Масакр во Мали: Вооружени напаѓачи убивале се пред себе

Вооружени напаѓачи убиле најмалку 134 луѓе во централно Мали, припадници на племето Фулани, соопштија властите во оваа држава.

Ова е најсмртоносниот напад во изминатиот период во регионот кој се опоравува од засилениот бран на етничко и џихадистичко насилство, пренесува „Ројтерс“.

Меѓу жртвите имало деца и бремени жени. Градоначалникот Молаје Гуиндо изјавил дека станува збор за очигледен етнички мотивиран напад.

Нападот на селата Огосагуа и Велигар се случиле вчера, во момент додека мисијата на Советот за безбедност на ОН се наоѓа во посета на Мали, настојувајќи да најде решение за насилството во кое минатата година загинаа стотици цивили.

Еден жител на селото, кој барал да остане анонимен, изјавил дека овој напад бил одмазда за нападот во кој минатата недела загинале 23 војници, а одговорност во петокот ја презела организација поврзана со Ал Каеда.

Тие, пак, велат дека се одмаздувале за насилствата кои војската на Мали ги извршила врз припадниците на малцинството Фулани.

Локалните власти, од своја страна, велат дека во прашање е „масакр на цивили од заедницата Фулани” и оти го извеле традиционални ловци од ривалската заедница Догони.

Фулани се номади кои се занимаваат со сточарство и трговија. Догони се познати како ловци, а во светот по верските ритуали и танцувањето под маски.

Догоните ги обвинуваат Фуланите дека ги поддржуваат џихадистите поврзани со терористичките групи на северот на земјата.

Фуланите, пак, ги обвинуваат Догоните дека ја поддржуваат војската на Мали.

„Мојот сопруг е вистински фраер, сите ме прашуваат како го освоив“ (видео)

Нејзиниот одговор воодушеви многу жени...

Нејзината тајна е во огромната самодоверба со која може да освои кого било.

Хејзел Мекбрајд неодамна крена голема прашина на социјалните мрежи со објавата на видео на кое таа е со својот сопруг, кого многу дами го сметаат за привлечен. Меѓутоа, Хејзел видно ја истакнува својата самодоверба и се шегува на сметка на изгледот на својот сопруг. Иако нејзиниот став привлече големо внимание, многумина ја прашуваа колку е тешко една жена да се справи со вака привлечен сопруг.

Хејзел не крие дека нејзиниот партнер е исклучително згоден, додека многумина неа би ја опишале како девојка со просечен изглед. Меѓутоа, наместо да се чувствува несигурно покрај згодениот маж, таа истакнува дека се чувствува одлично во своја кожа и дека е многу задоволна од својот изглед.

Хејзел исто така истакнува дека „неговиот карактер“ е просечен, додека нејзиниот е „генијален“ и дека заедничката смисла за хумор е она што ги поврзува.

Нејзината искреност и став станаа пример за многумина кои крај себе имаат згоден партнер и се борат со самодовербата. Приказната на Хејзел докажува дека љубовта и самодовербата се клучни фактори за среќна и исполнета врска.

Оваа млада жена доби бројни коментари со поддршка и воодушевување по објавувањето на видеото. Хејзел ја следат над 57.000 лица на Тикток, таа стана многу популарна поради својата автентичност и искреност во своите објави на социјалните мрежи. Секогаш добива коментари на бројните видеа со сопругот.

- Во принцип, твојот сопруг изгледа одлично, но и ти не си воопшто просечна со тие зелени очи!

- Не е сè во убавината, луѓе!

- Харизматична, интелигентна и духовита жена вреди повеќе од 10 мисици!

- Вие сте прекрасен пар.

-Навистина е прав фраер, ако не е тајна, има ли браќа?

@hazelmcbrideauthor Trying to turn him into any and all fantasy men #acotar #rhysandacotar #sarahjmaas #acotarbooktok #booktok #sjm #fantasyman #hothusband ♬ Made You Look - Meghan Trainor

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

притисни ентер