Машина за перење врз автомобил на непримерен возач (видео) - Канал 5

Машина за перење врз автомобил на непримерен возач (видео)

Внимавајте каде паркирате.

Машина за перење врз автомобил на непримерен возач (видео)
Турчин скапо го чинеше паркирањето возило пред приватна зграда, откако бесен сосед врз автомобилот му фрлил машина за перење алишта.

Несекојдневниот инцидент се случил во Измир.

Гневниот сопственик прво истурил бела боја врз автомобилот на непримерниот возач, но откако видел дека тоа не помогнало, од балконот фрлил и машина за перење, глетка која со неверување беше проследена од случајните минувачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одземени 20 електрични тротинети, казнети над 1.500 возачи – дали ќе се стави ред на велосипедските патеки?

Нов закон – стари навики, брзото возење, најчесто без кациги, но и на несоодветна површина и натаму останува најчестата слика кај возачите на електрични тротинети, кои и натаму се носат себеси и сите останати во опасност.

Одземени 20 електрични тротинети, казнети над 1.500 возачи – дали ќе се стави ред на велосипедските патеки?

- Покрај тоа што ретко кој носи кациги, велосипедистите се жалат дека возачите на електрични тротинетите не го почитуваат ниту ограничувањето на брзината од 20 кмч, ниту пак некој дека истата ја мери.

Нечујни се, а оние кои ги возат не сигнализираат соодветно, туку претекнуваат и пресекуваат пат, се жалат дел од велосипедистите, кои велат дека често влегуваат и во расправии со нив, оти безбедните вело-патеки, се претворени во опасни.

- Брзо возат, можам да кажам и небезбедно. Често се вози брзо и во обратна насока.

- Ве довеле во опасна ситуација?

-Да, можам да кажам дека да, возам и дете со мене, претекнуваат, набрзина не можеш да видиш каде е што е. Јас возам електричен точак, лимитиран е на 26, тие ме поминуваат, возат

- Ве довеле во опасност?

-Два три пати и до расправии и се.

Камерата на Канал 5 забележа дел од нив како возат и по коловоз, помеѓу автомобили и автобуси, а, просведочивме и на една опасна ситуација, каде за „влакно“ се избегна судир помеѓу велосипед и тротинет кој возеше спротивна насока..

- Ако малку не забавев, можеби ќе се судревме. Тука има и луѓе, на улицата, па мора да бидат повнимателни.

Иако по законските измени не смеат да ги возат додека не наполнат 18 години, малолетниците и натаму често се на електричните тротинети, кои, покрај тоа што ги возат брзо, на нив се качуваат по два-тројца, сведочат оние кои ги анкетиравме. Полицијата во последниве четири месеци затекнала 81 дете на тротинет.

- Колку има дечишта што се возат на тротинети по двајца, по тројца. Претежно во ноќните часови се по двајца тројца на тротинет и тоа се се’ малолетници. Кажуваат казни, повторно истото се случува, ниту кациги носат ниту ништо.

Според последните статистики на МВР, во изминатите четири месеци регистрирани се над 10.000 прекршоци. Најмногу од нив се за неносење на кацига кај сите возачи на две „тркала“ над 7.000. Полицијата одзела и над 400 превозни средства од ваков тип, меѓунив и 20 тротинети. Од јуни навака детектирани се речиси 620 кривични дела, а друри 604 се однеуваат на возење без возачка дозвола. 14 од нив биле под дејство на алкохол. Регистрирани се и над 400 нерегистрирани возила во сообраќај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата се уште работи на расчистување на нападот на гинекологот Огненовиќ

И по една недела од физичкиот напад вра гинекологот Дејан Огненовиќ нема никаква реакција до јавното обвинителство кон човекот кој го нападнал и му нанаел тешки телесни повреди на Огненовиќ. 

Полицијата се уште работи на расчистување на нападот на гинекологот Огненовиќ

Од обвинителството објаснуваат дека МВР се уште не поднело пријава. Од СВР Скопје објаснуваат дека превземаат мерки и активности за целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Гинекологот Огненовиќ објаснува дека неколку пати реагирал до полиција и дал изјави за нападат но досега нема се уште ништо.

Инцидентот се случил на 16 септември, најпрво напаѓачот го нападнал вербално дека Огненовиќ крадел пациенти, а потоа бил удиран по вратот. Исто така имало реакција дека во ходникот има камери, а за тоа била известена и управата на поликлиниката Букурешт.

Засега од МВР не соопштуваат колку лица биле повикани на разговор во полиција и кога ќе биде поднесена пријавата против напаѓачот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска ќе го тужи СДСМ за поврзувањето со Руднап и набавката на броила на ЕВН

Од политички обвинувања – до најава за судска пресметка.

Божиновска ќе го тужи СДСМ за поврзувањето со Руднап и набавката на броила на ЕВН

Министерката за енергетика Сања Божиновска најави дека ќе поднесе тужба против СДСМ, откако партијата го одби нејзиното барање за извинување за тврдењата околу нејзината наводна поврзаност со компанијата Руднап, кои ги објавија на прес конференција пред 2 дена.

Тврди дека повеќе од 12 години нема никаква деловна ниту приватна релација со фирмата, ниту пак има поврзаност со набавката на ЕВН со која ја поврзува опозициската партија.

-„СДСМ свесно пласира невистини и измислени конструкции за наводна моја вмешаност во деловни зделки, без да понуди ниту еден факт што би ги поткрепил таквите тврдења. Ова не е аргумент, туку обид за политичка дискредитација. Политичката борба не е и не може да биде алиби за клеветење, манипулирање со јавноста и нарушување на личниот и професионалниот углед.“ – стои во демантот на Божиновска.

Од СДСМ, пак, велат – нема ниту повлекување, ниту извинување. Лидерот на партијата, Филипче, уверува дека зад нивните обвинувања стојат документи и податоци од јавни регистри.

,,Нема извинување ние факти и податоци кажуваме. Ги има во централните регистри на сите земји во сите фирми, така да нема бегање од овие работи,извинување нема, ќе има одговорност“ – СДСМ

На прес конференцијата пред 2 дена, СДСМ објави дека ЕВН на 11 август склучила договор за набавка на броила за струја, вредни 13,2 милиони евра со српска фирма поврзана со Руднап, каде, како објавија Божиновска во периодот 2011–2014 била извршен директор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер