаши се мафијаши - никој не одговораше за бегството на Мијалков, а сега му ја топат и казната за 3 години

Како поминуваат деновите, така се топи казната на Мијалков во години. Дали казната на Мијалков од 12 ќе се стопи на 9 години, и дали тоа ќе го потврди апелација? Дали ова е дел од договорот Заев - Мијалков?

Му простува ли Заев на Мијалков за да Мијалков преку свои пајташи прикажува вештачки кризи во ВМРО-ДПМНЕ?

Поминаа две недели од бегството на Сашо Мијалков, а власта се уште крие детали од случајот. Заев молчи и не кажува дали два дена колку што Мијалков бил во бегство се договара со него и дали во ЈО е донесен со владин црн пасат.

Откако Мијалков се јавил во ЈО до драмата пред камери има 40 минути. Зошто Мијалков е пуштен 40 минути да се шета на околу наместо веднаш да се однесе во куќен притвор? Дали циркусот на Мијалков пред ЈО беше дел од договорот Заев - Мијалков, со цел да не падне владата на првиот?

Мафијашката коалиција Заев - Мијалков функционира и од затвор. Македонија нема мир додека и Заев не се најде зад решетки.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Уште две седмици Грција останува затворена за државјани на трети земји

На граничните премини, на сите, задолжително им се прави рапид тест, вклучително и на возачите на камионите, при позитивен резултат нема да биде дозволен влез.

Одлуката за привременото ограничување на копнените граници и новите дополнителни рестрикции воведени минатата седмица за граничните премини со Македонија и Албанија, како и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, грчката Влада ги продолжи до 22 март 2021 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Од минатиот понеделник, во сила се построги мерки за граничните премини Евзони со Македонија и Какавиа со Албанија, кои работат од 7 до 19 часот, по локално време, наместо до 23 часот, како што беше претходно, а дневно дозволено е во Грција да влезат најмногу 400 лица, додека пак задолжителен е домашен карантин од 14 дена.

На граничните премини, на сите, задолжително им се прави рапид тест, вклучително и на возачите на камионите, при позитивен резултат нема да биде дозволен влез.

Новите построги мерки, односно брзите тестови при влезот и работното време на граничните премини важат и за транспортерите, нешто што беше причина, во петокот камионџиите од Грција и Македонија да одржат протест на Евзони (Богородица).

Министерската одлука за „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, за забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната" за да се ограничи ширењето на коровирусот веќе е објавена во Службен весник на Грција и утрово стапи во сила.

Првиот член се однесува на копнените граници на Грција, односно на привременото ограничување на сите копнени (патните и железничките) поврзувања од и кон земјата „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19, како и забрана за влез на лица преку наведените поврзувања, освен ако исполнуваат конкретни предуслови".

За странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето, но и доколку добијат негативен резултат од рапид тестот направен на влезот во Грција.

Од останатите гранични премини што се отворени, односно Евзони (Богородица) кон Македонија, Какавија и кон Албанија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со потврда за претходно направен негативен ПЦР тест и со негативен резултат од брзиот тест на самиот граничен премин направен од грчките власти.

Забраната за влез во земјата не важи за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, за влез на лица со апсолутно неопходни професионални или медицински причини за кои имаат и потребни документи, за товарните камиони, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.

Во истата одлука, во посебен член е и привремената забрана за влез во Грција на „сите државјани на трети земји, од било која влезна точка, на било кој начин и со било кое средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и патните поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на Ковид-19 на грчка територија", објави МИА.

Исклучок, се државјаните на земјите членки на Европската унија и Шенген зоната и жителите на Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајланд, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, Русија и Израел.

Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници.

За сите оние за кои е дозволен влез во Грција, освен негативен ПЦР тест, потребно е да го имаат пополнето и специјалниот формулар PLF (Passenger Locator Form), да бидат негативни и на брзиот тест на граница, а при влез од Македонија и Албанија, односно од граничните премини Евзони (Богородица) и Какавиа задолжителен е домашен карантин од 14, наместо седум дена како што беше досега. /МИА.

ВМРО-ДПМНЕ: Анкетите покажуваат убедлив пораз на Заев,

Анкетите покажуваат убедлив пораз на Заев, народот се спротивставува на хибридниот режим на СДСМ.

Зоран Заев е исплашен човек. Свесен дека владата му виси на конец, како давеник кој се фаќа за сламка дава предлози за широка влада, за спас на неговата политичка кариера, како и спас за најкриминалната влада.

На криминалецот Заев треба да му е јасно дека нема да се спаси од одговорност за сите штети кои и ги направи на Македонија.

Народот се погласно се спротивставува на хибридниот режим на СДСМ, тоа го покажуваат и последните анкети. Зоран Заев ќе доживее убедлив пораз.

Исплашен од нискиот рејтинг, Зоран Заев преку дворски игри заедно со поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да се меша во ВМРО-ДПМНЕ. Никакви иницијативи позади кои се потврди дека стои директно Заев, нема да му ја спасат владата која и така едвај функционира.

Свесен дека секојдневно расте револтот во сопствената партија како наближуваат изборите, Заев се обидува преку лично храбрење и храбрење на неговите најблиски соработници да купи уште некој ден плус за да целосно ја опустошат Македонија.

Треба да му биде јасно на Зоран Заев дека крајот на неговата политичка кариера му се ближи.

Никакви очајнички потези повеќе не му поминуваат, ќе одговара и Зоран Заев и кликата околу него, ќе лежите во затвор.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер