ТехнологијаМаск: Кина е заинтересирана за утврдување меѓународни правила за ВИ Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск верува дека Кина е заинтересирана за кооперативна меѓународна рамка за регулирање на вештачката интелигенција - ВИ Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск верува дека Кина е заинтересирана за кооперативна меѓународна рамка за регулирање на вештачката интелигенција - ВИ, по дискусиите што ги имал со кинески високи претставници пред неколку недели. Ова Маск го објави на средба на „Твитер спејс“ со двајца американски конгресмени - демократот Ро Кана и републиканецот Мајк Галагер. Маск пред неколку недели отпатува во Кина, каде што неговата компанија за електрични автомобили „Тесла“ има фабрика (погонот е во Шангај). Во Пекинг тој имал средба со министрите за надворешни работи, трговија и индустрија на Кина, како и со потпретседателот на кинеската Влада, Динг Шјуешјанг. По овие состаноци, Маск минатиот месец рече дека кинеските власти ќе се обидат да иницираат регулативи за ВИ во Кина. Неколку држави размислуваат за поголема безбедност и како да ги ублажат опасностите од новата технологија, којашто бележи „бум“ во инвестициите и популарноста кај потрошувачите последниве месеци, по објавувањето на „Чет-ГПТ“ на „Опен-АИ“. Револуционерноста на ВИ којашто може да создава текст, слики, видеа, и нејзиното можно влијание врз иднината се споредува со она на Интернетот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Скопје повторно работат над 220 фонтани за пиење водаПовеќе од 220 јавни фонтани за пиење вода се повторно ставени во функција низ Скопје, соопшти денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Тој во објава на фејсбук наведе дека градот мора да обезбеди основни услови за граѓаните, особено во летниот период, кога високите температури ја зголемуваат потребата од пристап до вода за пиење. Со години, поради неажурност, ситни дефекти и негрижа, голем дел од фонтаните беа оставени надвор од функција. Во координација со ЈП „Водовод и канализација“ ги мапиравме, сервисиравме и повторно ги ставивме во употреба повеќе од 220 фонтани за пиење вода – наведе Ѓорѓиевски. Градоначалникот најави дека, покрај обновувањето на постојните, се работи и на поставување нови фонтани на повеќе фреквентни локации во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветХаос на дел од бензинските пумпи во Русија, властите го ограничуваат точењето горивоВо Иркутска област во Русија, полицијата е на должност на бензинските пумпи за да управува со долгите редици и да ги спречи возачите да полнат резервоари со гориво.Во Иркутска област во Русија, полицијата е на должност на бензинските пумпи за да управува со долгите редици и да ги спречи возачите да полнат резервоари со гориво, бидејќи кризата со снабдувањето се продлабочува поради украинските напади врз руските рафинерии. Мерката беше воведена откако гувернерот на Сибирската област Иркутск, прогласи режим на зголемена готовност поради недоволни залихи на гориво. Недостатокот на гориво се прошири низ многу руски региони откако украинските напади со беспилотни летала уништија околу една четвртина од вкупниот капацитет на рафинериите во Русија. Рускиот претседател Владимир Путин призна дека нападите врз енергетската инфраструктура создале проблеми со снабдувањето со гориво. Тој рече дека има недостиг, но дека, според него, тој не е критичен..Тагови: Бензин русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
МакедонијаСДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 - Луѓе без имиња, организатор без име, иднина без лицеУтре во 12:05 часот, овде ќе се одржи настан за кој не се знае кој го организира, не се знае кои се учесниците и не се знае која е вистинската цел.Единствено што се знае е темата: „Политичкиот плурализам и состојбата на опозициското делување“. Во превод, тоа значи создавање на повеќе опозициски блокови по моделот на Вучиќ од Србија - разбивање на гласовите и збунување на граѓаните. Еве ја поканата, не се гледа кој е организатор, кои се говорници. Но, ние знаеме кој е организатор. Се вика Христијан Мицкоски, шеф на организирана криминална група ВМРО. Затоа сè се одвива зад затворени врати, под “Chatham House Rule”. Ова не е отворена дебата за иднината на Македонија. Ова е класичен начин на кој Христијан Мицкоски создава свои сателити, ЗНАМ, 2.0. Кога Мицкоски сака да направи нов политички проект за разбивање на опозициските гласови, тој не го прави тоа јавно. Тој собира луѓе без имиња, во сала без име, со организатор без име, и под странски правила за тајност, разговара за „иднината на државата“. Chatham House Rule за луѓе без имиња, за организатор без име, за политика на иднината без лице. Играчи кои треба да ја обликуваат судбината на Македонија според туѓи интереси - интереси на Христијан Мицкоски и агенди на други држави, како Русија и Кина. Изолирана држава – слепо црево на Балканот и Европа. Во исто време кога Европската Унија постојано предупредува за мешање на странски служби во политиката на Мицкоски, тој продолжува да спроведува туѓи агенди. Мицкоски секојдневно ги исполнува туѓите барања - но никогаш македонските и европските. Затоа и се крие зад затворени врати, исто како што ги крие криминалните тендери. Затоа и нема имиња. Затоа и се користи странско правило за тајност. Ова е ЗНАМ 2.0. ЗНАМ еднаш ја предаде својата партија, а потоа и своите гласачи, ставајќи ги нивните гласови на располагање на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО. Граѓаните не се наивни. Денес граѓаните јасно гледаат кој стои зад овој проект. Се гледа и од авион - Христијан Мицкоски и неговата банда. Од оној авион во кој не го болат колената. Единствената вистинска опозиција ќе биде обединета околу Фронтот за вистина и правда. Вратите на Фронтот се отворени за сите што сакаат демократско општество, без лаги и корупција. Општество што знае дека Европа нема алтернатива. Сè друго е проект на организирана криминална група, предводена од нејзиниот шеф, Христијан Мицкоски. Фронтот има име и презиме - Македонија и Европа. Тоа е лицето на иднината. Тоа се вика патриотизам. Изјава, Кристијан Дојчиновски - СДММ Скопје, 30.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter