Маск ги крати работните места и ги намалува трошоците на Твитер - Канал 5

Маск ги крати работните места и ги намалува трошоците на Твитер

Додека преговарал преземање на Твитер од 44 милијарди долари, Илон Маск им рекол на банкарите дека ќе се фокусира на деловните резултати на компанијата за социјални медиуми и ќе ја изнесе идејата за намалување на трошоците и работните места.

Маск ги крати работните места и ги намалува трошоците на Твитер

Во разговорите со банкарите пред објавувањето на зделката, Маск на Твитер одговарал на прашања за тоа како ќе оствари финансиски поврат. Иако ништо не било целосно дефинирано, а самиот Маск немал пристап до финансиските податоци на Твитер во тоа време, тој конкретно ги спомнал отпуштањата. Тој не навлегол во детали за тоа кои ресори или позиции може да бидат засегнати, истакнуваат извори на Блумберг блиски до Твитер и Маск.

Маск разговарал и за идеи за комерцијализација на платформата и зголемување на приходите, вклучувајќи ја и можноста за воведување претплата. Иако малку зборувал јавно за тоа како планира да го поттикне растот, на почетокот на април тој посочил дека не е преокупиран со пари. „Воопшто не ми е гајле за исплатливоста“, рече Маск на конференцијата на ТЕД откако даде понуда да го купи Твитер.

Сите на Твитер, од вработените до инвеститорите, сакаат да знаат како Маск планира да ја води компанијата во приватна сопственост, откако ќе се спроведе неговата трансакција од 54,20 долари по акција. Покрај неговите јавни твитови за тоа, најбогатиот човек на светот не споделил многу детали за тоа што би можело да се промени, а раководството на Твитер не интервјуирало инвеститори кога ги објавиле кварталните резултати во четвртокот.

Маск рече дека сака да го направи Твитер подобар од кога било со надградба на производот со нови функции, со тоа што ќе ги отвори алгоритмите за да ја зголеми довербата, ќе ги победи спам-ботови и ќе ја потврди автентичноста на сите луѓе. Директорот на Твитер, Параг Агравал, им кажал на вработените во понеделникот дека ќе работат како и обично додека не заврши преземањето.

Маск не направил слична презентација на своите планови и идеи, вклучително и отпуштања, пред одборот на директори на Твитер. Комитетот го оценил договорот првенствено врз основа на цената, во однос на моделирањето на Твитер за идните финансиски перформанси.

Луѓето запознаени со бизнис зделката, кои биле дел од напорите на Маск да добие банкарска гаранција, рекоа дека милијардерот јасно ставил до знаење дека ќе бара финансиски поврат од бизнисот. Тој зборувал за неговата досегашна работа во Tesla и SpaceX како доказ дека знае како да ги насочи компаниите кон остварување профит.

Маск, исто така, повторил некои од идеите за тоа како да се води компанијата, за кои пишувал и на Твитер. Тој зборувал за потребата инфлуенсерите и познатите личности да бидат поактивни на платформата, повторувајќи го твитот што го испрати овој месец за тоа како музичката ѕвезда Тејлор Свифт не објавила ништо три месеци.

Понудата на Маск за Твитер вклучува и конкретна финансиска обврска од 21 милијарда долари. Една опција да се собере барем дел од таа сума е да продаде дел од неговите акции во Тесла. Во пет одделни понуди во четвртокот, Маск откри дека продал 4,4 милиони акции за вкупно околу 4 милијарди долари, врз основа на пресметката на Блумберг.

Твитер во четвртокот објави дека оствариле приход од 1,2 милијарди долари во првиот квартал, нешто под проценките. Растот на продажбата од 16% е најслабата стапка на раст во последните шест квартали. На бројките влијаеше продажбата на MoPub, платформа за рекламни технологии, која инаку би изнесувала 22%.

Сепак, перформансите на Твитер се во согласност со резултатите на Snap и Meta Platforms, кои се борат со помали трошоци за рекламирање поради проблеми со синџирот на снабдување, инфлацијата и војната во Украина. Акциите на Твитер вредат 49,11 долари, далеку под понудата за преземање на Маск.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Мораме да се движиме со современите текови на човештвото

 Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по презентацијата на апликацијата „m.Uslugi“.

Мицкоски: Мораме да се движиме со современите текови на човештвото

Апликацијата „m.Uslugi“, овозможува граѓаните да ги имаат своите најважни документи меѓу кои и лична карта, директно на својот мобилен телефон.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 луѓе денеска оставија пример што заслужува да го следи цело Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со колегите градоначалници, младите, волонтерите и илјадници сограѓани, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 луѓе денеска оставија пример што заслужува да го следи цело Скопје

- Денес повторно, околу 30.000 причини да веруваме во силата на овој град. Во најмасовната еко-акција за нашето Скопје, видовме што може да направи љубовта кон својот град кога ќе стане дело. Луѓе кои одвоија од своето време, ги засукаа ракавите и вложија труд за сите нас. За својата улица. За соседите. За децата. За нашиот заеднички дом. Тоа е Скопје во кое верувам. Скопје што се обединува, презема одговорност и со сопствени раце го менува своето секојдневие – изјави Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дена во денешната еко-акција се приклучија и угостителите, давајќи придонес во оваа голема заедничка борба за почисто и поубаво Скопје.

- На секој од вас ви благодарам од срце. Горд сум на вашата посветеност, на вашата совест и на примерот што денес го оставивте. Нашите деца заслужуваат да растат покрај зеленило и во чиста околина, а од нас да научат како се чува тоа што им припаѓа на сите. До оние што и понатаму несовесно фрлаат отпад им порачувам: почитувајте ги овие луѓе. Почитувајте го нивното време, нивниот труд и нивниот град, кој е и ваш. Секое катче што денес го исчистивме носи нечиј вложен напор. Никој нема право утре повторно да го претвори во депонија. Оваа енергија има сила да создаде трајна промена. Да почнеме од својот праг, од улицата по која минуваме, од паркот во кој играат нашите деца. Одговорноста за почист град ја покажуваме со секоја наша постапка, а за секој што намерно го загадува Скопје - нема да има толеранција. Ви се поклонувам за трудот и за големото срце. Да оставиме пример, не ѓубре – рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека овие акции продолжуваат да се реализираат двапати месечно, со цел грижата за Скопје да стане наша секојдневна навика и апелираше до сите што несовесно фрлаат отпад да се почитува и чува сработеното.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасада

Малолетник, кој утрово загина по напад врз припадник на Жандармеријата пред израелската амбасада во Белград, бил уапсен во Минхен во мај под сомнение дека подготвувал терористички чин, а во јули бил депортиран во Србија.

Уапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасада

Дел од медиимите од извор во полицијата отркиваат дека малолетникот кој беше убиен пред израелската амбасада по напад врз припадник на Жандармеријата, е роден во околината на Шабац, а во мај оваа година бил уапсен во Минхен, Германија, под сомнение дека таму подготвувал терористички чин.

Потоа, во јули годинава, тој бил депортиран во Србија. Германските власти детално го испрашале малолетникот, кој им опишал како почнал да се интересира за содржини на интернет поврзани со исламскиот фундаментализам и терористички организации, како што се Ал Каеда и Исламската држава.

Откако стапил во контакт со непознато лице во Германија, тој почнал да планира напад врз еврејската заедница во Минхен.

За потсетување, министерот за внатрешни работи во техничкиот мандат, Ивица Дачиќ, изјави дека вечерва, 15 минути по полноќ, во Белград бил извршен терористички напад врз припадник на Жандармеријата кој ја обезбедувал Амбасадата на Израел. Поради тоа, наредено е подигнување на нивото на безбедносна закана од тероризам на највисоко ниво, како и зголемување на присуството на полицијата на клучните локации.

Како што додаде тој, припадник на Жандармеријата го усмртил напаѓачот, кој бил малолетен. Нејасно е како српските безбедносни служби, првенствено БИА, дозволиле малолетникот во оваа ситуација да остане без надзор, па така да може да стигне до Амбасадата и да се обиде да убие припадник на Жандармеријата

. „Иако неговиот идентитет сè уште не е утврден, нашата служба го следеше и познато е дека тој бил поддржувач на Исламската држава. На својот профил на Инстаграм, тој имал објавено црно знаме и симболот на Исламската држава“, изјави Дачиќ.

Тој додаде дека, заедно со директорот на полицијата, генералот Драган Васиљевиќ, го посетил повредениот припадник на Жандармеријата, кој се чувствува добро и денеска ќе биде пуштен на домашно лекување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер