Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
ЖивотМартина Михајлова и Александар Пендароски избрани за невеста и зет на Галичката свадба 2026Мартина Михајлова и Александар Пендароски се избрани за невеста и зет на манифестацијата „Галичка свадба 2026“. Одлуката ја донесе Советот на Месната заедница Галичник откако ги разгледал сите пристигнати апликации.Месната заедница Галичник им го честита изборот на годинашните младенци на Галичката свадба и, како што соопшти, верува дека „ Александар и Мартина достојно ќе ја понесат честа да бидат зет и невеста, претставувајќи ја автентичноста, вредностите и духот на Галичник“. -Годинава интересот беше исклучително голем, со повеќе квалитетни и искрени пријави, што ја направи одлуката тешка и особено предизвикувачка. Она што особено се истакна во нивната апликација е нивната длабока и искрена поврзаност со Галичник – место кое не го доживуваат само како традиција, туку како дом, спомен и животна припадност. Дополнителна симболика и тежина на нивниот избор дава фактот што оваа година се одбележуваат 35 години од првата современа Галичка свадба (1991), кога биле венчани родителите на Александар. За нив ова претставува продолжување на една семејна традиција и длабока врска со корените, се наведува во соопштението на МЗ Галличник.Тагови: Галичка свадба невеста Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter