Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
2Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит
Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
1Над 66.000 пријавени за вакцинација против сезонски грип, Клековски уверува дека вакцини ќе има за сите
АвтомобилизамМАРТИН И СТЕФАН – БРЕНД АМБАСАДОРИ НА RENAULTМАРТИН И СТЕФАН – БРЕНД АМБАСАДОРИ НА RENAULTБрендот Renault со задоволство ви го најавува новото поглавје - Renaulution кој започнува со целосно новиот иновативен и импресивен Е-tech SUV Austral; Бендот Next Time ќе го промовира најдоброто од хибридната технологија од францускиот производител во согласност со новата глобална стратегија за промовирање на 100% електричниот опсег на Renault E-Tech. „Новиот Renault Austral не освои со неговата целосна убавина, комфортност и прилично добра економичност на трошење. Ние како артисти сме изложени на многу патувања и настапи и потребно беше да имаме возило што ги исполнува сите услови кој ги бара едно патување. Надворешниот дизајн на Austral според нас е донесен до перфекција како и ентериерот кој е доведен до совршенство. Навигацијата што е исклучително важна за луѓе кои често патуваат е според нас перфектна. Задоволство е да се соработува со компанијата Аутомотив Груп како генерален импортер на брендот.” – изјави Мартин Филиповски. Renault започна амбициозна трансформација која генерира вредност преку електрификацијата на својата палета на производи. Преку неговиот дизајн, приспособувањето на моторот и другите карактеристики, целосно новиот Austral ги истакнува силните страни на Renault во производството и технологијата: 100% Хибрид без потреба од полнач на струја; Силуетата на целосно новиот Austral е видливо атлетска - спортска во верзијата „Esprit Alpine“; Првиот модел во гамата на Renault што ги користи сите предности на новата CMF-CD платформа на Алијансата; Мултимедијален систем OPENR – 774 cm2 интуитивна технологија; Врвен звук Harman Kardon – технологија со опкружувачки звук со 12 звучници; Клиентите можат да изберат од новиот E-TECH Hybrid мотор (до 200 КС), нов 48 V Mild Hybrid Advanced мотор (130 КС) или 12 V благ хибриден мотор (140 КС или 160 КС). Сите овие опции доаѓаат со технологија за електрификација и еколошки карактеристики дизајнирани за максимална енергетска ефикасност, комбинирајќи уживање во возењето со намалена потрошувачка и емисија на CO₂; Напредна технологија 4CONTROL Advanced; Инкорпорира 32 напредни системи за помош на возачот (ADAS). Стратегијата на брендот како и интегритетот и стандардите кон кои стреми бендот Next Time комплетно соодетствува со целосно новиот Austral - SUV кој одговара на постојано растечката побарувачка за патување без ограничувања, истовремено заштитувајќи ја животната средина. Моделот Austral e веќе изложен во салонот на Renault со промотивна цена од 29.450 евра и е достапен за тест возење. Повеќе детали за моделот може да најдете на следниот линк: https://www.renault.mk/cars/austral-hhn-ph1-en/pocetna.html Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНорвешкиот премиер по разговорот со Путин: „Не верувам дека ќе го промени мислењето“Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе го коментираше вчерашниот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, во кој учествуваше и финскиот претседател Александар Стуб.Тој објасни дека сакале Путин да ги слушне европските гледишта за војната во Украина, а не само американските. Разговорот траеше 90 минути. Со тоа, Сторе и Стуб отстапија од долгогодишната практика на западноевропските лидери да избегнуваат директен контакт со Кремљ. Нивниот потег наиде на критики од некои сојузници, вклучително и од данската премиерка Мете Фредериксен. Дискусијата се одржа пред првите очекувани директни разговори меѓу украинските и руските претставници од февруари наваму, кои се планирани да се одржат во Абу Даби следниот месец. „Загрижен сум што некои пораки не стигнуваат до Путин“ „Стуб и јас се фокусиравме на иднината и на тоа што треба да се случи за да се спречи оваа војна да се одолговлекува во недоглед – со месеци, со дополнителни човечки жртви – бидејќи тогаш наоѓањето решение станува уште потешко“, изјави Сторе за норвешкиот јавен сервис НРК. „Не верувам дека Путин ќе го промени мислењето, но му беше дадена можност многу јасно да го слушне нашиот став. Загрижен сум што некои од овие пораки не стигнуваат до него кога разговара со Американците“, додаде норвешкиот премиер. Сторе изјави дека целта на Норвешка е намалување на тензиите. Предлозите вклучуваат прекин на нападите врз енергетската инфраструктура во Русија и Украина, запирање на нападите врз бродовите што превезуваат украинско жито, како и размена на воени заробеници. Може ли Украина да постигне мир без отстапување територија? На прашањето дали е можно да се постигне мир без Украина да отстапи територија, Сторе посочи дека Русија моментално контролира речиси 20 отсто од Украина. „Украина никогаш нема да потпише договор со кој признава дека изгубила територија, но прашањето е дали може да ја прифати сегашната линија на фронтот како реалност и како појдовна точка за преговори. А главното прашање е какви безбедносни гаранции можат да ѝ се обезбедат на Украина откако ќе се постигне мировен договор. Путин е свесен дека тоа е клучниот проблем“, рече тој. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, вчера изјави дека разговорите не донеле ништо ново во однос на војната во Украина. Тој ги обвини европските земји дека единствено се обидуваат да обезбедат место на преговарачката маса. Лавров исто така нагласи дека клучното прашање се однесува на безбедносните гаранции што Украина би можела да ги добие по склучувањето на мировен договор, додавајќи дека и Путин ја препознава важноста на ова прашање. Извор: Индекс.хрТагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаЛишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Од нив, седум управувале возило без положен возачки испит и тоа: Л.П.(18) и И.Р.(25) двајцата од Скопје, Ф.Б.(32) и Е.И.(21) двајцата од с.Студеничани, скопско, Ф.Б.(38) од с.Пешталево, општина Долнени, Д.М.(26) од Прилеп и Ф.Љ.(22) од с.Чегране, гостиварско. Со активна забрана, возило управувале И.Т.(33) од с.Разловци, делчевско, Ф.Ф.(25) и И.Х.(36) од с.Пласница, општина Македонски Брод. Додека, под дејство на алкохол возеле М.Ј.(31) од с.Зелениково, скопско и Б.О.(32) од с.Доброште, општина Теарце, кој возел во спротивна насока на патот Гостивар - Тетово. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 19 степени Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 5 Попова Шапка, Маврови Анови, 6 Лазарополе, 8 Крушево, 11 Битола, 12 Претор, Крива Паланка, 13 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Тетово, Берово, 15 Скопје-Петровец, Кавадарци, Охрид, Штип, 16 Велес, Демир Капија, 18 Виница, 20 Струмица, Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Претежно облачно, наместа со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец со брзина над 60 km/h. До крајот на денот ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 19 степени. Во Скопје, претежно облачно, во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во недела и почетокот на следната седмица. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. До крајот на периодов ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter