Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво
2Швајцарија воведува ограничување на брзината на автопатиштата на 80 км/час- причината е недостиг на гориво
3 По Пентагон, и Европската комисија реши да реагира по сајбер нападите на фрижидери во супермаркетите
Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
2Вселенската опсерваторија на НАСА паѓа од орбитата- ќе има спектакл, се очекува огнена топка на небото
ТехнологијаМаск и Безос во кавга поради сателитскиот интернет Спејс Икс и Амазон, во сопственост на двајцата најбогати луѓе во светот, Илон Маск и Џеф Безос, се во расправија околу ривалските сателитски интернет-проекти, обвинувајќи се за „гушење на конкуренцијата“, објавија медиумите.Маск, извршниот директор на SpaceX со 209 милијарди долари, го симна Безос од тронот на најбогатиот човек на светот минатата година, чија нето вредност се проценува на 192 милијарди долари. Но, за споредба, дури и сиромашниот Безос во 2020 година имал поголем приход од повеќе од половина од светските земји, според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Тие се познати и како не многу добри пријатели, а Безос вчера испука нова отровна стрела, објавувајќи дека компанијата на Маск, SpaceX направила измени за време на развојот на проектот Starlink што може да резултира во „создавање на поопасна средина за судири во вселената“ и промените исто така би можеле да ги зголемат пречките во радио сигналите. Сателитите со ниска орбита околу Земјата (ЛЕО) за широкопојасен пристап до Интернет покажуваат знаци на голем потенцијал. Овие потфати може потенцијално драматично да го сменат пазарот на широкопојасен интернет и да им заштедат на потрошувачите десетици милијарди долари, проценуваат експертите. „Очигледно, во интерес на SpaceX е да се задуши конкуренцијата на самиот почеток, но секако не е од јавен интерес“, рече Безос Маск не се двоумел да му одговори и да го ,,боцне” за сметка на бавноста на неговата компанија да одговори на технолошкиот предизвик на ривалот. „Не е од јавен интерес Старлинк да биде попречен од сателитскиот систем на Амазон, што е, во најдобар случај, со години далеку од реализација“, објави Маск на Твитер. Launching many small satellites for a wide range of customers tomorrow. Excited about offering low-cost access to orbit for small companies! https://t.co/NrXmBML747 — Elon Musk (@elonmusk) January 22, 2021 Starlink е огромна констелација на интернет сателити, а SpaceX лансирал повеќе од 900. Компанијата на Маск има дозвола од сојузните власти на САД да лансира илјадници сателити, но сега бара дозвола од Федералната комисија за комуникации (FCC) да постави неколку илјада сателити во ниската земјина орбита. Амазон веќе ја обезбедил дозволата од FCC за поставување сателити во орбитата на околу 590 километри од површината на Земјата, но досега не лансирал ниту еден сателит. SpaceX би поставил околу 3.000 сателити во орбитата доколку FCC ги одобри измените на постојната лиценца. Сателитите би орбитирале на височина од 540 до 570 километри од површината на Земјата и, како што тврди Амазон, би предизвикало мешање на сигналот со неговите сателити од проектот Кајпер. Исто така, Амазон посочува во писмото до FCC, дека постои опасност сателитите на Starlink да се судрат со флотите од сателити Kuiper. Директорот на програмата за сателити на Спејс Икс, Дејвид Голдман, ги отфрли забелешките и во писмото до ФЦЦ напишал дека нивниот конкурент „ги игнорира повеќето модификации“ предложени од Спејс Икс и дека Безос избира само она што му одговара во неговите обвинувања, а остатокот го премолчува. SpaceX director David Goldman spoke with FCC officials late last week, to discuss the company's proposal to modify lower some of the Starlink satellites to lower altitudes and give a presentation with an update on the network's progress: pic.twitter.com/QcDrKCB8Wi — Michael Sheetz (@thesheetztweetz) January 25, 2021 Голдман истакнува дека тврдењата на Амазон „доведуваат до погрешен заклучок“ и дека нивната единствена цел е да ја „спречат“ конкуренцијата. Според некои проценки, околу 6.000 сателити кружат околу Земјата, а до 2028 година бројот може да се искачи на 15.000. Вселенските остатоци, кои се повеќето од овие сателити, патуваат со неверојатно голема брзина, од над 22.300 км на час и можат да предизвикаат значителна штета на кој било предмет што ќе го погодат. SpaceX тврди дека нивните сателити се направени да изгорат во атмосферата во рок од неколку години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
НаукаШто гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица Од сите искуства поврзани со искуства блиску до смртта (NDEs), ниту едно не е толку познато како светлината на крајот од тунелот.Луѓето кои биле на работ на смртта, па дури и оние кои биле мртви неколку моменти, понекогаш опишуваат движење низ темнина, како тунел, кон портал на светлина, премин во друг свет, објавува ScienceAlert. Сликата станала толку вкоренета во популарната култура што станала моќен симбол на крајот на животот. Сепак, не сите преживеани блиску до смртта виделе тунел. Некои опишале огромен, осветлен простор, закривен хоризонт или чувство дека се опкружени со светлина, според студија на 50 преживеани блиску до смртта. Истражувачот за неврофеноменологија Франс Лернер од Универзитетот во Хаифа во Израел и нејзините колеги сакале визуелно да пристапат кон прашањето, верувајќи дека тоа ќе открие обрасци што зборовите не можат, објави веб-страницата. На учесниците им било кажано да нацртаат облик на простор што го паметат дека го доживеале и да опишат каде се доживуваат себеси во него, како се движат низ него и какви бои се сеќаваат. Потоа научниците составиле база на податоци од овие реконструкции и ги споредиле, барајќи сличности во геометријата на просторите. Откриле дека конусните простори, кои го вклучувале познатиот тунел, се повторувале често, како и широките, закривени простори како лакови. Учесниците исто така често цртале простори кои изгледале како целосно да го опкружуваат набљудувачот, како што е внатрешноста на сфера или овал. Од 28-те конусни простори што ги реконструирале учесниците, 22 биле црни, бели или сиви, или во светлина без препознатлива нијанса. Од друга страна, 27 од 31 широки, закривени простори биле перцепирани во боја. Според Лернер и нејзините колеги, истражувањата за невронауката и перцепцијата веќе документирале некои слични визуелни односи. Еден пример е тунелскиот вид, кој може да се појави кога е нарушено снабдувањето со кислород до мрежницата или мозокот, стеснувајќи го видното поле. Според неа, доминацијата на црната, белата и сивата боја во простори слични на тунел има научно објаснување поврзано со човечкиот вид. Во услови на слаба осветленост, нашите очи стануваат помалку чувствителни на бои бидејќи клетките чувствителни на светлина одговорни за гледање во темнина преземаат контрола. Иако истражувачите претходно идентификуваа повторливи карактеристики кај луѓе кои доживеале искуства близу до смртта, како што се тунели и светла, малку внимание е посветено на просторната структура на овие искуства или на тоа како луѓето се перцепираат себеси додека се движат низ нив. Студијата е објавена во списанието „Frontiers in Psychology“.Тагови: научниците смртта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаКарикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко Мароканскиот карикатурист Јасер Мунбир е осуден на четири години затвор за „навреда на кралот“ по објавувањето на карикатура од Мухамед VI, објави денес неговиот адвокат.Судот во Казабланка, исто така, му наложи на карикатуристот да плати казна од 40.000 дирхами, или 3.600 евра. Неговиот адвокат, Фарук Мехдауи, објави дека ќе поднесе жалба на пресудата. Член 179 од мароканскиот кривичен законик забранува „клевета, навреда или нарушување на приватноста на кралот“, а таквите дела се казнуваат со затвор од шест месеци до две години. Во случајот на 22-годишниот Јасер Мунбир, казната е двојно зголемена бидејќи цртежот е објавен онлајн, објави „Ле Фигаро“. Мунбир беше уапсен во јуни откако цртал и објавил карикатура од кралот на Мароко на својот Инстаграм профил. Мароканското здружение за човекови права (AMDH) побара негово ослободување. Активистите за човекови права во Мароко побараа укинување на законите за кои велат дека ја ограничуваат слободата на изразување, како и помилување на осудените за објави на социјалните мрежи, пишува Фигаро.Тагови: карикатура Мароко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаТелефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер Apple предупреди дека iPhone-ите на членовите на Бундестагот и членовите на федералната влада можеби биле цел на шпионски софтвер. Германскиот министер за дигитална администрација, Карстен Вилдбергер, изјави дека Федералната канцеларија за информациска безбедност (BSI) им советувала на засегнатите да претпостават дека нивните уреди се компромитирани за секој случај, бидејќи предупредувањето не укажувало дали нападот бил успешен. Според BSI, овој вид шпионски софтвер може да им даде на напаѓачите пристап до пораки, вклучително и оние испратени преку шифрирани апликации, како и повици, контакти, календари и податоци за локација. Исто така, може да го вклучи микрофонот и камерата на телефоните. Вилдбергер изјави за ARD дека „добивме известување од Apple дека одредени уреди можеби биле компромитирани од таканаречен шпионски софтвер“, објави Euronews. Предупредувањата до засегнатите телефони почнаа да пристигнуваат на 29 октомври, според BSI, и тие наведоа дека Apple го открил нападот користејќи „шпионски софтвер“. Министерот рече дека BSI „реагирала супер брзо“ и ги известила засегнатите, со упатства за заштита. Вилдбергер не кажа колку политичари биле предупредени или кои биле цел. Ниту „Епл“, ниту германските власти не кажаа кој би можел да стои зад нападот.Тагови: телефоните софтвер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook