51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно
151. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно
3Превентивни активности во Ресен и Делчево за безбеден сообраќај и заштита и спречување на телефонските измами
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ЖивотМасакр во Орландо: Ова момче спаси живот на човек ранет со 3 куршумиЏошуа Мекгил се сокрил зад автомобил, каде го забележал ранетиот Родни Самтер - имал три рани во телото, две во рацете, една на грбот...Морничави сцени по масакрот во клубот Пулс во Орландо - луѓе бегаат од местото на злосторот, се кријат под мртви тела, им помагаат на ранетите... Младиот Џошуа Мекгил раскажува како го преживеал хоророт и с енадева дека успеал д аспаси живот на непознат ранет човек. - Кога почнаа истрелите првата помисла ми беше да се сокријам. Истрчав од клубот, ја скокнав оградата и се сокрив зад автомобил. Таму седев 5 минути, кога забележав човек како се тетерави на паркингот. Имаше рани во рацете и во грбот. Тоа бил Родни Самтер, кој Џошува не го познавал, но веднаш му притрчал на помош. - Ми скокна адреналинот, не сакав некој да умре ако можам нешто да сторам - вели Џошува. Тој настанот го раскажа на Фејсбук. - Се сокрив под автомобил. Најдов една од жртвите, повреден. Ги врзав раните со мојата и неговата кошула, најдов полицаец кој двајцата не одведе до најблиската медицинска помош. Не можам со зборови да опишам како се чувствував. Облеан со крв...- пишува Џошуа на Фејсбук. Тој вели дека не го познавал човекот што го спасил и му давал ветувања кои не знаел дали ќе се остварат, само да го одржи во свесна состојба. - Глупаво е бидејќи успеав да го дознаам смао неговото име, а сега не можам да разберам дали е добар бидејќи не сме роднини. Ако некој знае што се случило со Родни, ве молам кажете ми дека е добар. Господ ме ставил во тој клуб таа вечер за да му помогнам на комплетен странец, се надевам за да му го спасам животот - напиша Џошуа. Џошуа го знаел само името на Родни, не и презимето, но семејството на повредениот по постот на Фејсбук, му одговори. Тие му се заблагодарија на Џошуа за реакцијата и информираа дека Родни чека операција. Родни има шанса да закрепне од ужасниот напад кој го одзеде животот на 49 лица. Меѓу нив бил и 30 годишниот Еди Џастис, чија мајка во моментот на нападот била пред клубот. Нејзиниот син и напишал порака дека се крие во бањата на клубот, да повика полиција. - Тој доаѓа, еве кај нас е , не има - напишало Еди. Тоа е последната порака која ја добила неговата мајка. Подоцна неговото име било меѓу имињата на загинатите. 49 лица загинаа а 53 беа повредени во масакрот кој го изврши 29 годишниот Омар Матен. Тој беше убиен од полицијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црноВечерва во Кочани родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ го одржаа 51-от Марш за ангелите.Во дел од своите обраќања порачаа дека денеска освен за 63-те ангели кои загинаа во дискотеката, маршираат и за сите невини жртви што ја завиле Македонија во црно, како трагедиите во модуларната болница, Ласкарци, автобусот на Беса Транс. Им оддадоа почит и на жените и девојките чии животи како што посочија, насилно биле прекинати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски: Путин сака да окупира украински град под маската на хуманитарна мисијаПутин го даде својот предлог на 12 ноември во Москва, за време на состанокот со американските специјални пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф.Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за воспоставување привремена „хуманитарна мисија“ во Костјантинивка во источна Украина е всушност план руските сили да влезат во градот и да го окупираат, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека таков потег ќе ѝ овозможи на Москва понатамошно напредување кон Краматорск, објави „The Kiev Independent“. „Примитивен потег за окупирање на градот“ „Ова е сосема примитивен потег бидејќи не може да го заземе овој град на кој било друг начин“, им рече Зеленски на новинарите. Според него, прекинот на огнот ќе им овозможи на руските трупи да се прераспоредат на поповолни позиции во самата Костјантинивка и нејзината околина. Зеленски вели дека предлогот му го пренеле американските преговарачи. „Им го објаснив мојот став за Костјантинивка на американските преговарачи. Таму живеат само украински граѓани, а борбите се водат во самиот град“, рече тој. „Ми го донесоа овој предлог, а потоа рекоа: „Да, разбираме“, додаде Зеленски. Предупредување за наплив кон Краматорск Костјановка се наоѓа во регионот Донецк, каде што се водат жестоки борби, и претставува голема пречка за руските напори да го заземат остатокот од регионот. Затоа контролата врз градот е воен и дипломатски приоритет за Москва. Зеленски нагласи дека Украина направила сè што е можно за да ги евакуира цивилите од областа. „Ако ја предадеме Костјантинивка, нивните следни чекори ќе бидат нашите други градови во Донбас“, рече тој. Според Зеленски, украинската страна им дала на Американците список од седум или осум блокирани населби каде што сè уште се присутни цивили, вклучително и деца, како што е селото во близина на Олешки. Тој нагласи дека Русија не предложила хуманитарна операција за ниту едно од овие места. „Зошто? Затоа што по Костјантинивка доаѓаат Краматорск и Славјанск“, заклучи тој. Ситуацијата на терен Путин го даде својот предлог на 12 ноември во Москва, за време на состанокот со американските специјални пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф, додека борбите продолжуваат во Костјантинивка. Украина ги отфрли руските тврдења дека Москва го контролира градот. Главниот штаб на украинската армија објави дека нејзините сили сè уште дејствуваат против руските пешадиски групи кои се обидуваат да влезат во градот. Советникот на украинскиот претседател, Дмитро Литвин, ги доведе во прашање мотивите на Москва. Тој потсети на претходната руска понуда за хуманитарна операција во Олешки, во Херсонската област, која, како што тврди, служела за ротација на трупите и доведување дополнителен персонал во областа под маската на привремен прекин на огнот.Тагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности во Ресен и Делчево за безбеден сообраќај и заштита и спречување на телефонските измамиВо непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило.Вчера (13.11.) во Ресен и на излезите од градот, полициски службеници од ОВР Ресен на возачите на моторни возила делеа едукативни летоци, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со пораки за одговорно управување на возилата во зимски услови и согласно позитивна законска регулатива. Исто така, во непосредни разговори на возачите им беше укажано на правилата кои треба да се почитуваат за безбедно управување со моторно возило, за задолжителното прилагодување на брзината спрема условите на патот. Денеска (14.11.), полициски службеници од Полициската станица Делчево на Градскиот пазар и на повеќе локации во централното градско подрачје во Делчево одржаа повеќе средби со повозрасни граѓани, пензионери, со цел подигнување на свеста за препознавање и спречување телефонски измами. На граѓаните им беше укажано да бидат внимателни при повици од непознати лица кои бараат пари со лажно тврдење дека член на нивното семејство доживеал сообраќајна незгода или се наоѓа во болница. Исто така, им беше укажано да не даваат пари на непознати лица, да ги проверуваат добиените информации преку директен контакт со членовите на семејството и секој сомнителен повик да го пријават на 192 или 112.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter