Маса: Веќе нема да возам за Алонсо

Се уште актуелниот возач на Ферари Фелипе Маса изјави дека од сега ќе вози само за себе и дека повеќе нема да му помага на неговиот клупски колега Фернандо Алонсо да ја освои титулата светски шампион во Формула 1 .

Маса многу често во минатото во трките мораше да ја жртвува својата позиција за да му помогне на Алонсо да оствари што подобар пласман.

Претседателот на Ферари Лука ди Монтечемоло за италијанските медиуми изјави дека Маса сигурно ќе му помогне на тимот да ја освои титула во конкуренција на конструктори , како и на Алонсо кај возачите.

Но бразилскиот возач порача дека тоа нема да го стори.

-Од сега нема да возам за Алонсо. Од трката во Сингапур , во недела ќе работам само за себе . Ќе напаѓам во секој круг . Дојде времето кога морам да се грижам за себе ,изјави Маса за бразилската телевизија Глобо.

На крајот на сезонава Фелипе Маса ќе го напуши Ферари по 11 години , на негово место зад воланот на црвениот болид ќе седне ледениот Финец Кими Раиконен.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Санкционирани 179 возачи во Скопје

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкии за поминување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер