СДСМ: Скандал: Мицкоски го унапреди условно осудениот бизнис партнер Димовски во ресор „добро владеење"
2СДСМ: Скандал: Мицкоски го унапреди условно осудениот бизнис партнер Димовски во ресор „добро владеење"
ФудбалМароко и Аргентина финалисти на Светското младинско фудбалско првенствоРепрезентациите на Мароко и на Аргентина ќе играат во финалето на Светското првенство за фудбалери до 20 години кое се одржува во Чиле.Во полуфиналето, Мароко ја победи Франција на пенали 4:3, додека Аргентина ноќеска ја совлада Колумбија со 1:0. Финалето е закажано за ноќта недела кон понеделник во Сантијаго де Чиле во 1 часот по македонско време. Аргентина досега има седум финалиња на Светското младинско првенство. Трофејот го има освоено шест пати (1979, 1995, 1997, 2001, 2005, 2007). Мароко за прв пат стигна до финалето. Франција ќе игра против Колумбија во натпреварот за третото место на 19 октомври во 21 часот. /МИАТагови: Аргентина Мароко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПолицијата запленета голема количина дрогаВо голема полициска акција во Скопје, полицијата открила поголема количина наркотични средства, а две лица се приведени.Според информациите од МВР, по претходно обезбедена судска наредба бил извршен претрес во стан што го користеле две лица, кои претходно биле лишени од слобода. При претресот биле пронајдени и одземени околу 11,5 килограми марихуана, 400 грама кокаин, како и амфетамин, екстази, лсд, хашиш масло и халуциногени печурки. Од МВР информираат дека приведените се задржани во полициска станица, а до надлежното основно јавно обвинителство е поднесена кривична пријава по итна постапка.Тагови: дрога мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУниверзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57
МакедонијаСДСМ: Скандал: Мицкоски го унапреди условно осудениот бизнис партнер Димовски во ресор „добро владеење"Денеска објавуваме уште еден скандал.Реконструкцијата на Владата на Мицкоски е само театар, во суштина ништо не се менува во тендер-коалицијата. Новите имиња се само нова амбалажа за истото корумпирано владеење, кое продолжува да произведува нови скандали, нови криминални тендери и нови разочарувања за граѓаните. Газдата останува ист, Христијан Мицкоски. Антикорупцискиот тим постојано се бори и го разобличува криминалното владеење. Денеска ќе покажеме што значи за Мицкоски „доброто владеење“. Погодувате веднаш, бизнис, тендери, злоупотреби. За ресоротот „добро владеење“ Мицкоски го планирал Димитар Димовски. А кој е Димитар Димовски? Долгогодишен бизнис-партнер на Мицкоски во хидроцентралите. Прво Мицкоски го постави до себе во Владата како секретар за јавни политики, сега го унпаредува. Неговата сопруга, Ефимија Димовска, Мицкоски ја постави во Развојната банка, институција што одлучува за кредитни линии, финансирање и енергетски проекти иако има фирма која е поврзана со енергетика. Но, освен бизнис партнер на Мицкоски и дел од бизнис мрежата, Димитар Димовски е и условно осуден во случајот „Топлик“ за продажбата на државно земјиште во „Сончев град“ во Сопиште. Бил и меѓу обвинетите и за случајот „Шпански скали“, поврзан со „Скопје 2014“. Како може лице условно осудено за злоупотреби, бизнис партнер на Мицкоски да биде задолжено за добро владеење, борба против корупцијата, судир на интереси? Со криминална организирана група на власт можно е. Во ниту една нормална демократска и европска земја ова не е можно. Ова е врв на политичкиот цинизам и потврда на се што досега говориме: Цела влада е ставена во функција на бизнис интересите на Мицкоски и на ВМРО-ОКГ. Владата е претворена во приватна фирма, партиски ДООЕЛ во која најважни се бизнис партнерите, кумовите и блиските луѓе на Мицкоски. Ништо друго. Приватен круг за бизнис зделки и криминални тендери. Димовски треба да биде разрешен од позицијата во Кабинетот на Мицкоски а не да биде унапреден. Кога човек условно осуден за злоупотреби и бизнис партнер на Мицкоски се бира за „доброто владеење“, тогаш станува јасно дека под оваа власт корупцијата наградува. Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски - член на Извршниот одбор Скопје, 04.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеУниверзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска трескаНа Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска.Двајцата пациенти се хоспитализирани, под континуиран медицински надзор и се лекуваат согласно современите медицински препораки. Нивната здравствена состојба внимателно се следи. Западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува преку убод од инфициран комарец. Најголем дел од инфицираните лица немаат симптоми или имаат лесна клиничка слика, додека кај мал број пациенти, особено кај повозрасни лица и лица со ослабен имунитет, може да се развијат потешки невролошки компликации. Апелираме до граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита од убоди од комарци: користење репеленти, носење облека со долги ракави и ногавици при престој на отворено, поставување заштитни мрежи на прозорците и отстранување на застојаната вода во околината, каде што комарците се размножуваат. Во моментов нема причина за паника, но постои потреба од зголемена претпазливост, особено во летниот период кога активноста на комарците е најголема. Граѓаните кои по убод од комарец ќе развијат висока температура, силна главоболка, вкочанетост на вратот, нарушена свест или други невролошки симптоми треба веднаш да побараат медицинска помош. Клиниката останува во постојана координација со надлежните здравствени институции и внимателно ја следи епидемиолошката состојба. Според последните достапни европски извештаи, оваа сезона веќе се регистрирани случаи на Западнонилска треска во регионот, што ја нагласува важноста од навремена дијагностика, надзор и превентивни мерки.Тагови: треска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook