ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица со координирана блокада со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик и реформите
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Левица со координирана блокада со десетици илјади амандмани го блокираат Изборниот законик и реформите
3Бесплатен спортско-едукативен камп за ученици од социјален ризик и талентирани спортисти од Кисела Вода
Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
1Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
ЖивотМаск и Рамасвами се сложуваат на петдневна работна недела во канцеларија Маск и Рамасвами се сложуваат на петдневна работна недела во канцеларија за федералните службеници.Американскиот милијардер Илон Маск и претприемачот и поранешен претседателски кандидат Вивек Рамасвами, кои беа номинирани од новоизбраниот претседател Доналд Трамп да го водат новоформираниот Оддел за владина ефикасност, соопштија дека го поддржуваат предлогот вработените во федералните органи на власта да работат од канцеларија пет дена во неделата. Повеќе од половина од 2,3 милиони вработени во американската влада во моментов не работат од далечина поради спецификите на нивните позиции, кои бараат присуство на лице место за следење на квалитетот на работата, а останатите поминуваат околу 61 отсто од своето работно време во канцеларија, информира Волстрит Џурнал повикувајќи се на извештај на Канцеларијата за управување и буџет. Предлогот доаѓа како дел од широката ревизија на државната администрација, а најавената промена може да доведе до „бран доброволни откази што го поздравуваме“, напишаа Маск и Рамасвами во колумна за Волстрит Џурнал. - Ако федералните службеници не сакаат да се појават на работа, американските даночни обврзници не треба да им плаќаат за привилегијата од Ковид ерата да останат дома, велат тие во колумната, истакнувајќи дека ова се некои од првите цели на одделот, за кој Трамп рече дека ќе дејствува надвор од владата и ќе им понуди придонес на федералните службеници. Во рамките на законот, претседателот има право да воспостави правила со кои се регулира работата на државните службеници со цел да се ограничи административниот апарат. Маск вети дека ќе елиминира два трилиони долари од годишниот буџет на Соединетите Американски Држави и рече дека на владата и требаат само 99 агенции, не повеќе од 400. „Вкоренетата и растечка бирократија е егзистенцијална закана за нашата земја, а политичарите предолго ја поддржуваа. Затоа ние ги правиме работите поинаку. Ние сме претприемачи, а не политичари. Ќе служиме како надворешни волонтери, а не како федерални службеници или вработени. За разлика од владините комисии или советодавните одбори, нема само да пишуваме извештаи или да сечеме ленсти. Ќе ги намалиме трошоците, велат Маск и Рамасвами. Тие наведоа дека посебно ќе се фокусираат на иницирање промени преку извршна акција врз основа на постојното законодавство, наместо да се носат нови закони. Што се однесува до најавеното намалување на бројот на федерални регулативи, целта е да се обезбеди „здрава индустриска логика за масовно намалување на бројот на вработени во сојузната администрација“, се посочува во колумната. Зборувајќи за потребата да се намалат трошоците за државните службеници, Маск и Рамасвами го привлекоа вниманието на законодавните мерки насочени кон заштита на службениците од отпуштање по налог на претседателот и лицата што тој ги назначува. Истовремено, потсетија претприемачите, целта на законот е да се заштити од персонализирана политичка одмазда, додека претседателот го задржува правото да отпушти вработени без да именува конкретни лица. Според извор запознаен со плановите за спроведување на оваа иницијатива, американските власти би можеле да направат таков чекор што е можно поскоро по инаугурацијата на новата администрација, која ќе се одржи на 20 јануари, пишува Волстрит Џурнал. Претставниците на синдикалното движење се спротивставија на најавените реформи и порачаа дека за промената на условите за работа треба да се разговара преку колективно преговарање. Во моментов, синдикатот, кој обединува околу 110.000 државни службеници, се консултира со адвокати, рече лидерот на синдикатот Ренди Ервин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураКалимеро, Македонија и ЕУ – Нема правда...Оваа уметничка акција и скулптурата на Калимеро имаат цел да нѐ потсетат на две различни, но тесно поврзани неправди.Од една страна, Калимеро гласно зборува за Македонија, која со години се соочува со бројни неправди и блокади на патот кон Европската Унија. Но, од друга страна, истиот тој Калимеро не може, а да не констатира дека, иако можеби за Македонија нема правда во процесот на европската интеграција, правда нема ниту во самата Македонија. Недоволното владеење на правото, корупцијата, нефункционалното судство и слабите институции се меѓу клучните забелешки што Европската Унија со години ги упатува кон државата која е заглавена на својот пат кон ЕУ. Токму затоа Калимеро гласно се спротивставува на ваквата состојба и потсетува дека без правда нема ниту достоинствен живот, ниту европска иднина. Во одередна смисла, Калимеро всушност го претставува обичниот граѓанин на Македонија кој секојдневно се соочува со неправди – од бавно и неефикасно судство, преку корупција, до проблемите во здравството, образованието и јавната администрација места каде владее неправдата против која Калимеро се бори. Затоа пораката на оваа акција е едноставна: сите ние сме Калимеро. Со години ја бараме правдата, а сѐ почесто останува чувството дека за обичниот граѓанин таа е недостижна. Или, едноставно, како што би рекол Калимеро – „Нема правда!“ Преку оваа уметничка интервенција сакаме да поттикнеме јавна дебата за тоа дали правдата ќе остане само ветување или конечно ќе стане реалност – и во македонските институции, но и во односот на Европската Унија кон Македонија. Во спротивно, како и Калимеро кој на крајот секогаш некаде заминува, сѐ повеќе македонски граѓани ќе бидат принудени среќата, достоинството и правдата да ги бараат надвор од сопствената држава. Акцијата е поставена на плоштадчето кај Ким на прва партизанска и е дело на групата Урбани уметнички акцииКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиВидео: Џејкобс истрча 100 метри за 9,67 секунди - но, рекордот не важиМарсел Џејкобс истрча 100 метри за 9,67 секунди-Погледнете ја неверојатната трка – еве зошто рекордот не важи.Марсел Џејкобс ја истрча трката на својот живот и го постигна најдоброто време во кариерата, но потоа му соопштија дека неговиот рекорд нема да биде валиден. Италијанскиот атлетичар Марсел Џејкобс триумфираше во трката на 100 метри, одржана во средата во рамките на турнирот „Austrian Open“ во Ајзенштат, со неверојатно време – 9,67 секунди! Тоа е третото најдобро време во историјата и само Јусеин Болт трчал побрзо од Италијанецот, но рекордот на Џејкобс нема да биде официјално признаен. Причината е силниот ветер во грб (+4,1 м/с), кој значително ја надминува дозволената граница, поради што резултатот на Џејкобс нема да се смета за официјален рекорд. Слична беше ситуацијата и со резултатот на Болт од 9,63 секунди, иако знаеме дека тој и без помош на ветерот истрчал 9,58 секунди, што и понатаму важи како рекорд. Марсел Џејкобс, олимпискиот шампион од Токио, немаше најчист старт и накратко се најде зад Британецот Ромел Глејв и светскиот рекордер на 400 метри, Вејд ван Никерк. Но, штом фати полн чекор, Италијанецот силно забрза, се издвои од конкуренцијата и на крајот победи со предност од околу еден метар. Патем, тие постигнаа и одлични времиња. 9.67 FOR 100 METERS‼️ 2020 Olympic champion Lamont Marcell Jacobs 🇮🇹 FLEW to a 9.67s (+4.1 m/s wind) for 100 meters the Raiffeisen Austrian Open. 🌬️ That’s No. 2 all-time under all conditions. pic.twitter.com/xAEWytC3Q5 — CITIUS MAG (@CitiusMag) July 1, 2026 Ромел Глејв ги истрча 100-те метри за 9,76 секунди, а Вејд ван Никерк за 9,83.Тагови: атлетика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЅвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.Легендарниот актер Дени Гловер во ексклузивно интервју откри дека веќе неколку години живее со Алцхајмерова болест. Ѕвездата на филмот „Смртоносно оружје“, Дени Гловер (79), му откри на Лестер Холт дека пред неколку години му била дијагностицирана оваа прогресивна невродегенеративна болест. Легендарниот актер Дени Гловер во ексклузивно интервју за емисијата „TODAY“ откри дека веќе неколку години живее со Алцхајмерова болест. Гловер, и неговото семејство разговараа со поранешниот водител на „NBC Nightly News“, Лестер Холт, во интервју кое се емитуваше на 1 јули. Тие дадоа увид во тоа како изгледа животот на четирикратниот добитник на наградата „Еми“ денес и зошто решил јавно да ја сподели својата дијагноза токму сега. „Сигурен сум дека работите ќе се променат како што напредува болеста“, рече Гловер. Сепак, со силна поддршка од семејството, тој чувствува дека има сила да се соочи со ова неизлечиво мозочно нарушување. „Апсолутно“, рече тој. „Тие ме поддржуваат“. Гловер е еден од повеќе од 7 милиони Американци постари од 65 години кои живеат со Алцхајмерова болест – прогресивна и смртоносна невродегенеративна болест што им ги одзема спомените на луѓето. Според Здружението за Алцхајмерова болест, кај Афроамериканците постои двојно поголема веројатност да развијат Алцхајмерова болест или некоја друга форма на деменција во споредба со белците, пишува „TODAY“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook