Хутите предупредуваат земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен
2Хутите предупредуваат земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен
3Петрушевски: Филипче сака плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни места
3„Вашингтон пост“: Трамп сака да го забрза развојот на вештачката интелигенција,неговото семејство сè повеќе заработува од тоа.
ТехнологијаМаск на Твитер: Купив биткоин, етереум и догекоин, тоа е...Илон Маск, извршен директор на Tesla, денеска откри во коли криптовалути неодамна инвестирал.Маск, познат поборник за криптовалути, открил дека не инвестирал во меме криптовалута Shiba ina, иако неговите твитови за меме криптовалутите предизвикаа огромен пораст на цената во минатото. Во серија твитови, тој ја повтори својата поддршка за dogecoin, нарекувајќи го „народна крипта“, како и многу од неговите вработени во Tesla и SpaceX. Но, тој рече дека тоа нема никаква врска со непрофитната фондација Dogecoin. Тој рече дека ниту тој ниту неговиот соработник Џаред Бирчал не биле во советодавниот одбор на фондацијата која што работи на промовирање криптовалути преку патенти, застапување и заштита на трговските марки. Во еден твит, тој открива дека купил биткоин и етериум, двете најголеми крипто -валути во светот, што е портфолио за кое претходно јавно зборуваше. How about $FLOKI — Salif Cybertruck or Bust ⚡️🔋🚀 (@Filasophical) October 24, 2021 Догекоин скокна за 7,7 проценти по овие објави и се тргува по 0,27 американски долари (0,20 фунти) од утринава. Вредноста на криптовалутата шиба ину пораснала за повеќе од 50 проценти и достигна рекорд од 0,000044 американски долари вчера, со што стана единаесетта најголема криптовалута на пазарот. Но, кога корисникот на Твитер @ShibaInuHolder го праша Маск колку токени shiba inu поседува, неговиот одговор бил: „Ништо“. До денеска наутро, вредноста на криптовалутата shiba inu паднала на 0,000039 долари. Заедницата собрана околу криптовалутата shiba inu била вознемирена поради твитот на Маск, а еден корисник прашал: „Зошто Илон мора да поседува некој $ SHIB за да биде вреден? Фокусот треба да биде на неговата практична примена“. Hey @elonmusk How Much $Shib You Are Holding!!💯💎🙌 — Shiba Inu (@ShibaInuHodler) October 24, 2021 На почетокот на овој месец, вредноста на криптовалутата shiba inu пораснала на 0,000013 долари, откако Маск објави фотографија од своето кученце, истата раса по која го добил името токенот, на Твитер. Постои уште една криптовалута меме, наречена Флоки, која го носи истото име како миленичето на Маск, Шиба Ину. Твитовите на Маск често имаат значително влијание врз цената на криптовалутите. На пример, биткоинот нагло порасна кога напиша на Твитер дека Тесла ќе продолжи да го прифаќа биткоинот штом ќе стане поеколошки. Аналитичарите се воздржани за реакциите на малите инвеститори на најавите на Маск. „Како што видовме со dogecoin, а сега и со shiba inu, твитовите на тајкуните како Илон Маск го контролираат порастот и падот на дигиталните средства“, изјави за Yahoo! Мајкл Камерман, извршен директор на Skilling. „Социјалните медиуми и финансиските инфлуенсери се одлични во контекст на воведувањето на концептот на криптовалути, но инвеститорите треба да проценат надвор од забавата што се случува онлајн и да погледнат подлабоко во самите криптовалути пред да донесат каква било одлука“, заклучува Камерман.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОтворен повик за 2027: Македонија2025 продолжува со Програмата за извршно образование ЗафировскиНова можност за македонските бизнис-лидери за усовршување на Келог школата за менаџмент.Македонија2025 го отвори повикот за стипендии во рамки на Програмата за извршно образование - Зафировски за 2027 година, наменет за искусни македонски менаџери, претприемачи и бизнис-лидери кои сакаат да ги унапредат своите лидерски и раководни способности преку образование на една од најпознатите светски школи за менаџмент. Избраните кандидати ќе имаат можност да учествуваат на Програмата за развој на извршни раководители (Executive development program) на Келог школата за менаџмент при Нортвестерн универзитетот во САД. Од започнувањето на Програмата за извршно образование Зафировски во 2017 година, досега 51 македонски професионалец успешно ја има завршено програмата и се приклучи на заедницата на Зафировски стипендисти. Во периодот од 11 до 30 октомври 2026 година, на Келог ќе замине и нова група од седум истакнати македонски професионалци, со што програмата продолжува да ја проширува мрежата на лидери и да вложува во развојот на македонската деловна заедница. Програмата се реализира со поддршка на Фондацијата Робин и Мајк Зафировски, во партнерство со Келог школата за менаџмент. Нејзината долгорочна цел е да придонесе кон создавање силна заедница на македонски лидери кои стекнатото меѓународно знаење, искуство и контакти ќе ги преточат во развој на своите компании, индустрии и македонската економија. Мајк Зафировски, еден од основачите на Македонија2025 и покровител на програмата, од нејзиното основање активно придонесува кон остварување на визијата за развој на 100 македонски бизнис-лидери преку врвно меѓународно образование. Интензивна програма за искусни лидери Програмата на Келог е интензивна тринеделна програма наменета за искусни менаџери и раководители кои се подготвуваат за пошироки лидерски и стратешки одговорности. Наставата опфаќа клучни области од современото деловно работење, меѓу кои стратегија, финансии, маркетинг, операции, управување со луѓе, иновации, дигитална трансформација, податоци и вештачка интелигенција, преговарање, комуникација и водење организации низ промени и сложени деловни предизвици. Особена вредност на програмата е можноста учесниците да учат и да разменуваат искуства со раководители и претприемачи од различни земји и индустрии, како и да изградат меѓународна професионална мрежа која продолжува и по завршувањето на програмата. За 2027 година се предвидени две сесии: 2 – 21 мај 2027 година и од 10 – 29 октомври 2027 година. Двете сесии ќе се одржат со физичко присуство во кампусите на Келог во Еванстон и Чикаго, САД. Кој може да аплицира? Повикот е наменет за искусни македонски менаџери, раководители на повисоки позиции, претприемачи и сопственици на компании кои имаат значајно професионално искуство, потенцијал за понатамошен лидерски развој и амбиција да создадат пошироко влијание во своите организации и во македонската економија. Кандидатите треба да имаат најмалку 10 години релевантно професионално искуство, добро познавање на англискиот јазик, поддршка од компанијата во која работат и можност целосно да се посветат на програмата. Покрај учеството на програмата на Келог, избраните стипендисти ќе работат и на индивидуални и групни проекти поврзани со конкретни деловни или општествени предизвици во Македонија, со цел стекнатото знаење да добие практична примена и поширока вредност. Следната генерација македонски лидери Со отворањето на повикот за 2027 година, Македонија2025 продолжува да вложува во луѓе кои имаат амбиција, искуство и потенцијал да направат значаен исчекор во својата професионална кариера и да придонесат кон развојот на Македонија. Повикот е можност за оние професионалци кои се подготвени да излезат од рамките на секојдневното управување, да ги преиспитаат своите досегашни пристапи, да стекнат нови знаења и перспективи и да станат дел од силна заедница на македонски лидери со меѓународно искуство. Рокот за поднесување апликации е 20 октомври 2026 година. Сите информации за условите, критериумите и начинот на пријавување се достапни на: https://macedonia2025.com/en/news/zafirovski-executive-education-program-open-call-scholarships За повеќе информации: Нена Манчев, [email protected]Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветХутите предупредуваат земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во ЈеменВисок функционер на бунтовниците Хути , поддржани од Иран, ги предупредува земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен.Висок функционер на бунтовниците Хути , поддржани од Иран, ги предупредува земјите да не се приклучуваат кон Саудиска Арабија во обновената граѓанска војна во Јемен, посочувајќи дека неговата група ја уверила администрацијата на трамп дека нема да нападне американски бродови во црвеното море,информираше Асошиејтед прес. Мохамед Ал-Бухаити, член на политичкото биро на Хутите, рече дека Вашингтон им се обратил на бунтовниците по нивното брзо напредување по западниот брег на Јемен до теснецот Баб Ел-Мандеб претходно овој месец. Трамп минатиот викенд изјави дека неговата администрација „имала разговори“ : „Хутите нè повикаа и не сакаат да се борат со нас“, рече тој. „Тие би претпочитале да не бидеме вклучени, а ги пуштаат повеќето бродови да поминат“. Асошиејтед прес објави дека оман бил домаќин на состанок меѓу претставници на САД и Хутите минатиот викенд, повикувајќи се на официјален претставник на Хутите . Со тоа завршија еднонеделните американски бомбардирања против бунтовниците, во замена за прекин на нападите врз американските бродови во Црвеното море. „Целта на нашите воени операции не е да се затвори теснецот Баб Ел-Мандеб, туку да се обезбеди слобода на пловидба низ него за сите, вклучително и за јемен“, рече претставникот на Хутите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Филипче сака плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни местаФилипче сакал плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање на нови работни места.Му пречат дата центри, му пречат рудници, му пречат нови инвестиции и проекти. На Филипче не му пречат единствено бизнисите со марихуана на Заев и не му пречат бизнисите со кои се добива нов автомобил или пак провизија при тендер од 20%. На Филипче денес му пречат инвестиции и нови работни места, но не му пречеа лагите на неговиот ментор за Гугл, Фејсбук и патека за Формула 1. Со политичари како Филипче, луѓе кои лажат и манипулираат за се, Македонија нема да оди напред. Затоа ВМРО-ДПМНЕ работи за подобра иднина за граѓаните. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter