Маск и Гренел се залагаат за затворање на „Радио Слободна Европа“ и „Гласот на Америка“

Пратеникот на Трамп за специјални мисии, Ричард Гренел, и првиот човек на телото за ефикасност, Елон Маск, преку објави на социјалните мрежи побараа затворање на „Радио Слободна Европа“ и „Гласот на Америка“.

Маск и Гренел се залагаат за затворање на „Радио Слободна Европа“ и „Гласот на Америка“

„Тие се медиуми финансирани од американските даночни обврзници и се медиуми во државна сопственост. Овие медиуми се полни со екстремни левичарски активисти. Соработката со овие новинари трае со децении. Тоа е остаток од минатото. Не ни требаат медиуми финансирани од државата“, напиша Гренел, а Маск се надоврза на неговите зборови и целосно ја поддржа оваа позиција.

„Да, затворете ги. Европа е слободна сега не сметајќи ја задушувачката бирократија. Никој веќе не ги слуша. Тие се само радикални левичари кои зборуваат сами со себе додека согоруваат милијарда долари годишно од џебовите на американските даночни обврзници“, напиша Маск на платфромата X.

„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот

Со аплазуз и скандирање „Вие сте херои“ учесниците на вечерашниот марш, минувајќи покрај Градската болница во центарот на Скопје  ги поздравија медицинските работници. 

„Вие сте херои“ и аплауз за медицинските работници од учесниците на протестот

Претходно, пред Собранието упатија повеќе пораки и го исвиркаа. Скандираа: „Убијци“, „Системот е следен“,„Доста беше смрт", „Секој еден, може да е следен"...

Протестниот марш моменто минува покрја хотелот „Холидеј ин“ од каде преку преку мостот „Филип Втори“ и преку булеварот „Гоце Делчев“ треба да пристигне до Владата, каде ќе има собир, 16-минутен молк за загинатите и говори.

Муцунски во Будимпешта се сретна со неговиот колега Сијарто

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, денеска престојуваше во еднодневна работна посета на Будимпешта,Унгарија, каде оствари билатерална средба со неговиот унгарски колега, министерот за надворешни работи Петер Сијарто.

Муцунски во Будимпешта се сретна со неговиот колега Сијарто

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојуваше во еднодневна работна посета на Будимпешта, Унгарија, каде оствари билатерална средба со неговиот унгарски колега, министерот за надворешни работи Петер Сијарто, и, на негова покана, се обрати пред членовите на Дипломатскиот совет на Унгарија, информираат од МНРиНТ.

На средбата со министерот Сијарто, министерот Муцунски упатил искрена благодарност за поддршката и прифаќањето на македонските пациенти повредени во несреќата во Кочани, нагласувајќи дека оваа конкретна помош е дел од продлабоченото пријателство и соработка помеѓу двете земји, градено интензивно во изминатите девет месеци.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски ја посетил и болницата во Будимпешта каде што се згрижени шест македонски пациенти. Се сретнал со нивните семејства и со медицинскиот персонал, од кои добил информации за состојбата на пациентите и упатил благодарност за грижата, професионалноста и човечноста со која унгарските лекари се вложуваат во нивното лекување. Притоа истакнал дека поддршката се однесува не само на пациентите, туку и на нивните најблиски, кои добиваат логистичка поддршка преку дипломатско-конзуларната мрежа.

Министерот и неговиот домаќин разговарале и за унапредување на економската соработка, со акцент на инвестициите, енергетиката и трговската размена, како и за актуелната регионална динамика, стабилноста, безбедносните предизвици и континуираната поддршка од Унгарија за македонските евроинтеграции.

Се огласи Трамп од Овалната соба за договорот на САД со Украина за ретките минерали

САД и Украина постигнаа договор за ретки минерали.

Се огласи Трамп од Овалната соба за договорот на САД со Украина за ретките минерали

Американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите во Овалната соба изјави дека очекува договорот за ретки минерали наскоро да биде потпишан, објави Ројтерс.

Трамп рече дека на состанокот на делегациите од Вашингтон и Киев, што се одржува во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, се разговара за територијални прашања поврзани со војната во Украина и линијата за разграничување.

Трамп исто така рече дека Вашингтон разговара со Киев за можноста американски компании да поседуваат украински нуклеарни централи. Разговорите во Ријад главно се фокусираа на прекин на огнот во Црното Море, беше објавено претходно.

Сепак, Трамп рече и дека се појавиле и други теми.

„Се зборува за територија, за линии на разграничување, за сопственост на електрани. Некои велат дека САД треба да ги поседуваат електраните бидејќи поседуваме стручност“, рече американскиот претседател.

притисни ентер