Маск: Ако ОН објасни како 2% од моите пари ќе го решат светскиот глад, ќе ги дадам

Илон Маск вели дека веднаш ќе ги продаде сите акции на Тесла и ќе го реши гладот ​​во светот доколку некој од Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) му објасни како тоа може да се направи со шест милијарди долари.

Ова е одговорот на Маск на твитот на Др. Илија Дејвид, водечки експерт за вештачка интелигенција, кој објави дека 2 отсто од вкупното богатство на Маск е 6 милијарди долари, додека Светската програма за храна на ОН собрала 8,4 милијарди долари во 2020 година. Тој праша како тоа не го решиле прашањето за гладот ​​во светот.

Маск неколку минути подоцна повторно твитна и порача дека објаснувањето на ОН, односно финансискиот план мора да биде транспарентно за да може јавноста точно да види каде и како се потрошени парите.

Пред четири дена, шефот на Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) рече дека „мала група екстремно богати поединци можат да помогнат во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од своето богатство“.

„Милијардерите треба да дојдат на помош еднаш засекогаш“, изјави Дејвид Бисли за Си-Ен-Ен, наведувајќи ги особено двајцата најбогати луѓе во светот, Џеф Безос и Илон Маск. „Шест милијарди долари за помош на 42 милиони луѓе кои буквално ќе умрат ако не им помогнеме. Не е комплицирано“, додаде Бисли.

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, поседува богатство вредно 289 милијарди долари, според Блумберг, што значи дека Бисли бара донација од само два отсто од неговиот имот. Богатството на американските милијардери е речиси двојно зголемено од почетокот на пандемијата и сега изнесува 5,04 трилиони.

„Комбинацијата од неколку кризи, како што се климатските промени и пандемијата на Ковид-19, значи дека многу нации тропаат на вратата на гладот“, рече Бисли.

Половина од населението на Авганистан, 22,8 милиони луѓе, се соочува со акутна криза со глад, според извештајот на WFP објавен во понеделникот. Огромната невработеност и неликвидноста значат дека земјата е на работ на хуманитарна криза и 3,2 милиони деца на возраст под пет години се загрозени, се заклучува во извештајот.

WFP проценува дека на 5,2 милиони луѓе итно им е потребна помош во храна во етиопскиот регион Тигра, каде што етиопскиот премиер Абиј Ахмед од минатата година ја води големата офанзива против Народниот ослободителен фронт Тигра (TPLF). Оттогаш се убиени илјадници цивили, а повеќе од два милиони луѓе се раселени. Хуманитарните организации како што е WFP имале проблеми со снабдувањето на оние на кои им е потребна во регионот, што само ја влошило кризата.

„Не знам од каде им дојде храната. Снемавме гориво. Немаме готовина да им плаќаме на луѓето, ни снемуваат пари и не можеме да ги стартуваме нашите камиони“, изјавил Бисли за Си-Ен-Ен.

10- годишно дете од САД си пресудило по малтретирањето на училиште-родителите 20 пати се жалеле

Десетгодишно момче од Индијана извршило самоубиство откако наводно било ужасно малтретирано на училиште, додека неговите родители тврдат дека 20 пати се пожалиле во училиштето.

Семи Теус се самоубил на 5 мај, а според неговото семејство бил малтретиран до ноќта пред смртта.

Неговите родители Сем и Никол тврдат дека момчето било физички и психички малтретирано на училиште, а наводно неодамна го претепале во училишниот автобус.

Малтретирањето започнало минатата година кога тој се префрлил во училиштето, пишува Дејли Мејл.

Според семејството, Сем 20 пати им кажал на наставниците и на другите вработени во училиштето за злоупотребата.

„Најпрвин го исмејуваа поради очилата, потоа поради забите. Тоа траеше долго. “, рече таткото на Семи.

Злоставувањето потоа станало физичко.

„Го претепаа во автобус, децата му ги скршија очилата. Се јавив во училиштето, ги прашав што ќе прават во врска со тоа, стануваше сѐ полошо и полошо“, рекол таткото.

Според него, училиштето знаело што се случува, а злоупотребата низ училиштето и во автобусот се проширила на социјалните мрежи.

Училиштето соопштило дека неговите родители ја пријавиле смртта како самоубиство и ги истражуваат тврдењата за злоупотреба.

Истрагата продолжува.

Скандалозен исказ на таткото, кој ги држел своите деца како заложници и пукал со калашников

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција.

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција и тврди дека направил сѐ за „да ги заштити децата од љубовник на жената“, објави Политико.

Марку рекол дека имал проблеми со сопругата и дека, како што тврди, таа нашла друг маж.

Таткото, кој испукал најмалку 18 истрели во станот и од балконот во Драч, тврдел дека ги зел децата „за да ги држи подалеку од момчето на жената“. Потоа, како што тврди таткото, „новиот дечко на неговата сопруга дошол да го нападне“.

Потоа, како што рече, со калашников излегол на терасата.

„Четири дена бев во стан на плажа со моите деца и сѐ беше супер. Жена ми побегна во Италија и малку се каравме. Последен пат кога се скаравме, таа отпатува за Италија и јас ги зедов децата и дојдовме во Драч.“

Марку рекол дека сѐ ескалирало кога „љубовникот дошол кај него“.

„И тогаш нејзиниот љубовник доаѓа да ме нападне во куќата и затоа пукав. Не сакав да има врска со децата. Го однесов детето на тераса кога пукав, па можеше да види дека никогаш не сум бил насилен кон децата“, тврди таткото, кој беше уапсен вчераутро по неколкучасовни преговори.

Медиумите јавуваат дека децата, кои биле извлечени неповредени од станот, сега се со својата мајка и го напуштиле Драч.

Не се знае со каква казна се соочува таткото.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

притисни ентер