Маша тврди дека ја изгубила невиноста со Пригожин, раскажа шокантни детали од хотелската соба! - Канал 5

Маша тврди дека ја изгубила невиноста со Пригожин, раскажа шокантни детали од хотелската соба!

Маша тврди дека ја изгубила невиноста со Пригожин, раскажа шокантни детали од хотелската соба! Протекоа бизарни моменти на газдата Вагнер!

Маша тврди дека ја изгубила невиноста со Пригожин, раскажа шокантни детали од хотелската соба!

Рускиот платеник и милијардер Евгениј Пригожин, наводно, пред вооружениот бунт против режимот на претседателот Владимир Путин, имал таен харем во Санкт Петербург, тврди британскиот таблоид Дејли Мејл, повикувајќи се на рускиот весник „Инсајдер“.

„Газдата на паравојската Вагнер сака помлади девојки, девици“, пишува рускиот весник „Инсајдер“.

Жена која „ја продала својата невиност на милијардерот Пригожин кога имала 18 години“ - и сега жали за одлуката - изјавила дека шефот на приватната армија Вагнер „верува дека сексот со девици му ја продолжува младоста“.

Руски инсајдер тврди дека 62 годишниот Пригожин имал харем од девојки на возраст од само 18 години во хотелот Соло Сокос во Санкт Петербург.

„Пред падот и прогонството во Белорусија, Пригожин имал ротирачки харем од многу млади, едвај 18-годишни девојки во изнајмени соби во хотелот Соло Сокос во Санкт Петербург“, тврди Инсајдер, цитирајќи претставничка на сексуалните работнички.

– Како од нив да добива набој за виталност – се наведува во изјавата на преставничката на младите девојки од харемот.

Една од девојките во харемот , тинејџерката Маша за рускиот инсајдер опишала како ја изгубила невиноста со шефот Вагнер во 2019 година кога имала само 18 години и живеела во неговиот роден Санкт Петербург.

- Бев длабоко депресивна. Во тоа време запознав друга девојка, на моја возраст, која беше исфрлена од дома и и требаа пари. Ме праша дали би сакала да ја продадам невиноста за 40.000 рубли (околу 620 долари во тоа време).

Тогаш Маша ја запознале со макрото на Пригожин, жена во 30-тите години со долга, темна коса. Тие се сретнале во кафуле на Невски проспект, главната авенија во Санкт Петербург, пишува Инсајдер.

- Таа рече дека морам да одам на клиника за да ја проверам невиноста. Ме испратија во клиниката Согаз, токму таму од другата страна на Невски Проспект. На приемот требаше само да ја кажеш шифрата – „женски спорт“ – рече Маша.

Тоа укажуваше дека се работи за „инспекција на хименот“ за Пригожин.

Откако била потврдена невиноста на Маша, таа била испратена, како што тврди таа, во хотелот Соло Сокос на островот Василиевски на западната страна од градот.

- Во целосен шок отидов во хотелската соба и го чекав. Почна да тропа на погрешна врата и мислеше дека не одговарам. Се налути - вели Маша.

Кога тој конечно пристигна, таа „седеше неподвижно на креветот“.

- Се беше многу брзо. Парите ги оставил на куп на столот, раскажала Маша.

Тој, исто така, и рекол дека требало да биде многу пољубезна и се пожалил на нејзиниот „налутен израз“, додека имал секс со неа.

- Дури и со мојата луда личност, продажбата на мојата невиност на Пригожин беше малку претерано - рекла со каење младата Маша .

Инсајдерот изјавил дека Пригожин ги нарекол девиците „шампон“, по шишињата за еднократна употреба во хотелските бањи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Македонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година.

Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Десет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош.  

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата.

Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени.

Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер