Маск: Бројот на месечни корисници на платформата Х достигна нов максимум - Канал 5

Маск: Бројот на месечни корисници на платформата Х достигна нов максимум

Бројот на месечни корисници на платформата X, порано позната како Твитер, достигна нов максимум, рече Илон Маск и сподели графикон што покажува дека сега има над 540 милиони.

Маск: Бројот на месечни корисници на платформата Х достигна нов максимум

Објавата на Маск на X за бројот на корисници доаѓа кога компанијата претрпува организациски промени и се соочува со конкуренција од ново лансираната апликација Тредс, со која управува платформата Мета.

Твитер имаше 229 милиони месечни активни корисници во мај 2022 година, се вели во соопштението објавено пред купувањето на платформата.

Под водство на Маск, X помина низ низа промени во понудата на производи и намалувања на персоналот во обид да ги зголеми приходите.

Платформата Х останува негативна за готовинскиот тек поради речиси 50 отсто пад на приходите од реклами и големиот долг, рече Маск претходно овој месец, што значи дека неговите мартовски очекувања дека платформата ќе биде позитивна за готовинскиот тек до јуни нема да бидат исполнети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во Монако: Украински олигарх повреден; Напаѓачот во бегство!

Украинскиот олигарх Вадим Јермолаев е повреден во експлозија што потресе станбена зграда во Монако.

Експлозија во Монако: Украински олигарх повреден; Напаѓачот во бегство!

Властите велат дека осомничениот активирал експлозивна направа и избегал, а истрагата е во тек.

Украинскиот олигарх Вадим Јермолаев е едно од тројцата повредени лица во експлозијата што се случи синоќа во станбена зграда во Монако, додека осомничениот е во бегство, објавија властите денес.

Според извор близок до истрагата, Ермолаев е меѓу повредените во инцидентот во кој две лица се тешко повредени, додека едно 13-годишно момче се здобило со полесни повреди, објави порталот „Франс 24“.

Според обвинителството на Монако, осомничениот поставил торба или пакет во лобито на станбената зграда пред да ја активира експлозивната направа и да избега од местото на настанот.

Принцот Алберт Втори го осуди нападот, нарекувајќи го „грозоморно злосторство“ и рече дека безбедноста во Кнежевството ќе остане приоритет. Властите објавија дека ова е прв ваков инцидент во историјата на Монако и дека е во тек интензивна истрага во соработка со француските безбедносни служби.

Осомничениот е идентификуван на снимки од безбедносните камери и е виден како ја напушта областа и се движи кон соседниот француски град Босолеј.

Повредените се префрлени во болниците во Ница. Истрагата за мотивите на нападот е во тек, а безбедносните мерки во Монако се зголемени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес се слават тројца големи светители: Еве што не треба да правите на овој празник

Православните верници денеска, на 30 јуни, го празнуваат денот на Светите маченици Мануил, Савел и Исмаил – тројца родени браќа кои со својата непоколеблива вера оставиле траен белег во христијанската традиција.

Денес се слават тројца големи светители: Еве што не треба да правите на овој празник

Светите маченици Мануил, Савел и Исмаил биле браќа од Персија, воспитани во христијанската вера и високи чиновници на персискиот цар. Како негови пратеници биле испратени кај царот Јулијан Отстапник за да преговараат за мир. Кога одбиле да им принесат жртва на паганските идоли, јавно сведочејќи дека се христијани, биле затворени и сурово мачени. И покрај страдањата, останале цврсти во својата вера. На крајот биле погубени со меч. По нивната смрт, според преданието, настанал силен земјотрес, а нивните мошти подоцна биле пронајдени и чесно погребани од христијаните. Над нивните мошти се случиле бројни чуда, кои довеле многумина да ја прифатат христијанската вера.

Според народното верување, на овој празник треба особено да се внимава на зборовите и делата. Се смета дека денот е посветен на вистината, па затоа верниците се трудат да не изговараат лаги, да не шират кавги и да не влегуваат во конфликти. Се верува дека искреноста и добрите дела носат внатрешен мир и Божји благослов.

Многу верници одат во црква, палат свеќи за здравје и мир во семејството, а денот го поминуваат во молитва и со добри мисли.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски

Договор со коалициските партнери ВРЕДИ и ЗНАМ околу ресорите за најавената реконструкција на владата принципиелно е постигнат, но кадровските решенија ќе бидат соопштени вечерва по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски

Договор со коалициските партнери ВРЕДИ и ЗНАМ околу ресорите за најавената реконструкција на владата принципиелно е постигнат, но кадровските решенија ќе бидат соопштени вечерва по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, порача премиерот Христијан Мицкоски...

По објавувањето на дефинитивниот состав на владата, предложените министри веќе в среда или четврток се очекува да бидат испратени до Собранието, но дали ќе се менува една третина од владиниот состав за што Собранието би гласало за секој министер поединечно или ќе бидат назначени поголем број нови кадри, со што ќе се избира целосно нова влада засега е неизвесно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер