Масерати се врати и ја покажа внатрешноста на GranTurismо (ФОТО) - Канал 5

Масерати се врати и ја покажа внатрешноста на GranTurismо (ФОТО)

Maserati премиерно го претстави новиот GranTurismo уште во октомври минатата година, но внатрешноста можеме да ја видиме дури сега.

Масерати се врати и ја покажа внатрешноста на GranTurismо (ФОТО)

GranTurismo доаѓа во три верзии. Влезот е Модена, чиј 3.0 V6 twin-turbo мотор произведува 496 КС. Следува Trofeo со истиот мотор, но засилен до 557 КС. На местото на врвните перформанси е електричниот Folgore кој располага со дури 761 КС и капацитет на батеријата од 92,5 kWh.

Знаевме сѐ што беше кажано претходно, но сега можеме да ја видиме и кабината. Го носи концептот за седење 2+2, а Maserati ќе понуди неколку основни стилови, но и бројни опции за персонализација.

Очекувано, поголемиот дел од предната арматура се одликува со дизајнот што се гледа кај новиот Grecale, а најголемата иновација се деловите на арматурата обложени со кожа. Modena е во беж-црна комбинација со дрвени влошки, Trofeo носи црно-црвена комбинација со карбонски детали, а Folgore е во бело-син стил.

Очекувано, кокпитот е дигитален, а продолжува до централниот инфозабавен екран со дијагонала од 12,3 инчи. Има и дополнителен екран од 8,8 инчи, луксузен дигитален часовник и head-up дисплеј. На некои можеби им пречи тоа што нема физички прекинувачи за вентилација и контрола на климата, но Maserati нагласува дека контролата преку контролите чувствителни на допир е многу едноставна и брза.

Точката на i е воланот со копче Strat-stop и прекинувач Manettino, познат од гореспоменатиот модел на Grecalе.

Сите седишта, вклучувајќи ги и оние во вториот ред, изгледаат многу удобно. Треба да има доволно простор за главата, но ќе биде тесна за колената.

На крајот на краиштата, ова е чистокрвен GT, а тоа е поддржано од одличниот Sonus Faber hi-fi систем со 19 звучници и моќност од 1195 W. Зашиеното лого на секое седиште, заедно со италијанското знаме на арматурата и натписите „Since 1914“ се деталите кои го прават Maserati популарен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор

 Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна  затвор за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница. 

ДИК: Заврши гласањето на болните и немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор

Според податоците пристигнати до Државната изборна комисија, од вкупно 9 пријавени лица за гласање во казнено поправните установи во државата, гласале вкупно 8 лица.

Од вкупно 107 болни или немоќни лица со право на глас, правото на глас го оствариле 104 лица.

Гласањето во текот на денот се одвиваше без проблеми и секој гласач имаше можност слободно да го оствари своето право на глас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според информациите од Државната изборна комисија вкупно107 болни и немоќни лица денеска можат да го остварат своето право на глас. Таква можнмост имаат и 9 лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.

Предизборен молк пред вториот круг на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Гласањето на затворениците се спроведува во три Казнено-поправни установи на територијата на државата, лоцирани во скопје, штип и тетово.

Гласањето започна утринава во 7 часот, а вториот круг од изборите во Брвеница ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач, од кои 56 се домашни, а пет се меѓународни

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести

Во Полска и денеска продолжуваат протестите пред Уставниот суд во Варшава, по синоќешните судири меѓу демонстрантите и полицијата. 

Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести

Политичката криза ескалираше откако судијката Ана Корвин-Пјотровска донесе одлука за едномесечна суспензија на претседателот на судот, Богдан Швјенчковски, и неговиот заменик.

Одлуката предизвика остри реакции од десничарската опозиција, која ја оспорува нејзината законитост по што доцна синоќа пред судот избувнаа протести. Дел од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Според полицијата приведени биле вкупно пет лица, меѓу кои и маж осомничен за напад врз жена, кај кого биле пронајдени нож и гасен пиштол.

Ескалацијата на кризата го натера полскиот претседател Карол Навроцки да го прекине патувањето кон Сенегал и итно да се врати во Варшава. По полноќ, придружуван од обезбедувањето, влезе во зградата на Уставниот суд, при што дојде до турканици на влезот. Навроцки повика на почитување на правото и враќање на уставниот поредок во земјата, оценувајќи дека случувањата претставуваат незаконско преземање на институцијата.

На кризата ѝ претходеше соопштението на министерот за правда и главен јавен обвинител Валдемар Журек дека поднел пет барања за одземање на имунитетот на двајцата судии од Уставниот суд.

-Како главен обвинител, поднесов пет барања до Уставниот суд за одземање на имунитетот. Овие барања имаат вкупно 224 страници. Овие случаи вклучуваат различни видови кривични дела и во суштина се се однесуваат на две лица: вршителот на должноста претседател на Уставниот суд и неговиот заменик. Веќе знаеме дека највисоката судика Ана Корвин-Пјотровска, ги суспендираше претседателот на Уставниот суд и неговиот заменик. Таа тоа го стори врз основа на релевантни одредби согласно Уставот суд – изјави– Валдемар Журек, министер за правда на Полска.

Демонстрантите, пак, ја обвинуваат Владата дека се обидува да воспостави контрола врз независните институции и најавуваат продолжување на протестите.

„Уставниот суд во Полска е заземен од полициски сили испратени од премиерот Туск. Владата се обидува да ги контролира сите независни институции, веројатно за да го избегне поразот на изборите следната година.“ изјава – демонстрант.

Премиерот Доналд Туск ги отфрла обвинувањата и тврди дека Владата работи на враќање на владеењето на правото, додека опозициската партија Право и правда, најавува продолжување на протестите.

Политичката криза е последица на долгогодишниот спор околу легитимноста на Уставниот суд. Владата го оспорува начинот на кој дел од судиите биле именувани за време на претходната власт, додека сегашната опозицијата ги оценува актуелните е промени како незаконско преземање на институцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер