Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
2Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
ЗабаваМаск најави дебата со Трамп, за корисниците во Европа таа ќе почне два часа по полноќАмериканскиот претприемач и најбогат човек во светот, Илон Маск, најави дека денеска ќе разговара со кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, во живо на социјалната мрежа „Икс“.„Забавата е загарантирана“, објави денеска Маск на својата платформа „Икс“ со покана за настанот што ќе биде проследен на профилот на Трамп @realDonaldTrump. За корисниците во Европа, дебатата ќе почне два часа по полноќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаШтерјова: Пет години лаги за модуларната - ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против ФилипчеПет години ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против Венко Филипче со злоупотреба на трагедијата во модуларната болница во Тетово и болката на семејствата на загинатите.Пет години шират лаги, конструкции, клеветат, само за пресметка со претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче. Пет години ниту Филипче ниту СДСМ не се мешаше во работата на Јавното обвинителство. Не вршеше притисок. Не ја коментираше постапката. Не бараше заштита. Затоа што институциите мора да работат независно и без притисок. Модуларните болници беа набавени преку меѓународна постапка на Светската банка, со механизми на контрола, во време на најголемата здравствена криза во поновата историја. Тие болници не се градеа за тендерски профит, туку за да се спасуваат животи. Се градеа во време кога болниците беа преполни, кога немаше доволно кревети, кога здравствените работници водеа битка за секој пациент. Ако постоела и најмала основа за кривична одговорност на Филипче, зарем некој верува дека Мицкоски и ВМРО немаше да најдат начин да ја искористат? По две години власт, со целата моќ што ја имаат, ќе оставеа нешто неискористено против својот најголем политички противник. ВМРО-ОКГ водеше јавен линч и политички суд цели 5 години. Без докази. Без пресуда. Без никакви граници. Човек кој е доктор, хирург и универзитетски професор, го нарекуваа убиец. Човек кој целиот професионален живот лекува пациенти, спасува животи и образува идни лекари, го нарекуваа „д-р Менгеле“. Тоа е дел од кампањата на ВМРО и Мицкоски за ширење омраза и поделби. Истата кампања која потоа организирано се рашири низ медиумската машинерија на ВМРО и Орбановите 40% од медиумите. Пет години ја користат трагедијата како политичко оружје, си поигруваат со болката, чувствата и жалта на семејствата на загинатите. ВМРО и Мицкоски треба да им се извинат на граѓаните за пет години манипулации и ширење невистини. Но, пред сè, да им се извини на семејствата на загинатите. Затоа што пет години нивната најголема болка ја претвораат во политичка кампања и бесрамно си поигруваа со нивната болка. Тоа е бездушно. Неморално. Тоа е ВМРО! Прес конференција на СДСМ, Кети ШтерјоваТагови: Кети Штерјова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/чНа 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со возилото со брзина од 164 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. М.Ј. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во ПалиградНа терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми. Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење. Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак. Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook