Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
2Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
СветМасакр на свадба во Франција- меѓу убиените е и невестата, дете е тешко повредено Трагичниот инцидент со пукање, во кој загинаа две лица, во раните утрински часови во селото Гулт, во францускиот департман Воклиз, длабоко го потресе локалното население.Иако во моментов не е потврдена никаква теорија, истражителите ја разгледуваат можноста дека станува збор за судир поврзан со трговија со дрога. Човекот кој бил тешко повреден е познат на полицијата по претходни злосторства поврзани со дрога, а според градоначалникот, Дидие Перел, сè укажува на тоа дека станува збор за „целен напад“. „Се наоѓаме во близина на општини кои за жал се познати по ваков вид инциденти, како што е Кавајон, од каде што е младоженецот“, рече Перел. Мештаните не ја кријат својата загриженост, потврдувајќи дека регионот долго време е погоден од проблеми со трговијата со дрога и насилството што произлегува од тоа. Градоначалникот на Гулт, длабоко потресен од инцидентот, за време на импровизирана прес-конференција изјави дека е „бесен, згрозен и шокиран“, пренесува ladepeche.fr. Еден од селаните, 55-годишен возач на камион по име Даниел, изјави за АФП дека околу 4:30 часот наутро го разбудиле чудни звуци и дека два часа подоцна слушнал ниско летање на хеликоптери. „Ова сигурно нема да биде добра реклама за нашето село“, загрижено рече Даниел. Танжи, 29, кој на почетокот помислил дека истрелите се огномет, имал слично мислење. Сопственикот на локалниот ресторан „Ле Гултоа“, Гијом Молинас (50), се плаши дека инцидентот ќе „фрли негативно светло врз селото“. „Последниот голем инцидент во селото се случил пред 125 години.“, рече тој. Гулт, инаку мирно провансалско село, сега се соочува со несакано внимание и нарушено чувство на безбедност. Во ужасна пукотница што се случи за време на свадба во градот Гулт, во францускиот департман Воклиз, ноќта помеѓу саботата 21 и неделата 22 јуни, две лица се убиени, а три сериозно повредени. Меѓу жртвите беше и невестата, 27-годишна жена, додека едно дете се здоби со сериозни повреди. Обвинителството во Авињон отвори истрага за „убиство во организирана група“ и „обид за убиство во организирана група“. Во саботата, околу стотина гости присуствувале на свадбата на млад пар во банкет сала во Гулт. Веселбата траела до доцна во ноќта. Околу 4:30 часот наутро, кога повеќето гости ја напуштија прославата, младенците се упатија кон својот автомобил. Со нив во возилото влегло и 13-годишно момче. Во тој момент, зад нив застанал друг автомобил со неколку маскирани лица. Тие излегле од возилото и отвориле оган врз автомобилот во кој се возеле младенците, користејќи, како што е наведено во соопштението на обвинителството, „неколку видови оружје“. Две жртви - вклучувајќи ја и невестата Две лица загинаа во пукотницата - невестата (27) и еден од напаѓачите, кој почина „во размена на оган“. Младоженецот (25) и 13-годишно дете се тешко повредени, додека друго лице, блиско до семејството, е полесно повредено. Напаѓачите успеале да избегаат, додека еден од нив починал на лице место и сè уште е во фаза на идентификација. Обдукциите врз телата на жртвите треба да се извршат на почетокот на следната недела. Во тек е обемна истрага Истрагата ја води одделот за сериозни кривични дела во Марсеј, а голем број припадници на жандармеријата се распоредени на местото на настанот за да го обезбедат местото на злосторството и да соберат докази. Обвинителството соопшти дека „сите расположиви ресурси се мобилизирани за да се расветлат сите околности на овој трагичен настан“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски на „Мото Илинден урбан драјв“Безбедноста мора да биде пред адреналинот - наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети „Мото Илинден Урбан драјв“ фестивалот, кој од 1 до 4 октомври се одржува на паркингот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, а чиј фокус, покрај промоцијата на мотоциклизмот, е подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот. Во рамки на фестивалот се организираат тест-возења, работилници за безбедно управување со мотоцикл, едукација на почетници, правилна употреба на заштитната опрема, како и запознавање на учесниците со законските прописи од областа на сообраќајот. Во едукативниот дел од настанот е вклучен и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Тошковски ја поздрави иницијативата, потенцирајќи дека токму едукацијата, личната одговорност и почитувањето на сообраќајните правила се клучни за поголема безбедност на мотоциклистите, кои се меѓу најранливите учесници во сообраќајот. „Љубовта кон моторите, адреналинот и слободата што ја носи мотоциклизмот секогаш мора да одат заедно со одговорноста. Кацигата и заштитната опрема, почитувањето на ограничувањето на брзината и сообраќајните правила не се формалност – тие спасуваат животи. Затоа ваквите настани се важни, особено за младите и за оние кои првпат влегуваат во светот на мотоциклизмот“, истакна Тошковски. Министерството за внатрешни работи континуирано спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, вклучително и контроли насочени кон возачите на мотоцикли и мопеди, со посебен акцент на брзината, поседувањето соодветна возачка дозвола, употребата на заштитна кацига и почитувањето на останатите сообраќајни правила. Дополнителен исчекор во оваа област е системот „Безбеден град“, кој ги детектира и прекршоците сторени од возачи на мотоцикли, а со помош на вештачката интелигенција системот наскоро ќе може да ги казнува и оние кои не носат кацига и така го загрозуваат својот живот и животот на другите учесници во сообраќајот. Тошковски потенцираше дека резултатите од новиот пристап во сообраќајната безбедност веќе се видливи. Во првите девет месеци од годинава има 33 помалку жртви во сообраќајот во споредба со истиот период минатата година, односно околу 30 проценти помалку загубени човечки животи, додека бројот на повредени лица е намален за околу 19 проценти. Во позитивниот тренд се вклучени и сообраќајните незгоди во кои учествуваат мотоциклисти, а целта е тој тренд дополнително да се засилува. „Овие резултати не се само бројки. Зад секоја бројка стои човечки живот, семејство и нечија иднина. „Безбеден град“, засилените контроли, едукацијата и, пред сè, одговорното однесување на граѓаните покажуваат дека можеме суштински да ја промениме сообраќајната култура. Нашата цел е јасна – помалку незгоди, помалку повредени и што е можно помалку загубени човечки животи“, порача министерот Тошковски. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи паралелно со превентивните активности, едукацијата, засилените контроли и примената на современи технологии, со единствена цел – побезбедни улици и патишта за сите учесници во сообраќајот.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16