Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
1Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
3Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
РакометМашкиот ракометен куп во Охрид, женскиот во салата во АвтокомандаРакометната федерација на Македонија денеска ги одреди локациите и термините за одигрувањето на завршните натпревари од Купот на Македонија во двете конкуренции. Завршниот турнир во машка конкуренција ќе се игра во Охрид во салата „Билјанини Извори“, додека домаќин на завршниот турнир во женска конкренција ќе биде Скопје и салата „Автокоманда“. Воедно беа одредени и термините за одигрувањето на натпреварите. Куп на Македонија (мажи): Полуфинале: Металург – Вардар Јуниор (13 мај, петок, 17:30 часот) Полуфинале: Охрид – Вардар (13 мај, петок, 20:00 часот) Финале: (14 мај, сабота, 17:30 часот) Куп на Македонија (жени): Полуфинале: Вардар Јуниор – Металург (13 мај, петок, 14:00 часот) Полуфинале: Вардар – Куманово (13 мај, петок, 16:15 часот) Финале: (15 мај, недела, 17:00 часот) Трофеите во Купот на Македонија ги бранат екипите на Вардар во двете конкуренции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар Припадниците на армиската специјална единица „Волци“ со брза и храбра интервенција успеале да спасат 61-годишен алпинист од Србија, кој тешко се повредил при искачување на карпите кај Демир Капија.Од редовна воена обука до вистинска борба за спасување човечки живот. Припадниците на армиската специјална единица „Волци“ со брза и храбра интервенција успеале да спасат 61-годишен алпинист од Србија, кој тешко се повредил при искачување на карпите кај Демир Капија. Повреден, со скршеници и обилно крварење, алпинистот останал на висина од околу 15 метри над земјата, откако при искачувањето му се откорнало парче карпа, а неговиот пад бил запрен со безбедносно јаже. Несреќата се случила во саботата, кај старите тунели во Демир Капија. Според полицијата, станува збор за главен инструктор од планинарското друштво „Стена“ од Белград, кој се искачувал заедно со уште шестмина алпинисти од Србија. За среќа, во непосредна близина, припадниците на Баталјонот на специјални сили „Волци“ изведувале редовна обука за планински операции па веднаш излегле во пресрет на повредениот. Како изгледала драматичната спасувачка акција, ексклузивно за Канал 5 раскажува еден од старешините кој непосредно учествувал во извлекувањето на повредениот. Неговиот идентитет не го откриваме од безбедносни причини. -На вчерашниот датум, нели, околу 13:30 часот, при извршување на задачи од редовен карактер. ...наслушнавме повици за помош од страна на туристи, алпинисти, коишто спортуваа во непосредна близина на реонот каде што ние ги извршувавме тие задачи. При што веднаш пристапивме кон спасување, односно извлекување на ранетиот. Значи, побараа помош, воочивме дека има повредено лице, се организиравме – објаснува соговорникот. Веднаш започнала трка со времето. Војниците успеале да стигнат до повредениот, да му укажат прва помош и да го извлечат од тешко пристапниот терен. Старешината вели дека вакви ситуации за време на обука се исклучително ретки, но токму присуството на специјалците во близина било пресудно за брзата интервенција. -Лицето коешто беше повредено, беше утврдено на лице место дека има скршеници, обилно крварење. Беа санирани неговите повреди и лицето беше успешно извлечено надвор од непристапниот терен. Сосема професионално, онака како што и баталјонот веќе со години реализира такви активности. Знаете, сепак, на оваа единица приоритет е безбедноста на граѓаните, така што сметам дека и со оваа активност којашто ја извршивме вчера, тоа само го потврдивме. На повредениот му посакуваме брзо опоравување, брзо закрепнување. И среќа што тука ние се најдовме во истата близина да му пружиме помош – појаснува тој. За само 50 минути од падот, повредениот алпинист веќе бил во возило на Итната медицинска помош од Неготино. Во Општата болница во Велес му биле констатирани тешки телесни повреди, а за неговата понатамошна здравствена состојба засега нема дополнителни информации. Она што започнало како редовна воена обука, за припадниците на „Волци“ завршило како вистинска спасувачка мисија, во која нивната подготвеност и навремена реакција помогнале да се спаси човечки живот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски: Русија лансираше 2.700 дронови и 165 ракети за една недела-Во текот на изминатата недела, Русија ја нападна Украина со приближно 2.700 беспилотни летала, речиси 1.460 наведувани авионски бомби и 165 ракети од различен тип, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Овие напади погодија дваесет украински региони. Зеленски предупреди дека руските сили ги засилуваат нападите врз енергетската и другата критична инфраструктура, додека температурите опаѓаат. Оштетувањата на електроенергетската мрежа оставија многу жители без електрична енергија, вода или греење. Украинскиот претседател особено укажа на недостигот од пресретнувачки ракети за американските системи за противвоздушна одбрана „Патриот“, кои се клучни за пресретнување на руските балистички ракети. „Во вакви околности, особено е тешко да се разберат доцнењата во испораката на средства за одбрана од балистички ракети за Украина“, наведе Зеленски во објава на „Телеграм“. Тој го повика Вашингтон да ја одобри испораката на ракети за системите „Патриот“, кои сојузниците на Украина веќе ги платиле преку програмата PURL на НАТО. Оваа програма им овозможува на европските и другите партнери да го финансираат купувањето американско оружје за Украина. „Од витално значење е Америка да го одобри трансферот на ракети за системите ’Патриот‘, кои нашите партнери веќе ги платиле преку програмата PURL“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина мора да ја зајакне својата противвоздушна одбрана. Зеленски изјави дека значителен дел од ракетите со кои Русија ја нападна Украина во текот на изминатата недела биле балистички. Меѓу нив, тврди тој, имало и ракети произведени во Северна Кореја. Еден од најтешките напади во изминатата недела се случи на 20 ноември, кога руски балистички ракети погодија три главни моста преку реката Днепар во Киев, предизвикувајќи сериозни прекини во сообраќајот. Погодени беа мостовите „Подилско-Воскресенски“, „Дарницки“ и Јужниот мост, кои ги поврзуваат двете страни на украинскиот главен град. Поради оштетувањата, градските власти беа принудени да го затворат или ограничат сообраќајот на неколку од овие премини. Руските напади, исто така, оштетија енергетска инфраструктура и станбени објекти. Зеленски предупредува дека, без дополнителни системи за противвоздушна одбрана и ракети, Украина тешко ќе успее да ги запре последователните бранови на напади со балистички ракети.Тагови: Володимир Зеленски русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
ЖивотЦелосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест Сите летови на белгиските аеродроми утре ќе бидат откажани поради националниот протест против политиките на федералната влада.Прекини се очекуваат и во јавниот превоз, при што ќе сообраќаат околу 60 отсто од автобусите и трамваите на јавниот превозник „Де Лијн“, соопштија надлежните служби. Белгиската контрола на летање „Скајс“ соопшти дека нема да може да обезбеди редовно управување со воздушниот сообраќај, бидејќи дел од контролорите на летање ќе учествуваат во протестот. Поради тоа, авионскиот сообраќај ќе биде целосно запрен од 7 до 21 часот. Од „Скајс“ наведуваат дека сепак ќе бидат обезбедени минималните услуги неопходни за итни случаи и други летови од клучно безбедносно значење. Безбедноста на воздушниот сообраќај, како што нагласуваат, останува апсолутен приоритет. Сериозни нарушувања се очекуваат и во јавниот превоз во Брисел, како поради можното учество на вработените во штрајкот, така и поради протестниот марш. Собирањето на демонстрантите е закажано за 10 часот кај северната железничка станица во Брисел, а протестниот марш кон јужната станица треба да започне во 11 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter