3Јорданов: Нова спортска сала “Џексон”, катна гаража и богата културна понуда, Штип продолжува со забрзан развој
БалканМарта Кос во посета на БелградЕврокомесарката за проширување, Марта Кос, денеска доаѓа во Белград, каде што вечерва прво ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.Марта Кос треба да се сретне со претставниците на парламентарната опозиција, а потоа и со претставниците на владата. Таа неодамна изјави дека „внимателно ја следи ситуацијата во Србија, вклучително и блокадата на Радио и телевизија на Србија“ и ги повика сите да се воздржат од продлабочување на тензиите, и изрази загриженост дека е поднесена кривична пријава против ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ. Тагови: Белград Марта Кос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург 10:21Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаРистески: Нема веќе чекање по шалтери за ЈСП, за студентите се воведува дигитална картичка Барањето на студентите за поедноставно користење на бесплатниот јавен превоз добива конкретно решение. Со заложба на градоначалникот на Град Скопје и раководството на ЈСП, во завршна фаза се подготовките за воведување дигитална студентска превозна картичка. Со нејзината примена, постапката што досега подразбираше одење на факултет по потврда, чекање пред шалтерите на ЈСП и носење хартиени документи, ќе се одвива дигитално. Ова е промена што студентите ја побараа и која заслужува да биде реализирана. Градското раководство ги слушна нивните потреби и пристапи кон решавање на една административна обврска што со години им одземаше време и енергија. Секој студент што чекал ред за потврда, па потоа уште еден ред за заверка на картичката, добро знае колку е потребна оваа промена. Особено на почетокот на академската година, кога треба да се организираат предавањата, вежбите и другите факултетски обврски. Време е институциите да го преземат својот дел од работата и меѓусебно да ги разменуваат податоците што веќе ги поседуваат. Токму тоа го овозможува ова решение, кое се подготвува преку соработка меѓу ЈСП и ФИНКИ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Мајка Тереза“. Студентскиот статус ќе се потврдува преку автоматска синхронизација на податоците меѓу ЈСП и универзитетите. Со тоа се отстранува потребата студентите да доставуваат хартиени потврди и лично да одат на шалтер за заверка. Дигиталната картичка ќе биде достапна преку апликацијата SkopjeBus. Студентите ќе добијат упатства на својата електронска адреса, ќе се најават со истата адреса што ја користат на универзитетот и ќе можат да ја активираат картичката. При патувањето ќе го користат QR-кодот од својот телефон за валидација во автобус. Тоа е директна и практична придобивка: студентската превозна картичка ќе биде во мобилниот телефон, а заверката на статусот ќе се одвива без обиколување шалтери. Потребите на младите мора да бидат високо на агендата на локалната власт. Условите во кои студираат, пристапот до услуги и времето што го трошат за административни обврски се прашања што заслужуваат внимание и конкретни решенија. Поддршката за младите се покажува и преку способноста да се реши проблем што тие го посочиле. Да се поедностави постапка. Да се отстрани непотребна обврска. Да се овозможи услугата да се добие побрзо и полесно. Затоа ја поздравуваме заложбата на градоначалникот и на ЈСП, како и вклученоста на универзитетите во оваа подготовка на ова решение. Очекуваме претстојната имплементација да го донесе токму она што студентите го бараат: едноставен и функционален начин за користење на правото на бесплатен превоз. За почетокот на примената и за начинот на активирање на дигиталната картичка, студентите ќе бидат навремено известени. Ние, како УМС, ќе продолжиме да ги отвораме темите што се важни за младите во Скопје и да се залагаме нивните иницијативи да стануваат реалност. Ќе го следиме спроведувањето на оваа промена и ќе ги пренесуваме предлозите и забелешките на студентите. ВМРО-ДПМНЕ работела и ќе продолжи да работи во интерес на младите. Нашата обврска е таа определба да ја претвораме во конкретни постапки и резултати. Помалку време пред шалтери значи повеќе време за предавања, испити и личен напредок. Токму тоа треба да им го овозможиме на студентите, рече Љупчо Ристески претседател на Градски комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсени се 21 возач- 11 немале возачка, 10 возеле пијани Лишени од слобода 21 возачи за „безобѕирно управување возило“ и со еден е извршен службен разговор, 11 возеле без положен возачки испит, а 10 под дејство на алкохол Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 21 возачи и со еден е извршен службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: Н.М.(41) од с.Сарај, скопско, А.Р.(25) од с.Батинци, скопско, Х.Ш.(35) од с.Неготино, гостиварско, 16-годишник од с.Видуше, Општина Маврово и Ростуше, А.С.(31) од с.Ковач, Оштина Македонски Брод, А.Д.(32) од с.Корошишта, струшко, Ќ.С.(62) од Градско, Е.Ј.(27), Е.Д.(43) и Н.Ј.(22), сите од Скопје, од кои Н.Ј. возел и со брзина поголема од дозволената. Исто така, полициски службеници од ОВР Пробиштип, во присуство на родител, извршиле службен разговор со 16-годишник од с.Приковци, кратовско, затоа што управувал мопед без возачка дозвола. Под дејство на алкохол возеле 10 лица и тоа: Д.Д.(39) од кумановско, С.К.(40) од с.Ињево, радовишко, Г.И.(31) од с.Дулица, Општина Македонска Каменица, О.В.(27) од Македонска Каменица, М.У. (44) од Кичево, Д.М.(24) од с.Брвеница, тетовско, З.С.(54) од Скопје, Н.З.(64) од Битола, А.Н.(46) од Прилеп и С.Ј.(66) од с.Селце, прилепско. Додека пак, лицето В.Д.(37) од Македонски Брод управувал патничко возило со активна забрана за управување возило од Б категорија. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈорданов: Нова спортска сала “Џексон”, катна гаража и богата културна понуда, Штип продолжува со забрзан развојДозволете ми на почетокот да истакнам дека 2026 година, е година на продолжена работа, конкретни резултати и видливи промени за Штип.Година во која продолживме да инвестираме во подобра инфраструктура, подобри услови за живот и поголема поддршка за децата, младите и сите граѓани. Во текот на оваа година обезбедивме финансиска поддршка за семејствата на децата со попреченост од прво до деветто одделение, вклучени во редовната настава во сите општински основни училишта, преку Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2026 година. Продолжува и континуираната поддршка за младите преку доделување стипендии на ученици и спортисти од основните и средните училишта. Деновиве започнува и распределбата на бесплатни униформи во сите основни училишта за ученици до петто одделение. Штип продолжи да се развива со нови инвестиции во патната инфраструктура и реконструкција на улици „Питу Гули“, „Џемал Бједиќ“ и улицата „Кежовица“,. По пет децении, целосно е реконструирана и повторно ставена во функција улицата „Борис Кидрич“. Во месноста Бело Брдо и населба Леваци во моментив се реализира целосна реконструкција на патната инфраструктура, стара повеќе од 60 години. Започнаа и градежните активности за нова сообраќајница која ги поврзува улиците „Тодор Коларов“ и „Мирче Ацев“, со што се подобрува пристапноста до СОУ „Јане Сандански“ и новата Клиничка болница, а воедно и ќе се намали сообраќајниот метеж. Во делот на паркирањето, изградена е нова катна гаража на три нивоа со капацитет од 50 возила, веднаш до зградата Промаја. Дополнително, обезбедени се нови паркинг-позиции во населбата Пребег, а нови паркинг површини се изградија и во дворот на спортската сала „Јордан Мијалков“ и кај „7-те кули“, во близина на Економскиот факултет. Паралелно, продолжуваме со капиталните проекти, изградба на Обиколница, нови резервоари за вода, како и изградба и реконструкција на мостовите на реката Брегалница. Работиме и на создавање нов зелен појас, мега-парк на површина од околу 70.000 квадратни метри покрај река Брегалница. Во делот на сообраќајот, Штип е првата општина во Република Македонија која воведе софистициран и автоматизиран софтвер за евиденција и наплата во дејноста јавни паркинзи. Поддршката за спортските клубови е поголема од било кога досега, а во употреба е пуштена и новата спортска сала „Џексон“, со капацитет од 1.300 посетители вистински спортски храм во градот. Штип е град на културата, втора година по ред успешно беше организиран ,,Д Фестивал“ во Штип, со што градот повторно беше еден од главните центри на културните и музичките случувања во Македонија. Продолжуваме со финансирање и организрање на Макфест, Astibo Jazz Festival, Пастрамајлијада, Shtip street festival, Piano golden talents и многу други настани кои го промовираат Штип, привлекуваат посетители и носат дополнителна економска активност за локалниот бизнис. Сето ова е дел од една пошироката определба Штип да продолжи да се развива и да создава подобри услови за живот и повеќе можности за своите граѓани. Во периодот што следува продолжуваме со истата посветеност, со нови проекти и активности, но и со јасна одговорност кон она што го ветивме и што го работиме за нашиот град. Верувам дека со континуирана работа и заеднички ангажман можеме да направиме Штип да биде уште подобро место за живеење и град со сигурна перспектива за идните генерации, рече Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook