Маск и Закерберг ја одбраа локацијата за тепачката- ќе се борат во Италија - Канал 5

Маск и Закерберг ја одбраа локацијата за тепачката- ќе се борат во Италија

Технолошкио милијардер Илон Маск (51), кој бара важно историско место за борбата против другиот технолошки богаташ Марк Закерберг (39), се обрати за помош кај италијанската премиерка Џорџија Мелони.

Маск и Закерберг ја одбраа локацијата за тепачката- ќе се борат во Италија

Маск денеска на својата платформа Х (поранешен Твитер) објави дека разговарал со Мелони и нејзиниот министер за култура Џенаро Санџулијано.

„Тие се согласија за епска локација“, рече Маск без да го прецизира точното место.

Оние кои шпекулираат дека двајцата најбогати луѓе на светот ќе се тепаат како гладијатори во Колосеумот, треба двапати да размислат.

„Тоа нема да се случи во Рим“, рече Санџуилијано. „Размислуваме како да го организираме овој голем хуманитарен и историски настан имајќи ја предвид заштитата на локацијата“, додаде тој.

Се чини дека има и разлики во мислењата за тоа каде ќе одат парите. Италијанскиот министер за култура рече дека „огромни суми, милиони евра, ќе бидат донирани во две италијански детски болници“, а Маск најави дека „сите пари одат за воените ветерани“.

Сензацијата започна кога Маск на 20 јуни напиша дека е „подготвен за борба во кафез“ со Закерберг, кој тренира џиу џицу.

Еден ден подоцна, Закерберг, кој објави фотографии од победите на својата социјална мрежа Инстаграм, побара од Маск само „да му ја испрати локацијата“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Ресен и Преспа со нови проекти за подобра иднина

Ресен и Преспа со нови проекти за подобра иднина, пешачко-велосипедска патека во должина од 180 километри, нови улици и грижа за најмладите.

ВМРО-ДПМНЕ: Ресен и Преспа со нови проекти за подобра иднина

Општина Ресен продолжува со унапредување на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Развојот на инфраструктурата е еден од најзначајните предуслови за подобар живот на граѓаните.

Во изминатава година реализирани се повеќе активности во оваа област како реконструкција на патен правец Мост на Голема Река до раскрсница со Депонија, хидротехнички истражни работи во с.Штрбово ( бушотина за вода), изведба на примарна водоводна мрежа и асфалтирање на ул„Наум Веслиевски“ крак 1 и крак 2 по постоечка состојба, изведба на примарна водоводна мрежа со куќни приклучоци на ул„11-ти Септември“ и ул„Бигла“, изградба на атмосферска канализација на дел од ул „Борис Кидрич“, примарни фекални канализациони системи во Долно Дупени, Крани, Стење, Брајчино, а во тек е изградби на пречистителни станици за истите.

Исто така отпочнати се градежни активности за изградба пешачко-велосипедска патека од 180 километри низ Преспа, со поддршка од Европската Унија, за развој на туризмот и промоција на природните убавини.

Се работи на подобрување на комуналните услуги преку набавка на два камиони за отпад, кипер и мини багер за потребите на јавното комунално претпријатие.

Се прави реконструкција на улици и водоводна и канализациска мрежа, со цел подобра инфраструктура и поквалитетни услуги за граѓаните.

Инвестициите во образованието, грижата за најмладите и создавањето подобри услови за нив, се инвестиции во иднината на општината. Општината дава поддршка на секое запишано прваче и за секој запишан средношколец во прва година на средно образование во нашата општина. Воедно, локалната самоуправа дава поддршка на секое првородено дете, како и на ранливите категории граѓани, старите лица и семејствата на кои им е потребна помош.

Со континуирани инвестиции и посветена работа, Општина Ресен гради подобри услови за живот и нови можности за развој на Ресен и Преспа, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 21 степен

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, соопштуваат од УХМР.

Променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 21 степен

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

-1 Берово, 1 Битола, 2 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Демир Капија, Струмица, Лазарополе, 3 Тетово, Прилеп, Велес, Куманово, 4 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Попова Шапка, 5 Претор, Крушево, Маврови Анови, 6 Охрид, Виница, 7 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција од 1956 година во Будимпешта.

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

Во рамките на меѓународната програма, таа ја проследи свечената седница на Националното собрание на Унгарија, на којашто се обратија неговата претседателка, Агнеш Форстхофер, унгарскиот претседател Андреш Бака, претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и министерот за финансии на Норвешка, Јенс Столтенберг.

Унгарскиот претседател Бака се осврна на идеалите и историското значење на револуцијата во 1956 година. За него, седум децении потоа, европската демократија и солидарност повторно се исправени пред голем предизвик. Тој повика на меѓусебна почит, одговорност и разбирање.

Вон дер Лајен и Кошта го потенцираа европското единство, ги поздравија демократскиот напредок и реформите во Унгарија и ги нагласија придобивките коишто земјата ги стекнала со членството во ЕУ изминативе 22 години.

Со едноминутно молчење, присутните оддадоа почит кон жртвите на револуцијата. На свечената седница беше прикажан и документарен филм.

За Сиљановска-Давкова Унгарската револуција е траен симбол на храброст, слободољубивост и достоинство на еден народ. Според неа, чест е да се присуствува и да се оддаде признание на овој значаен историски настан, не само за Унгарија, туку и за Европа.

„Убаво е да се чујат највисоките претставници на ЕУ, кога велат дека Унгарската револуција има голем придонес во изградбата на демократијата, дека вреди да се бориме сите за Европа, како наш заеднички дом“, изјави претседателката.

Централниот комеморативен собир се одржа на плоштадот „Лајош Кошут“.

Сиљановска-Давкова присуствуваше на гала свеченоста во Унгарската државна опера и на приемот во Музејот на ликовните уметности, чијшто домаќин беше премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер