ВМРО-ДПМНЕ: Добро испланираните економските политики на Владата дават резултати, храната поевтини, инфлацијата се намали
СДСМ: Се потврди дека на Мицкоски не му е ниту до реформи, ниту до Изборен Законик - целта беше изборен грабеж
1ВМРО-ДПМНЕ: Добро испланираните економските политики на Владата дават резултати, храната поевтини, инфлацијата се намали
2СДСМ: Се потврди дека на Мицкоски не му е ниту до реформи, ниту до Изборен Законик - целта беше изборен грабеж
МакедонијаМарта Кос во посета на Македонија, попладнево средба и прес-конференција со премиерот МицкоскиЕврокомесарката за проширување, Марта Кос, попладнево ќе престојува во посета на Македонија, во чии рамки ќе се сретне и ќе одржи прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.Во пресрет на посетата, таа порача дека доаѓа во Скопјe за да охрабри прогрес во преговорите за пристапување..Тагови: Марта Кос Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотСилен земјотрес во Кина Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди кинеската провинција Сечуан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на растојание од 19 километри од градот Џибин. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Добро испланираните економските политики на Владата дават резултати, храната поевтини, инфлацијата се намалиЕкономските политики на Владата даваат резултати, пазарот се стабилизира, цените се намалуваат, храната поевтини.Владините мерки за намалување на цените на нафтените деривати, вродија со плод, така што Македонија во континуитет беше држава со најниски цени на енергенсите, кои доведоа и до намалување на цените на прехранбените производи. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни месец изнесува 3,4%, додека споредено со мај месец годинава бележи намалување од 0,5 проценти, додека индексот на цените на мало, исто така, во однос на мај бележи намалување за 0,8%. Тоа е што е посебен успех е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува 2,5%, додека кај облека и обувки е 2,1%. Практично, тоа што ја зголемува годишната инфлација во јуни се алкохолните пијалаци и тутунот со 9,3%, и транспортот со 6,2 проценти. Ова значи дека храната поевтини и дека основните производи за живот, граѓаните ги обезбедуваат со помалку пари. Колку за споредба со земјите од регионот, инфлацијата во Грција изнесува 3,9 проценти, во Бугарија 5,6, во Хрватска 4,5, Словенија 3,6, додека пак во Турција инфлацијата изнесува неверојатно високи 32,11%. Што се однесува на инфлацијата во другите земји од регионот, тие сè уште ги немаат објавено податоците за јуни месец. Последен податок им е за месец мај, кога инфлацијата во соседно Косово изнесувала 6,8%, во Босна и Херцеговина 5,6%, Црна Гора била подобра со инфлација од 3,6 проценти и Албанија со 3%. Од друга страна, ако ги споредиме јуни 2026 и јуни 2022 година, сега кога владата ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и периодот кога на власт била СДС, тогаш бројките се следни: јуни 2026 инфлацијата во Македонија е 3,4%, додека во јуни 2022 била високи двоцифрени 14,5 проценти. Ова е резултатот кога ќе споредат двете енергетски кризи, првата со нападот на Русија на Украина и втората со нападот на САД на Иран. Соодносот на инфлацијата сега со таа тогаш во 2022 година е 1:4,26. Овие не се само статистички податоци и бројки, туку одраз на реалната слика, која влада како се справила со енергетската, со растот на цените, со инфлацијата. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Се потврди дека на Мицкоски не му е ниту до реформи, ниту до Изборен Законик - целта беше изборен грабежИстата ВМРО што тврдеше дека веќе обезбедиле договор со Левица и ДУИ, сега сака да го префрли проблемот кај СДСМ. Нели седнаа заедно со Левица и со ДУИ, нели се договорија? Постојано само лаги и спинови. Ја укина техничката Влада на сила и без консензус. Откако не му пројде моделот за електронско гласање на дијаспората, се обиде да протне нов за гласање по пошта - и повторно без никаква контрола и без да се гарантира волјата на граѓаните. Проблемот е кај власта, кај Мицкоски кој сака да манипулира со 200 илјади гласови. Реформската агенда ја користи само како изговор и алиби за сопствената неспособност да ги реализира обврските од евроинтеграцискиот процес. СДСМ има принципиелен став, нема да дозволиме изборен грабеж, ќе го заштитиме гласот на секој граѓанин од злоупотреби и манипулации. Скопје, 08.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter