ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!
1ЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!
ТехнологијаМаск го спои „Спејс-Икс“ со компанијата „Икс-А-И“Американскиот технолошки милијардер Илон Маск вчера соопшти дека ја споил својата вселенска компанија „Спејс-Икс“ (SpaceX) со друга своја компанија - развивачот на вештачка интелигенција (ВИ) - „Икс-АИ“ (xAI), јави ДПА.Споените фирми треба да изградат центри за податоци во Вселената, како што најави Маск во својата блог-објава, додавајќи дека очекува ова да стане најевтиниот начин за генерирање моќ занапојување ВИ за компјутерска обработка. На краток рок, договорот ќе овозможи снабдување на „Икс-А-И“ со милијарди долари од „Спејс-Икс“. Фирмата за ВИ има високи капитални барања. Се вели дека Маск во мигов има удел од околу 40 насто во двете компании. „Спејс-Икс“, а неодамна и производителот на електрични автомобили „Тесла“ (Tesla), којшто исто така, го раководи Маск, веќе вложија по две милијарди долари во „Икс-АИ“. Инаку, и „Спејс-Икс“ и „Икс-АИ“ се приватни компании. Ракетата „Спејс-Икс старшип“, којашто може да носи големи товари во орбитата, треба да игра клучна улога во изградбата на центрите за податоци во Вселената. Според Маск, ваквите центри ќе ја црпат својата енергија од сончевата енергија - на Земјата, нуклеарната енергија денес повторно се проширува за оваа намена о САД. „Самиот број сателити што ќе бидат потребни за центри за податоци во вселената ќе го турне 'Старшип' на уште поголеми височини. Фабриките на Месечината можат да ги искористат лунарните ресурси за да произведуваат сателити и да ги распоредуваат подалеку во вселената“, продолжи Маск. Во својата корпоративна мрежа, 'Тесла' развива човековидни роботи што можат да се користат и под неповолни услови“, изјави Маск. „Икс-АИ“ го развива четботот „Грок“ (Grok), којшто Маск го лансираше за да се натпреварува со „Чет-ГПТ“ од конкурентската „Опен-АИ“ и другите. Инаку, „Грок“ последниве недели беше критикуван затоа што им дозволува на корисниците дигитално да ја заменат женската облека со бикини и, во некои случаи, да создаваат сексуализирани прикази на малолетници. По критиките, социјалната мрежа „Икс“, којашто сега е дел од „Икс-АИ“, воведе ограничувања во јануари. „Спејс-Икс“ игра клучна улога во американската вселенска програма со години. Според наводите, „Спејс-Икс“ размислува и за јавна јавна понуда што би можела да ја процени компанијата до 1,5 трилиони долари. Тагови: Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговорите15:00Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МакедонијаЛДП: „Скопје 2014“ на 35-годишнината од независноста - Наместо да ги објават како за Стевановска, сега ги кријат неверојатните хонорари, ЈО разбудете се!Владата се чини ја користи истата добро позната финансова шема од проектот „Скопје 2014“ за 35-годишнината од независноста. Како што тогаш вајарката Валентина Стевановска наводно за себе исцица речиси 3 милиони евра за авторски хонорари — од кои само за „Воин на коњ“ зеде 649.000 евра од вкупно 10,5 милиони евра потрошени за споменикот — така денес Владата зад непрегледни извештаи крие милионски суми за еден проект за јубилејна прослава. Народот повторно гледа иста матрица: прослава од 5,5 милиони евра потрошени за 18 настани, каде што просечно се „инвестирало“ по над 300.000 евра од настан за празнење на касата на Државна Лотарија, наместо да се вратат во Буџетот кој ете, бил празен. Од вкупно потрошените 5,5 милиони евра, дури 2,1 милион евра се заведени како „хонорари за артисти“, но Владата крие колку точно од тие пари легнале на сметката на Дејвид Гета, а колку добиле другите. Прашуваме, дали им беа фрлени трошки на домашните музичари и дали тоа некој на големо се офајди? Исто така ја прашуваме Владата, кога дознавте дека има криза со цената на горивата, а со тоа и во Буџетот, па решивте да фрлате милиони народни пари за прослави? Не можеа ли парите од дивидендата од Државна Лотарија да се искористат порационално, а прославата да биде достојна, но согласно буџетот на граѓаните? „Ова не е прослава на независноста, туку пресликана матрица од 'Скопје 2014', каде што преку спектакли и задкулисни договори се испумпуваат народни пари. За жал, на јавноста ѝ е кристално јасно дека ниту се промени матрицата на трошење, ниту желбата за местење милионски бизниси под превезот на културата, додека граѓаните тонат во сиромаштија, а институциите се распаѓаат“, порачуваат од ЛДП. ЛДП упатува директен и остар апел до Јавното обвинителство: До кога ќе молчите и ќе спиете? Ајде што не можевте да се соземете и да се разбудите од летните одмори во текот на целиот септември, но веќе сме средина на октомври и немате повеќе никаков изговор за пасивноста! Јавното обвинителство мора итно да се разбуди, по допрен глас да ги отвори сите договори за 5,5-милионската прослава и да истражи кои компании и поединци ги прибрале милионските маргини. Граѓаните бараат одговори и одговорност, а не нови фасади, скапи светла и криење зад 81 страница формални извештаи. ЛДП нема да дозволи народните пари повторно да завршуваат во приватни џебови под маската на патриотизам и забава, додека вистинските темели на државата се наоѓаат на колена. Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговорите15:00Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
ЕкономијаМинистерството за економија воведува нов модел за мерење на трошоците на живот58.475 денари за еден месец. Толку, според Министерството за економија и труд му биле потребни на едно четиричлено семејство за месечните трошоци во август. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и официјално ја промовираше владината потрошувачка кошничка и нејзиниот пристап за пресметка. За разлика од владината, синдикалната минимална кошничка за истиот месец достигнала 68.675 денари, односно 10.200 денари повеќе. Дурмиши вели дека разликата со синдикалната кошничка произлегувата од различните методологии. За владината, вели се користеле релевантни податоци од Државниот завод за статистика, цени на производи во осум градови, податоци од 23 пазари за овошје и зеленчук, како и цени на најпродаваните прехранбени производи во петте најголеми и три регионални трговски синџири. -Нашата цел е јасна да имаме реална, објективна и транспарентна слика за тоа колку трошат домаќинствата во Македонија, врз основа на официјални и статистички податоци за реалната потрошувачка и цените на производите и услугите на пазарот. За разлика од проценките што се прават според посакувани потреби, нашата методологија се базира на податоци за остварената потрошувачка, во согласност со меѓународно прифатените статистички класификации,- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд. Разликата е видлива и кај храната и безалкохолните пијалаци. Во владината кошничка за оваа категорија се пресметани 21.132 денари, наспроти 25.032 денари во синдикалната, односно 3.900 денари повеќе. Владината кошничка не ги вклучува ниту трошоците за кирија, ниту трошоци за одмор. Според Дурмиши, повикувајќи се на Пописот од 2021 година, 95% од населението живеело во сопствен дом. Сепак, остана неодговорено дали тоа значи и отсуство на трошоци за домување, особено кај семејствата што отплаќаат станбени кредити. - Синдикалната кошница се базира на проценка на посакуваните трошоци за живот, па затоа вклучува и алкохол и цигари во неа, како и три трошоци за кирија, иако според податоците од пописот во 2021 година, 95% од граѓаните живеат во свој дом, додека нашата пресметка се темели на официјални податоци за реално остварената просечна потрошувачка,- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд. Од јануари до август пак, владината кошничка пораснала за 2.094 денари, односно 3,7%, а синдикалната за 2.262 денари. Методологијата ќе биде разгледана на седницата на Економско-социјалниот совет на 19 октомври, каде што ќе може да се предложат дополнувања и корекции. По усвојувањето, се очекува редовно да се објавуваат трошоците за сите 11 категории. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија и официјално е против укинувањето на ветото во текот на преговорите15:00Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35
МетеоПад на температурите и денови со обилни врнежи од дождОд топли есенски денови до нагло заладување – температурните разлики стануваат сè позабележителни. Временските осцилации носат промени не само во секојдневието, туку и во начинот на кој реагира човечкиот организам. На што се должат наглите температурни промени, колку се вообичаени за овој период од годината и какво време нè очекува во наредните денови, за Канал 5 открива Јулијана Фиданоска-Мишкоска од УХМР. Поголемо заладување може да се очекува од недела. ,, Веќе промената на температурата ќе ја почувствуваме од недела и во деновите од новата седмица. Нашето подрачје се наоѓа во циклонска активност такашто веќе и од денес ќе имаме променливо облачно време, до средината на на следната седмица со повремени локални врнежи од дожд а деновиве од викендов ќе имаме и поинтензивни дождови особено во недела да наврнат над 20 литри на метар квадратен дожд,,-УХМР. Наглите температурни промени можат да предизвикаат здравствени тегоби, особено кај повозрасните и хронично болните граѓани. Лекарите предупредуваат дека токму овие категории се најчувствителни на временските осцилации. „Кај пациентите кои се чувствителни на временските промени може да се забележат тегови како: Главоболки, вртоглавица, замор, нарушување на концентрација но и промена на крвниот притисок, кај хронично болните може да дојде до влошување на симптомите особено при наглите температурни промени и зголемување на загаденоста на воздухот. Намалените температури може да ги провоцира симптомите кај лицата со астми и другите хрончно аспираторни заболувања, кај други одредени пациенти со интензивна изложеност на студ може да се зголемни ризикот од кардиовислукарни компликации.. – д-р Драганчо Панов . Но, ниту младите не се целосно заштитени од здравствени тегоби при нагли температурни промени. Ризикот не зависи само од возраста, туку и од здравствената состојба и условите на кои е изложен организмот. Доктор Панов советува облеката да се приспособува на временските услови, да се избегнува нагло изложување на студ, а хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook